- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.882
- Поени од реакции
- 1.094
Почнува Првата лига, ама без гостински навивачи
Претстојниов викенд ќе стартуваат возбудувањата во Првата фудалска лига на Македонија, но на натпреварите ќе има безмалку театарска атмосфера. Поради зачестените инциденти во јавниот транспорт, но и на други локации, ФФМ донесе привремена забрана за организирано гостување на навивачките групи во Првата фудбалска лига, што значи дека поддршка од фановите ќе добиваат само домашните екипи.
„Поради инцидентите, кои се случуваат во последно време во јавниот транспорт, но и на други локации , а во кои учествуваат голем број на млади лица, Комитетот за итност при ФФМ донесе одлука со која привремено се забранува организираното патување на гостински навивачи на натпреварите што нивните екипите во македонското фудбалско првенство ги играат на гостински терен. Забраната е со цел да се избегнат инциденти помеѓу навивачките групи на трибините, но и надвор од фудбалските стадиони, кои можат да предизвикаат дополнителен притисок врз вистинските љубители на фудбалот и граѓанството како последица на актуелните случувања“, се истакнува во соопштението на ФФМ објавено на официјалната интернет страница.
Од оваа забрана најмногу штета ќе има лидерот на табелата Вардар, со оглед дека навивачката група „Комити“ верно ги следи фудбалерите на сите натпревари во домашното првенство. Но, најверојатно ќе пропадне и навивачкиот дуел меѓу „Комити“ и „Војводи“ в недела, на стадионот „Борис Трајковски“. Да се потсетиме, тие важат за „братски навивачки групи“ и во овој случај илузорно е да се очекува инцидент. Тоа беше докажано и во есенскиот дел од сезоната, кога „Комити“ гостуваа во Тетово, на мелот меѓу Тетекс и Вардар.
Сепак, ФФМ вели - забрането гостување на навивачките групи во Првата лига! Привремено...
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6311
Уште ова ни требаше