Нека биде една анализа.
И Загреб и Металург влегоа во дуелот со големи амбиции и реални желби за победа. Двете екипи првиот дел од фазата по групи го одиграа со маестрална цврста одбрана за која противниците скоро и да немаа чаре. Тоа го потврдија и денес а тие што подлго време пратат прват го покажаа и во Автокоманда во СЕХА кога одиграа 19-19.
Првите 10 минути, Лино направи очигледни грешки во ротацијата, најпрво со внесувањето на Козлина во напад за кого Хрватите лесно го истуркуваа надвор од зона на шут, со тоа што нему му треба голем простор и залет. Наумовски на почетокот се изгуби во просторот во напад, и за очекување беше да почне Димовски кој има поголемо искуство и познавање со овој тим односно подобро е уигран. Ротацијата на Лино уште полоша со влегувањето на Левов во напад?? Загреб релативно изгубен во напад со Валчич и Копљар и кога виде Обрван тоа што и го очекуваше дека ќе ги истуркуваат надвор од зона на шут направи ПРАВИЛНА замена со внесувањето на Балич и Шпилер се убрза бековска линија и се отвори простор за крила за кои Лино немаше решение. Обрван го надмудри Лино, со тоа што главниот фокус на лино беше Копљар кој служеше за асистенции. За Хорват и посебно Штрлек нема што да се зборува тоа се играчи од светска класа. Балич феноменален да развие темпо и по некоја асистенција, за еден на еден неговото време замина.
Во второ полувреме повторно лошо безидејна игра во напад. Но за среќа се случи тоа што сите очекувавме нормален пад на играта на Загреб темпо кое тешко се издржува во сите 60 минути, Металург нешто од тоа успеа да искористи, благодарение во главно на Маркович и Станич. Наум повторно по долга пауза многу опуштен за дуели и за шут, неколку клучни грешни на додавање за кои во ЛШ посебно во елиминации НЕМА место.
На крај ротацијата на Лино многу лоша, речиси 2 минути се на се играше една иста постава на паркетот, за разлика од мечот со ХСВ, во кој Металург беше далеку посупериорен во напад но и со далеку помала ротација. Одбранта солидна да се примат 18 гола од Загреб е одлично, меѓутоа сметам дека можеа да го надмудрат Загреб во нападот со покреативна игра.