Ајде да речеме де не им се игра ЛЕ, што е некако најреално објаснување (да не ги мешаме кладилниците). Што ќе коментирате да ве видам во недела со Волфс исто така да се искилават, да примат наивно така 1-2 гола, па да трчаат ко коњи во второ за да стигнат негатива ама ќе дадат еден гол во 85-та и на тоа да остане. А бидете сигурни дека Волфс ќе бидат и тоа како мотивирани, им гори под нозете, лани не тепаја, нема што да загубат, ќе играат максимум. Како тогаш ќе ги оправдате?! Беа изморени од Билбао, против јак тим играја, Волфс има невероватни таленти?!?!? Што? Уште и Сити да си тепа со Челзи е дури тогаш би било весело. Пак ќе им гледаме на сељаците во грб па ќе се тешиме. Абе ајде има уште кола до крајот, ќе биди. Ако веќе планот е да не се форсира со Билбао, се знае тоа како се прави. Руни, Керик, Јанг, Евра, Гигс, Фердинанд некој на клупа, некој не требаше ни да дојде во Шпанија. Пушти го Погба стартер, дај му шанса да видиме што знае, се откажуваме од пласман понатаму ама еве да видиме детево дали го бива. Клај го Бербатов! Жал ми е за човекот, не се сеќавам кога последен пат бил стартер или пак изиграл цел натпревар. Пробај некој нов на лев бек, зошто малтретираш човек со 30 години кој ти е клучен на таа позиција да игра цела утакмица која однапред е “предадена“. Пушти го Велбек исто стартер, зошто Руни кој ни е пола тим игра 90 мин. ? Што, брка некаков рекорд? Гигс исто...Не можеше Валенсија да изигра едно полувреме, колку толку да се подготви за со Волфс?
Знам дека ќе ме нападнат многумина, дека САФ знае што е најдобро бла бла бла...ама за мене е незамисливо да вадиш сосема пристоен, јак стартен тим, да се бламираш на терен и да испаднеш. Играј со втор, трет, тим, пак испадни си ама никој еден збор немаше да рече Манчестер ваков, таков.
Ако пратите шпанско првенство...дали сте гледале некогаш Барса да игра вака незаинтересирано. Ете Реал им бега 10 бода. И шо треба се тие да се откажат и да не играат оти Реал им бегал 10 бода. Играат и со најјак тим и со младинци ама трчаат бе брат, се залагаат максимално, се борат децата за прв тим без разлика со било кој противник да играат. Нели мотото на тимот беше: BELIEVE, ИГРАМЕ ДО КРАЈ, НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ, НИЕ СМЕ ЈУНАЈТЕД....
15 години го следам Јунајтед ама онакво незалагање и бламирање никогаш не сум видел досега. И од Сити кога губеа 0-3 пак одеа трчаа напред, дадоа гол, се трудеа да ублажат, пак одеа сите во напад и им ја наполнија мрежата со уште три гола, ама никој не им замери пошто поштено си беа преебани од подобар противник.
И се освен победа во недела ќе биде големо разочарување за мене и дефинитивно знак дека не заслужуваме титула оваа година.