- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.879
- Поени од реакции
- 1.092
Македонија и Кувајт потпишаа договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите. Овој документ денеска го потпишаа министерот за финансии Зоран Ставрески и амбасадорот на Кувајт Абдула Ал Дуваик.
Договорот ќе значи можност за зголемување на инвестициите од Кувајт, а сектори каде може да се очекуваат вложувања се агро бизнисот, туризмот и недвижностите, рече министерот за финансии Ставрески. На средбата станало збор и за петгодишниот план на Кувајт вреден 135 милијарди долари, во кој може да бидат вклучени голем број македонски компании, најмногу од градежниот сектор. Министерот за финансии со амбасадорот разговарале и за евентуален извоз на вода затоа што тој производ бил дефицитарен во Кувајт.
„Овој план вреден 135 милијарди долари е шанса за домашните компании кои се добро познати на тој пазар, да добијат работа многу македонски работници и да учествуваат во изградбата на различни проекти. Преку амбасадата ќе добиеме подетални информации за типот на проектите и ќе ги информираме нашите стопански комори и компании од нашата земја коишто на времето бил присутни на тој пазар“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
„Македонија нуди многу можности и Кувајт ќе го поддржи развојот преку инвестиции во туризмот, банкарскиот сектор и други области. Всушност сите области во Македонија имаат добра позиција на пазарот и секако ќе ја поттикнеме Владата и приватниот сектор да инвестираат овде. Постои цврста врска за соработка од минатото меѓу двете земји“, изјави Абдула Ал Дуваик, амбасадор на Кувајт во Македонија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=88826
Е ова не смее да го дозволиме. Колку сака нека биде ќарот на државата од евентуално продавање на вода, мислам дека ќе биде ептен погрешен таквиот потег.