Во Кувајт ќе пијат македонска вода?

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Македонија и Кувајт потпишаа договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите. Овој документ денеска го потпишаа министерот за финансии Зоран Ставрески и амбасадорот на Кувајт Абдула Ал Дуваик.
Договорот ќе значи можност за зголемување на инвестициите од Кувајт, а сектори каде може да се очекуваат вложувања се агро бизнисот, туризмот и недвижностите, рече министерот за финансии Ставрески. На средбата станало збор и за петгодишниот план на Кувајт вреден 135 милијарди долари, во кој може да бидат вклучени голем број македонски компании, најмногу од градежниот сектор. Министерот за финансии со амбасадорот разговарале и за евентуален извоз на вода затоа што тој производ бил дефицитарен во Кувајт.

„Овој план вреден 135 милијарди долари е шанса за домашните компании кои се добро познати на тој пазар, да добијат работа многу македонски работници и да учествуваат во изградбата на различни проекти. Преку амбасадата ќе добиеме подетални информации за типот на проектите и ќе ги информираме нашите стопански комори и компании од нашата земја коишто на времето бил присутни на тој пазар“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

„Македонија нуди многу можности и Кувајт ќе го поддржи развојот преку инвестиции во туризмот, банкарскиот сектор и други области. Всушност сите области во Македонија имаат добра позиција на пазарот и секако ќе ја поттикнеме Владата и приватниот сектор да инвестираат овде. Постои цврста врска за соработка од минатото меѓу двете земји“, изјави Абдула Ал Дуваик, амбасадор на Кувајт во Македонија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=88826

Е ова не смее да го дозволиме. Колку сака нека биде ќарот на државата од евентуално продавање на вода, мислам дека ќе биде ептен погрешен таквиот потег.
 
М

Мартин`

Гостин
Ццц страшно и газот ќе си го продадат за пари.. бескичмењаци едни! :mad:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Од сите можни начини за приходи, го одбраа најидиотскиот, најретардираниот, најнаивниот.

ИДИОТИ!

А да преговаравте со Окта за помали цени на горивата?Или ЕВН да ги пазите во монополизмот?Сите такви фирми ги шитнаа за една рака пари.Сега уште ова???Напрајте услуга на луѓево убијте се!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ајде бе нека направат замена, ние ќе им извезуваме вода а тие на нас нафта и други енергенси па ќе имаме поевтин бензин/струја. Само толку се „интелигентни“ нашиве што нацртана кокошка да им понудат овие ќе ја прифатат.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Со пренаселеност на земјата за некоја година војните ќе се водат поради недостиг на ресурси, а еден од главните ќе биде водата. Таков ресурс не се продава. Ако веќе го направиле тоа требало да ги условат, да фрлат некој тон нафта навака.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Не не чукнете ги малку главите....не брзајте со заклучоци.

Таа вода ќе оди во Кувајт...т.е Кувајт на некој начин неопходното ќе го зима од нас.

А знаете ли вие што значат самите по себе Кувајт,и кое е значењето на таква еконосмка сила да им го доставуваш најнеопходното и најдрагоценото.


Тоа во превод би значело,дека нема да дозволи некој да им го прекине патот на водата...а со тоа ќе значи и нивна благонаклонетост кон нас во надворешната политика.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Македонија и Кувајт потпишаа договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите. Овој документ денеска го потпишаа министерот за финансии Зоран Ставрески и амбасадорот на Кувајт Абдула Ал Дуваик.
Договорот ќе значи можност за зголемување на инвестициите од Кувајт, а сектори каде може да се очекуваат вложувања се агро бизнисот, туризмот и недвижностите, рече министерот за финансии Ставрески. На средбата станало збор и за петгодишниот план на Кувајт вреден 135 милијарди долари, во кој може да бидат вклучени голем број македонски компании, најмногу од градежниот сектор. Министерот за финансии со амбасадорот разговарале и за евентуален извоз на вода затоа што тој производ бил дефицитарен во Кувајт.

„Овој план вреден 135 милијарди долари е шанса за домашните компании кои се добро познати на тој пазар, да добијат работа многу македонски работници и да учествуваат во изградбата на различни проекти. Преку амбасадата ќе добиеме подетални информации за типот на проектите и ќе ги информираме нашите стопански комори и компании од нашата земја коишто на времето бил присутни на тој пазар“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
:eek:


--- надополнето: 20 март 2012 во 17:35 ---
Не не чукнете ги малку главите....не брзајте со заклучоци.

Таа вода ќе оди во Кувајт...т.е Кувајт на некој начин неопходното ќе го зима од нас.

А знаете ли вие што значат самите по себе Кувајт,и кое е значењето на таква еконосмка сила да им го доставуваш најнеопходното и најдрагоценото.


Тоа во превод би значело,дека нема да дозволи некој да им го прекине патот на водата...а со тоа ќе значи и нивна благонаклонетост кон нас во надворешната политика.
Во РМ ќе пијат кувајтска нафта...
--- надополнето: 20 март 2012 во 17:43 ---
Од сите можни начини за приходи, го одбраа најидиотскиот, најретардираниот, најнаивниот.

ИДИОТИ!

А да преговаравте со Окта за помали цени на горивата?Или ЕВН да ги пазите во монополизмот?Сите такви фирми ги шитнаа за една рака пари.Сега уште ова???Напрајте услуга на луѓево убијте се!
Народот излезе на демократски и фер избори и си избра свои претставници кои ќе ги застапуваат поединечните интереси на секој гласач и граѓанин во РМ што значи дека народот гласаше за да се продаде сето она кое неговите претставници платени од самиот народ решиле во име на дотичниот народ да го продадат...и секако како резултат на работата на народните претставници и вољата на електоратот, да секое домаќинство добива сметки за струја од 100+ евра месечно и бензин од 88 денари за литар...:sneaky:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Министерот за финансии со амбасадорот разговарале и за евентуален извоз на вода затоа што тој производ бил дефицитарен во Кувајт.
Не само дефицитарен, туку мислам и дека Кувајќаните сакаат да го урнат на еден начин доминатното присуство на француската вода за пиење.Мислам дека сега во моментов Кувајќаните добиваат вода главно од Французите.
Како и да е, во врска со темата за ова не знам како да се произнесам.Сум „за“ но и сум „против“.Од една страна супер добивка и раст на економијата но од друга страна и го продаваме најнеопходното и она кое на планетава го нема и баш во изобилие.Мислам го има, ама колку е за пиење тоа не знам......ако се направила студија и врз основа на таа студија е докажано дека ние можеме да продаваме вода тогаш зошто да не.Мислам дека и има основа за овој проект.Кувајќаните не добиваат вода само од нас па да претставува ваквиот договор некаква опасност, а ние на тој пазар со водата нема да бидеме единствени.
А тоа што популацијата се зголемувала и со текот на времето ќе била потребна таа вода за пиење е ништо - веќе се спроведува решението за тој проблем на дело преку пуштање разноразни болести кои резултираат на крајот со лупење кожа, драпање честопати мадиња и корнење на мадињата од премногу драпање и насилна смрт итн. и со тоа се придонесува за намалување на светската популација.
Втората варијанта е колонизација на планети, ама бидејќи технолошки не сме до тоа ниво стигнати тогаш првата варијанта како решение за зголемувањето на населението изгледа како многу подобра и поекономична, без да се троши кувајтска нафта итн. за патување до некоја планета .
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
:eek:



Во РМ ќе пијат кувајтска нафта...
--- надополнето: 20 март 2012 во 17:43 ---
Друже знам дека имаш длабоки емотивни лузи од детството,кога не ти ја подавале топката.


Ама тоа не значи дека треба на секоја тема да си го истураш гневот.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Петгодишниот план на Кувајт е план во развој на Кувајт во повеќе сектори, области, ресурси. Еден од главните акценти е ставен на водата. Прибираат вода од повеќе држави затоа што се ограничени и немаат доволно количина. Не значи дека договорот од 175 милијарди е само за вода. Македонија пробува да биде дел од тој проект и да собере колку може средства. Но на погрешен начин го прави тоа.
Овде може да го прочитате планот.
http://kuwait-embassy.or.jp/pdf/kuwait-five-year-plan.pdf
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кувајтски договор - 135 милијарди долари
Пред некој ден, турска млекарница - 20.000 вработувања
:pos:
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Кувајтски договор - 135 милијарди долари
Пред некој ден, турска млекарница - 20.000 вработувања
:pos:
Бајка......ке дојдат принцови од Велика Британнија.,Кувајтски шеици ке се најадат напијат ни Н од инвестиции .
 
I

Iblis

Гостин
Не знам дали некој има претходно прочитано, ама мислам дека доста се ТРУБЕШЕ дека балканот ќе има значаен недостаток на вода до средината на овој век.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom