Грант сака плејоф за титулата
Менаџерот на Челзи, Аврам Грант, посака во Англија да се воведе плејоф, кој ќе го определи шампионот, доколку лидерите на табелата имаат ист број на поени.
Во моментов титулата се решава со гол разлика, а поради таа причина "сините" заостануваат зад Манчестер Јунајтед и покрај истиот број на поени. "Се разбира дека имам интерес кога го кажувам ова. Мене ми се допаѓа системот во Италија кои играат плејоф натпревар доколку имаат ист број на поени и Скудетото се решава на тој начин"- изјави Грант.
"Понекогаш тимовите одбележуваат повеќе голови против слабите екипи и поради тоа гол разликата им е подобра"- додаде тој.
"Треба да напоменам дека Јунајтед игра одличен фудбал оваа сезона, а Алекс Фергусон мисли дека ова е неговата најдобра сезона откако е таму"- заврши израелецот.
Во недела Челзи го среќава Болтон и треба да се надева на своја победа и пораз на "црвените ѓаволи" кои во исто време му гостуваат на Виган.
.!.