Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
А некој искуство со гејнери има?
 
дали дебелеат жолчките од јајцата и дали е добро да се јадат 2-3 на 1-2 саати пред легинанње

што би стајло повеќе сало вишок на јагленохидрати или масти? или?

поздрав
 
Веројатно те стегнал некој мускул од респираторна мускулатура кој што се наоѓа меѓу ребрата тогаш пецка, иако може и срцето да те стегне од многу напор. Тоа не значи дека е инфаркт или нешто слично но срцето може да е преоптеретено од голем напор и да нема доволно кислород на располагање. Најдобро оди да ти направат едно ЕКГ на лекар кое ќе ти го објасни докторот и ќе те советува дали можеш да се занимаваш со потешки активности како што е бодибилиднгот. Може ќе треба да се направат дополнителни испитувања како ЕХО на срце ќе ти каже лекарот.
[

Јас мислам дека е до тоа што не правев доволно одмор меѓу серии (брзав да ја фатам од почеток Јунајтед - Билбао :D ).
Ќе продолжам да вежбам понатаму, а во случај пак да ми се случи истото, ќе побарам помош од лекар. Но сепак играм фудбал од мал па до сега не ми пронашле некој таков проблем па неверувам да е нешто такво. :)
 
дали дебелеат жолчките од јајцата и дали е добро да се јадат 2-3 на 1-2 саати пред легинанње

што би стајло повеќе сало вишок на јагленохидрати или масти? или?

поздрав

2-3 е добро, небитно кое време.
Мастите од жолчките содржат холестерол кој помага во зголемување на пририодниот тестостерон во телото. Така е во принцип со сите здрави масти.

И јаглехидратите се оние што дебелеат, и оние кои бараат контрола при диета, не мастите, но сепак треба да се внимава обострано.
 
Јас мислам дека е до тоа што не правев доволно одмор меѓу серии (брзав да ја фатам од почеток Јунајтед - Билбао :D ).
Ќе продолжам да вежбам понатаму, а во случај пак да ми се случи истото, ќе побарам помош од лекар. Но сепак играм фудбал од мал па до сега не ми пронашле некој таков проблем па неверувам да е нешто такво. :)
Најверојатно ништо сериозно штом веќе се занимаваш со спорт подолго време сепак ако ти се јават пофторно оди на лекар затоа што знам за случај каде млад дечко на преглед на спортска медицина по направено ЕКГ му беше напоменато дека не смее да вежба поради можност од срцев удар, но не ги почитуваше советите на докторите и заврши фатално на само 18 години што е трагично да се случи во денешно време.
 
whey, глутамин, BCAA, креатин, декстроза....
Кога, колку како?
Глутаминот како што знам е за опоравок и слично, наслушнав од дечки во теретана као го згуснувал мускулот? o_O
 
whey - насабајле, по тренинг
глутамин - пред спиење 5гр (индуцира лачење на STH)
BCAA - непорсредно пред-за време на тренинг
креатин- насабајле , пред, по тренинг
декстроза- по тренинг

Јас мислам вака некако.
 
Кај да земам декстроза ? и за што е таа ? колку што сум читал,за да ти врати шеќерите во телото,после тренинг...:confused:
 
Има во продавниците за спортска исхрана. Јас зедов од Гладијатори 150 денери е кг. Се користи за надокнадување на изгубените шеќери по тренинг и за ословодување на хормонот инсулин за побрзо вградување на структурни елементи во мускулот.
 
Кажете некој видови на вежби со кој што се јачаат овие делови на телото... (на распологање имам вратило ,два тега од по 8кг ...и склекови и стомачни :D)

Е заборавив...дали треба да одмарам ? :D Вежбам веќе 3 недели ,а вежбам веќе 10 дена без престан ,вежбам вратило ,склекови и стомачни. Во денот правам по 250-300 склекови (различни видови ,стандардни правам 150некаде ,и од потешките 100тина) некогаш и плус на вратило 70-80 и околу 500-600 стомачни (исто така различни видови ,комбинирам не правам стандардни).
scaled.php
 
whey - насабајле, по тренинг
глутамин - пред спиење 5гр (индуцира лачење на STH)
BCAA - непорсредно пред-за време на тренинг
креатин- насабајле , пред, по тренинг
декстроза- по тренинг

Јас мислам вака некако.

Јас на пример вака ги кунзумирам суплиментите:

Кога пијам креатин, 30/40 минути пред тренинг 5 грама креатин + 5 грама глутамин, 15 минути пред да ми заврши тренингот една шака суво грозје, а после тренингот одма Веј + Креатин + Глутамин, и пред спиење повторно Веј.

Сега засега не би мењал ништо.
 
Кажете некој видови на вежби со кој што се јачаат овие делови на телото... (на распологање имам вратило ,два тега од по 8кг ...и склекови и стомачни :D)

Е заборавив...дали треба да одмарам ? :D Вежбам веќе 3 недели ,а вежбам веќе 10 дена без престан ,вежбам вратило ,склекови и стомачни. Во денот правам по 250-300 склекови (различни видови ,стандардни правам 150некаде ,и од потешките 100тина) некогаш и плус на вратило 70-80 и околу 500-600 стомачни (исто така различни видови ,комбинирам не правам стандардни).
scaled.php

За овие доле,стој на страна,на лактица,по 1 минута,1 минута другата,1 минута лактиците напред,онака,ко за слкек положба,само на лактици и на прсти нозете...

А за овие горе,ваљда споени раце и склекчиња,и на вратило исто споени раце...

За одморот,вежбај максимум 6 дена,7миот пауза,така расстат повеќе мускулите...и колку што знам,се прави пауза на секое 2-3 месеца..од по 1 недела.
 
Дали впрочем ви прават разлига тие 5 грама после тренингот ?
Мислам, јас го земам само пред тренинг и на тој начин до сега имав одлични резултати, ама некако ми нема логика после тренинг бидејќи се складира вака-така во мускулите за употреба при контракција каде што во форма на креатин фосфат оддава фосфатна група на ADP за да го врати во ATP, а после тренинг немам баш контракции и потреба да се складира креатин (после loading фазата) кога ионака за 12 часа ќе биде претворен во креатинин и исфрлен од телото .
Или грешам ?

Има во продавниците за спортска исхрана. Јас зедов од Гладијатори 150 денери е кг. Се користи за надокнадување на изгубените шеќери по тренинг и за ословодување на хормонот инсулин за побрзо вградување на структурни елементи во мускулот.

Колкави паковања има од декстрозата ?
 
Дали впрочем ви прават разлига тие 5 грама после тренингот ?
Мислам, јас го земам само пред тренинг и на тој начин до сега имав одлични резултати, ама некако ми нема логика после тренинг бидејќи се складира вака-така во мускулите за употреба при контракција каде што во форма на креатин фосфат оддава фосфатна група на ADP за да го врати во ATP, а после тренинг немам баш контракции и потреба да се складира креатин (после loading фазата) кога ионака за 12 часа ќе биде претворен во креатинин и исфрлен од телото .
Или грешам ?

Колкави паковања има од декстрозата ?

Ти пишува друже...Кило
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom