Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Под „црква„ не се подразбира само црковниот храм-објект, туку пред се‘, поимот „црква„ („еклесиа„ на грчки)„ означува заедница од личности, кои исповедаат ист Бог и ста вера на ист начин.

Е така де, дали таа заедница може да се собере на пример на паркингот на Средно Водно?
Или у Ајриш Паб:D

Што мора да е тоа црква која има главатар, икони итн...

Идеш на паркингот, си разменуеш духовни искуства и сите среќни, а го нема ни дебелиот брадест поп ни проблемот на која икона да остаиш пари , за да сите бидат еднакво задоволени.
 
Значи ако ја следам само Библијата и сите закони во неа,не ми е загарантирано местото во Рајот,туку треба да го почитувам и тоа што го налага Црквата-институција оформена од човекот?И ако не е рецептура за праведен,тогаш е рецептура за неправеден живот?
Не секоја црква, треба да ја одберш вистинската, ато шо другите се лажни и те водат во понорите на пеколта!
 
Не, не е загарантирано. Никој нормален не може да Ти гарантира влез во Рајот.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:57 ---

Кој вели дека Црквата е оформена од човекот?
Мики,се прашувам тогаш зошто Библијата е испратена до нас луѓето ако преку неа не можеме да научиме како треба да го живееме животот,во согласност со Божјите закони.Зарем почитувањето на тие закони не го обезбедува местото во Рајот,тогаш што ќе го обезбеди?Која би била поентата на читањето и почитувањето на светата книга и живот во склад со нејзините закони ако не е да го спаси човекот и да му обезбеди вечен живот?Зарем таа ни е доставена онака од занимација да ја читаме во слободно време кога немаме што да правиме?Тогаш што друго освен живеењето во согласност со пишаното во Библијата,ќе не спаси од вечните страдања во Пеколот.Еве ти си верник,сите тие работи ги почитуваш ама на Судниот ден ти вели Бог дека тебе местото ти е кај Лукавиот,ете зашто тој така сакал.Оваа теза не ти држи вода.
Јас колку што ја познавам Библијата и колку што ја имам читано,ќе бидам искрен-не цела,не сретнав никаде да пишува дека човекот треба да основа организација која ќе се вика Црква,ќе треба да оди во неа и да пали свеќи,да остава зејтин,да остава пари на икони и слично.Дури и не пишува дека човек мора да се моли во Црква.Уште помалку пак се остава простор за тие работи што не се објаснети во Библијата,како што ти велиш,да бидат дообјаснувани од религиозна организција-Црква.Вистински верник треба да се раководи само и само според тоа што го пишува во Библијата,не може човечки фактор да ти одредува што ќе правиш и како ќе правиш кога станува збор за толку сериозна работа како верата во Бог.
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:16 ---
Не, не е загарантирано. Никој нормален не може да Ти гарантира влез во Рајот.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:57 ---

Кој вели дека Црквата е оформена од човекот?
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:59 ---

Светото Писмо е само насока а не норматив. Писмото не дава конечни одговори, оти одговорите ги има во Црквата.
Јас да бев верник,поточно Христијанин,после оваа реченица ќе бев убеден дека Црквата е креација на Сатаната,за да го залаже човекот и да го отргне од вистинскиот пат(ако оваа реченица е официјален став на Црквата).
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:22 ---
Под „црква„ не се подразбира само црковниот храм-објект, туку пред се‘, поимот „црква„ („еклесиа„ на грчки)„ означува заедница од личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера на ист начин.
Значи, луѓето се црква, т,е заедница, а не само црковниот храм, кој по навика го именуваме „црква„.
1(Отец)+1(Син)+1(Свет Дух)=1(Бог)
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:57 ---

--- надополнето: 15 март 2012 во 14:59 ---

Светото Писмо е само насока а не норматив. Писмото не дава конечни одговори, оти одговорите ги има во Црквата.
Значи одговорите конечни за мојот пат до Рајот ги има група на луѓе,т.е.заедница на луѓе,а не Бог и Божјиот збор?
 
Е така де, дали таа заедница може да се собере на пример на паркингот на Средно Водно?
.

Таа Црква се собира во црковните храмови, на служби и молитви.
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:33 ---
Или у Ајриш Паб:D
.

Ќути, не кажуј, ќе не‘ фанат...:giggle:
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:34 ---
Значи одговорите конечни за мојот пат до Рајот ги има група на луѓе,т.е.заедница на луѓе,а не Бог и Божјиот збор?

Одговорите ги има Црквата, добиени од Бога лично.
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:37 ---
Мики,се прашувам тогаш зошто Библијата е испратена до нас луѓето ако преку неа не можеме да научиме како треба да го живееме животот,во согласност со Божјите закони.

Библијата не е „испратена„ од некого до некого, туку е составена и канонизирана во рамките од Црквата. Библијата не е света книга, падната од Небесата на Земјава, во стилот: „Еве Ви прирачник, па сега Вие читајте и спасувајте се!„.
 
Ова не ја исклучува можноста за додавање и одземање делови или толкувавање според потреби...еве на пример кралевите со сина крв...што се бе тие повеќе од мене или тебе или пак некој си јужно кореец???
 
Библијата не е „испратена„ од некого до некого, туку е составена и канонизирана во рамките од Црквата. Библијата не е света книга, падната од Небесата на Земјава, во стилот: „Еве Ви прирачник, па сега Вие читајте и спасувајте се!„.

Реков јас... ако Микикецот не ги пишмани верниците во својата вера тогаш не знам кој.....:D
 
Да си ќутиш Мики... појќе верници ќе има христијанството...
 
Демоните работат по Божјо допуштање а не наложување, а работат и против Бог и против луѓето.
Hence, Јахве не е беневолентен... eрес, Мики, ерес!
 
1. Таа Црква се собира во црковните храмови, на служби и молитви.

2. Одговорите ги има Црквата, добиени од Бога лично.

3. Библијата не е „испратена„ од некого до некого, туку е составена и канонизирана во рамките од Црквата. Библијата не е света книга, падната од Небесата на Земјава, во стилот: „Еве Ви прирачник, па сега Вие читајте и спасувајте се!„.

1. Зошто мора да постои градбата од тули, блокови унутра со фрески и икони за да еден верник се моли таму? Можеме да си ги споделиме искуствата и надвор на полјана, или не можеме? Башка немаш попои да те учат како треба или не треба. Едино верниците сами со својата вера, директно пред Исус одговараат. Нит посредник, нит нешто друго.

2. Како ги добила, на кој начин, во која форма?

3. Дали при составувањето во рамките на Црквата ја искасапиле вистинската содржина?
Сигурен сум дека Бог ги дал одговорите во форма разбирлива за секого, а не само за главешините на црквите, па тие да дообјаснуваат на обичните смртници.
Ќе испадне дека Црквата напраила малверзација со содржината на Библијата, и го дотерала светов до ова дереџе?
 
Hence, Јахве не е беневолентен... eрес, Мики, ерес!

Е па DBack, е па-котелот! :D
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:38 ---
1. Зошто мора да постои градбата од тули, блокови унутра со фрески и икони за да еден верник се моли таму? Можеме да си ги споделиме искуствата и надвор на полјана, или не можеме? Башка немаш попои да те учат како треба или не треба. Едино верниците сами со својата вера, директно пред Исус одговараат. Нит посредник, нит нешто друго.

Градби имаа и јудеите во Стариот Завет, а се‘уште и ги имаат-тоа се синагогите. Градби-храмови имаат практично сите религии, а зашто не и онаа на која и‘ припаѓам?
Види во Матеј, 12.4 и во Матеј, 21.13.

Христос лично ги постави Апостолите, а преку нив и свештениците, да бидат свештенослужители и учители во Црквата.

Личното обраќање до Бога, без посредници, а не преку Црквата, најблаго речено, е опасна работа по менталното здравје од верните. Во православната Црква, се спасуваме преку Црквата а не секој сам за себе.

Можеме да се собереме и на полјана, не е проблем, и пак ќе бидеме Црква, и без црковниот храм.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:39 ---
2. Како ги добила, на кој начин, во која форма?

Ги добила преку Светите Оци и знаењата кои тие ги добиваат лично до Христа, преку Духот Свет.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:42 ---
3. Дали при составувањето во рамките на Црквата ја искасапиле вистинската содржина?
Сигурен сум дека Бог ги дал одговорите во форма разбирлива за секого, а не само за главешините на црквите, па тие да дообјаснуваат на обичните смртници.
Ќе испадне дека Црквата напраила малверзација со содржината на Библијата, и го дотерала светов до ова дереџе?

Содржината од Писмото е одредена од Светите Оци, а во Црквата.
Знаењето кое го има Црквата не е разбирливо за секого, а станува разбирливо согласно личниот духовен раст. Она кое е битно за спасение, можат да го разберат сите. А и да не разбираат, доволно е да веруваат и да делуваат согласно верата.

Црквата не го доведе Светов до ова дереџе: Светов сам себе се доведе до ова дереџе, одбивајќи да делува по волјата Божја, туку одбирајќи да делува по својот памет.
 
Е па DBack, е па-котелот! :D
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:38 ---

Градби имаа и јудеите во Стариот Завет, а се‘уште и ги имаат-тоа се синагогите. Градби-храмови имаат практично сите религии, а зашто не и онаа на која и‘ припаѓам?
Види во Матеј, 12.4 и во Матеј, 21.13.

Христос лично ги постави Апостолите, а преку нив и свештениците, да бидат свештенослужители и учители во Црквата.

Личното обраќање до Бога, без посредници, а не преку Црквата, најблаго речено, е опасна работа по менталното здравје од верните. Во православната Црква, се спасуваме преку Црквата а не секој сам за себе.

Можеме да се собереме и на полјана, не е проблем, и пак ќе бидеме Црква, и без црковниот храм.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:39 ---

Ги добила преку Светите Оци и знаењата кои тие ги добиваат лично до Христа, преку Духот Свет.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:42 ---

Содржината од Писмото е одредена од Светите Оци, а во Црквата.
Знаењето кое го има Црквата не е разбирливо за секого, а станува разбирливо согласно личниот духовен раст. Она кое е битно за спасение, можат да го разберат сите. А и да не разбираат, доволно е да веруваат и да делуваат согласно верата.

Црквата не го доведе Светов до ова дереџе: Светов сам себе се доведе до ова дереџе, одбивајќи да делува по волјата Божја, туку одбирајќи да делува по својот памет.

1. Значи доаѓаме до моментот дека е вишок Црковниот Храм како физичка градба. Следствено вишак се и еден куп попои кои го опслужуваат храмот.

2. Како ти (како единка) знаеш дека Светиот Отец навистина добил знаење лично од Христа, а не спротивно дека манипулира со тебе или делува во името на Рогатиот?

3. Зошто да е неразбирливо за сите. Нели сме сите чеда божји. Зашто некој да е поеднаков од другиот, кога сите се раѓаме еднакви. Тоа ли го велеше Исус?
 
1. Значи доаѓаме до моментот дека е вишок Црковниот Храм како физичка градба. Следствено вишак се и еден куп попои кои го опслужуваат храмот.

Поштуем лични ставои...Немам обавеза да се сагласам сос нив.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:53 ---
2. Како ти (како единка) знаеш дека Светиот Отец навистина добил знаење лично од Христа, а не спротивно дека манипулира со тебе или делува во името на Рогатиот?

Светите Оци се достојни ликови и ради тоа достоинство, битисуваат во благодатната енергија од Духот Свет и во таа боговдахновена состојба, го изведуваат учењето од Црквата.

Од Бога, можеме да чуеме само вистина, оти Он самиот Е вистина. Од рогатиот, можеме да слушнеме само, лага, оти рогатиот е таткото на лагата.

Дали „нешто„ е вистина или лага, можеме да одредиме дури и по здрав разум. За нас, кои сме во Црквата, референтно е конзистентното учење од Црквата, како вистинито.
--- надополнето: 16 март 2012 во 09:57 ---
3. Зошто да е неразбирливо за сите. Нели сме сите чеда божји. Зашто некој да е поеднаков од другиот, кога сите се раѓаме еднакви. Тоа ли го велеше Исус?

Да, тоа го вели Исус. Види во: Лука, 12.48, во Матеј, 25. 14-30. Има и други.
Така, разбирањето на веручението расне паралелно со личниот духовен раст.
 
Личното обраќање до Бога, без посредници, а не преку Црквата, најблаго речено, е опасна работа по менталното здравје од верните. Во православната Црква, се спасуваме преку Црквата а не секој сам за себе.
Oва ми се допаѓа. Луѓе му се молат директно на бога а бог „одговара“ преку земни посредници. :)
 
Точно.

Верните се молат до Бога, но само како членови во Црквата. Молитвите надвор од Црквата, се „пукање во празно„.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom