Ancient Aliens

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.089
Не било баш така како што ти напиша, вознемјаните дошле на земјата за да ги исцрпуваат природните богатства т.е рудите и ги експлоатирале човеколиките мајмуни кои не биле доволно развиени и интелегентни па тогаш воземјаните го креирале во своја лабораторија модерниот човек кој до ден денес егзистира. Можеби и пиво пиеле, кој ги знае. Еволуцијата на твојот Дарвин паѓа во вода :)
Колку што може работа да заврши една машина, толку не може 1000 луѓе да завршат.
Цивилизација, доволно напредна да патува меѓу ѕвездите во никој случај не би ангажирала жива сила за работа. Побрзо би понеле роботи со нив отколку некои дивјаци.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
И ја тоа не го верувам ... да патуват толку многу пат со толку развиена технологија .. за да подигнат некое каменче и у поново време да сечат вимиња на крави ?! I dont buy that ...
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Очигледно е дека сите што оставиле циничен коментар не погледнале ниту една епизода од серијалот, туку тресат зелени на невидено.
И никогаш не чуле ниту за црвоточини, ниту знаат што точно кажал Дарвин (интересно е што него го цитираат или напаѓаат луѓето кои ја немаат прочитано неговата книга „За потеклото на видовите“ и не знаат дека пред две години Црквата му се извини на Дарвин за „сатанизирањето“ на неговото дело).

Дел од оние што го гледале, виделе, а не разбрале. Значи ниту тие што напаѓаат знаат што напаѓаат, ниту тие што бранат знаат што бранат.

Серијалот не ми се допаѓа затоа што првобитната идеја за планетата Нубиру и за генетскиот инженеринг на вонземјаните е колку што знам на Захарија Ситчин чиешто име се споменува само еднаш.
Еден од главните коментатори е Ерих вон Деникен, а оној што ги читал неговите и книгите ен Ситчин, знае дека Ситчин е неспоредливо подобар од Деникен.
Во серијалот има многу шпекулации, многу повторувања, многу неточни работи, многу нешта извадени од контекст, ама од друга страна, тоа е се модерни бајки, тоа е потрага по себе, обид да сфатиме кои сме, зошто сме, од каде сме.

И анвистина, ако сакате да коментирате, погледнете барем една епизода од почеток до крај.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Сигурно и овие при овие градби во видеото го користеле тој простиот камен - тркало за сечење што го постира некој претходно.
Инаку, на темата...не одрекувам дека можеби стварно имало присуство на вонземски суштества, но зошто не би било можно да постоела некоја човечка цивилизација која порано била на исто ако не и повисоко рамниште од тоа што сме ние денес. Според мене и девете теории заслужуваат подетално испитување
Ова се само дел од загатките..и факт е дека денес би било многу многу тешко да се обработи толку цврст камен вака прецизно.
Да не зборуваме за Тихуанако, а Балбек да не го спомнувам воопшто...денешната наука нема ама баш никаква идеја ни одблизу како е можна таква прецизна обработка, кревање и преместување на камења тешки и до 1200 тони.
Еве неколку видеа кои го разгледуваат градежниот аспект на некои антички градби:
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Добро ај ќе го скратам муабетов, гледам не сме на иста фрекфенција...
Сакаш да ми кажиш дека некоја ванземска интелегентна цивилизација што ја има моќта да патува низ мултиверзумов (а моќта сметај дека е целото атомско оружје на земјава собрано во зрно грашок), дошла на земјава, здраво шо прајте со древните Египѓани, Сумерци таму шо знам јас.. мавнале по едно пивце, засукале ракавите и му помогнале да кренат 10 тонски камења и му кажале како да напрает канализација ? :pos:
Хехаехахехеха дошле овде да напрает Пирамида??????? и некоја праисториска канализација? Или дрвен модел од аеродинамички крила? :tapp:
Те молам....

Побрзо би верувал дека најдени се човечки остатоци (заби) стари 400.000 години, иако радиометриката е се повеќе дискутабилна, знаејќи дека c14 методот за утврдување на старост - работи до максимум 50-60.000 години. Ако користат U-pb метод, тогаш има простор за многу грешки.
Јас пре би рекол дека тие творби,пирамиди и слично се само имитација на истите(видени од земјаните),или скратено тие напредните ке си дојдат на земјата, ке си земат тоа што им треба(вода,руди,гени што и да е) а на нас дивјаците не им обврнувале внимание,како што прават и ден денес...е сега за копирањето, тоа тоа ти е како во седумдесетите да ти пројде на улица црно порше-991,веднаш на прв поглед сакаш да го имаш/возиш,што значи точно знам како се чувствувале нашите древни предци кога им проаѓале напредниве ...:)
 
D

D_NazGUL

Гостин
Добро ај ќе го скратам муабетов, гледам не сме на иста фрекфенција...
Сакаш да ми кажиш дека некоја ванземска интелегентна цивилизација што ја има моќта да патува низ мултиверзумов (а моќта сметај дека е целото атомско оружје на земјава собрано во зрно грашок), дошла на земјава, здраво шо прајте со древните Египѓани, Сумерци таму шо знам јас.. мавнале по едно пивце, засукале ракавите и му помогнале да кренат 10 тонски камења и му кажале како да напрает канализација ? :pos:
Хехаехахехеха дошле овде да напрает Пирамида??????? и некоја праисториска канализација? Или дрвен модел од аеродинамички крила? :tapp:
Те молам....

Побрзо би верувал дека најдени се човечки остатоци (заби) стари 400.000 години, иако радиометриката е се повеќе дискутабилна, знаејќи дека c14 методот за утврдување на старост - работи до максимум 50-60.000 години. Ако користат U-pb метод, тогаш има простор за многу грешки.
Првенствено јас лично мислам дека пирамидите се направени од нас луѓето, но под нечија директива или ...
Поставеноста на пирамидите (ГПС локација), каналите кои се во неа и нивната поставеност кон точно одредени ѕвезди не е случајност. Сето ова ни кажува дека Египјаните биле страшно интелегентни луге - поинтелегентни од нас денеска дефинитивно. Немој да прашуваш зашто да не се избрукаш. (не мислам да објаснувам во детали бидејки сметам дека секој што го прати форумов е запознаен со деталите, а ако си овде колку да тролаш ондак жалам)
Во суштина целата работа е многу замрсена. Сите ние на часовите по историја учевме дека човечката цивилизација е 5000-6000 години стара.

Сумеријците се сметаа за најстара цивилизација (некаде 4000г. пне). Така кажуваше историјата .. точка.
Гобекли тепе! Што правиме сега? Одеднаш паѓа во вода целата верба!

Земјата е една равна плоча и ако стигнеш до крајот ќе паднеш.
Галиело Галилеј! Што правиме сега? Одеднаш паѓа во вода целата верба!

Атомот е насјитната честичка на свет!
Е после тоа успеаа и тоа да го отворат и куп срање искочи од внатре. Што правиме сега? Одеднаш паѓа во вода целата верба!

итн итн да не должам, зарем сите вие сте толку вообразени и мислите дека ние луѓето сме единствената цивилизација која постои во целиот универзум? Жалосно, навистина жалосно!
 
Долго време пред човекот да може да патува околу светот, била пресметана (приближно) големината на планетава. Луѓето во античките времиња (пред 3-4000 години) можеле да направат пресметки на траекторијата на Месечината и успешно да ги предвидат затемнувањата.
Поставување на објекти како што се средишните ѕвезди на Орион и не е толку тешка работа.

Дека Земјата била тркалезна постојат експерименти кои во антички времиња ги направиле некои научници, но црквата ја закочила цела наука неколку векови.
Атомот е најситна честичка од која се составени материјалите, но тоа е исто така античко филозофско размислување, без експерименти.

Ние засега според сите откритија досега сме единствена цивилизација во Универзумов и тоа ќе се смени кога ќе се пронајде доказ за постоење на друга цивилизација.
 
B

Black Guard

Гостин
Како тоа вонземјани значи дека пристигнале со летало,со апарати а еве нема ништо вонземско никаква техника освен бактеријата која ја открија скоро.

И на крај краеви зошто вонземјаните би си играле со камења и песок,имајќи предвид дека имаме ресурси логично е вонземјаните да имале опрема за експлоатација.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
- не терајте мн накај пирамиди, има тема
 
B

Black Guard

Гостин

To begin with, there is no diorite or granite at Pumapunku, despite a lot of paranormalists promoting this statement to make the carving seem more impressive than it really was.
Имајте го ова предвид што се однесува за прецизноста објаснението е дека се користени огледала кои фокусираат сончева енергија-ова ја објаснува прецизноста.

. Based upon the specific gravity of the red sandstone from which it was carved, this stone slab has been estimated to weigh 131 metric tons.[4] The other stonework and facing of the Pumapunku consists of a mixture of andesite and red sandstone. The core of the Pumapunku consists of clay. The fill underlying selected parts of the edge of the Pumapunku consists of river sand and cobbles instead of clay. Excavations at the Pumapunku have documented “three major building epochs, in addition to small repairs and remodeling
Пази ги поправале градбите-што значи не им биле совршени

денешната наука нема ама баш никаква идеја ни одблизу како е можна таква прецизна обработка, кревање и преместување на камења тешки и до 1200 тони.
Нема камења толку тешки,најтешкиот е 200 тони

И секако ги нема вонземјаните т.е живееле луѓе.

The area within the kilometer separating the Pumapunku and Kalasasaya complexes has been surveyed using ground-penetrating radar,magnetometry, induced electrical conductivity, and magnetic susceptibility. The geophysical data collected from these surveys and excavations have revealed in the area between the Pumapunku and Kalasasaya complexes the presence of numerous man-made structures. These structures include the wall foundations of buildings and compounds, water conduits, pool-like features, revetments, terraces, residential compounds, and widespread gravel pavements all of which now lie buried and hidden beneath the modern ground’s surface
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Имајте го ова предвид што се однесува за прецизноста објаснението е дека се користени огледала кои фокусираат сончева енергија-ова ја објаснува прецизноста.

Пази ги поправале градбите-што значи не им биле совршени

Нема камења толку тешки,најтешкиот е 200 тони

И секако ги нема вонземјаните т.е живееле луѓе.
1. Мора да се напомене дека за цивилизацијата која го градела puma puncu, (нема оставено никакви траги од писменост), официјалната наука тврди дека најверојатно немале писменост и не им била позната употребата на тркалото.
http://www.world-mysteries.com/mpl_PumaPunku.htm (еве сајт каде се истражуваат архитектонските карактеристики на местото, се поставуваат прашања за кои одговор треба да дадат инженери, а не археолози..одговорот што го даваат инженерите, не се вклопува во општоприфатената теорија).
http://voices.yahoo.com/mysteries-puma-punku-6458136.html?cat=58
2. Еве само неколку слики (останатото е приложено во линкот погоре)...како изгледаат некои од обработените камења.

Carved stone block at Puma Punku. This precision-made 6 mm wide
groove contains equidistant, drilled holes.

2. Користење на огледала за правење вакви резови бара хируршки прецизно наведување на истите и достигнување на доста висока температура, што за еден народ кој немал никаква писменост и не користел тркало, би било извонредно тешко. Различните видови на дупчења, различните длабочини, резовите, извонредно мазните површини, укажуваат употреба на технологија различна од споменатите огледала, технологија за обработка на камен со висока прецизност. Да ги додадам и Портата на Сонцето, која е изрезбана и изгравирана од еден единствен камен, и секако очигледната употреба на "готови шаблони" при градбата (двете слики погоре). Идентичноста на овие камења во форма на H, можеби значи дека имале калап и дека можеби ги лееле овие готови "производи". Во секој случај има многу да се истражува.
Мора да се напомене дека за поврзување на монолитите се користеле метални поврзувачи, слични со египетските и камбоџанските.
http://www.ancient-wisdom.co.uk/constructiontechniques.htm#Metal Block Ties
http://www.ancient-wisdom.co.uk/constructiontechniques.htm#Metal

3. Најтешкиот камен во Пума Пунку е 440 тони. Каменоломот од каде што ги влечкале камењата се наоѓа на оддалеченост од 17км. Надморската височина на мегалитското наоѓалиште е 4000м. Нема никакво објаснување како можеле тоа да го направат.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Апла се гледа дека у калапи се праени. Пума Пунку според мене е најголем доказ дека во далечното минато се дешавало нешто што денес ние не можеме да си го објасниме.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Апла се гледа дека у калапи се праени. Пума Пунку според мене е најголем доказ дека во далечното минато се дешавало нешто што денес ние не можеме да си го објасниме.
Пума пунку е навистина зачудувачко ..... ме интересираше староста на локацијава дали некој знае .... бтв еве едно интересно видео
 
D

Daedalus

Гостин
Имам гледано за слична работа во овој документарец
Инаку тој е од 1973 година и е правен според книгата на Ерик Фром Деникен - “ Кочиите на боговите „ . Во него се зборува за теоријата дека всушност боговите во религиите на старите цивилизации се вонземјани кои дошле на планетава и на луѓето им дале знаења во прв ред од областа на градежништвото (пронајдени се дури и галвански батерии и скици на авиони и разни летачки бродови), потоа математиката, медицината и други. Како награда за тоа луѓето им препишувале магични својсва и им се молеле. Интересна теорија во секој случај.
Daleku od teorija toa povekje bi go narekol licno tolkuvanje na odreden fenomen. Za da bide solidna teorija mora da ima mnogu povekje pokazateli vrz osnova na sto se bazira teorijata i istrazuvanja koi konkretno naogjaat vrska pomegju odredeni crtezi, skulpturi i fenomeni i "anticki vonzemjani" vrz osnova na koi se zaklucuva deka pozadi istite ne stojat samo coveckata fantazija i imaginacija. Mora da bide identifikuvana prirodata na vonzemjanite koi se dodeni, i mora da se pretpostavi deka istite razmisluvaat i kontempiraat vo forma na simboli i slicno kako lugeto. Mene licno, sliki i pojavi koi se logicni za lugeto, ne mi e logicno da se napraveni od drug vid dojden od druga planeta so druga gravitacija sto bi ovozmozila toj vid da evoluira sosema poinaku od vidovite na nashata planeta, so sosema drugi bazi kako osnova na nivniot gen, sosema drug nacin na razbiranje na rabotite, izgled i forma. Zosto nekoj bi mislel deka antickite vonzemjani kako i bogovi, licat na lugeto? Zatoa sto sekako lugeto proektiraat svoja slika vo natprirodnite pojavi sto e normalno. Isto taka ova se dolzi na naogjanje vrski pomegju raboti sto nemaat i naogjanje lica na vonzemjani kade sto nema. Ovie psiholoski fenomeni se vikaat pareidolia i apofenia. Mozete povekje za istite da najdete na net. I edno prasnje, dokolku istite vonzemjani bile tuka, zasto ne ostanale?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom