Тие организации не ги формира било кој туку масоните од нивните редови, затоа и тебе ќе ти повторам не ми ги превртувај работите. Како што и самиот виде,само јас спомнав преку 150 паралелни ложи во светот, а има уште многу што не се спомнати, со многу членови, и тие членови најголем дел се дојдени од организациите на Зидарски и неговиот колега.Значи се масони од глава до петици, без исклучок исти како овие тука што пишуваат на форумот.Зидарски и Сомотеитбе, ви благодарам на одговорите.
@Tubal, не ја разбирам твојата поента околу овие дискусии со Зидарски . И после толку читање на твоите постови не можам да разберам што сакаш да кажеш.
Регуларната масонерија си има свои правила , не може група граѓани да се собираат , да си купуваат регалии и да се нарекуваат масони,да бараат заедништво со една организација која како и секоја организација си има свои правила. Мислам дека тоа е јасно како ден, нели?
Поточно, може да се нарекува како што сака, ама тоа нема да го направи дел од некоја организација која си има свои правила кои членовите треба да ги почитуваат.
Мислиш ли дека ќе убедиш некој од регуларните масони да кажат дека секој што се нарекува или замислува масон, треба да биде признат од Регуларната Ложа?
И секако, бројот на членството нема никаква врска со квалитетот. Јас мислам дека за Македонија и 100 члена се многу, тргнувајќи од аспектот какви морални и духовни стандарди прокламираат Слободните Зидари.
Доколку нешто овде не е точно кажано од моја страна во врска со масонеријата, нека ме исправат Зидарски и Сомотеитбе
Дебатата започна уште на првите страни од оваа тема,демек нерегуларните се многу мал број или дека дури и не постојат, па потоа ги напаѓаа дека овие паралелни ложи наплаќале големи суми за членарини и цело време ги обвинуваа дека се лопови,манипулатори и дека единствено постојат за собирање на пари, но, на последниве страници испадна дека организациите на Зидарски и неговиот колега по разни основи наплаќаат 100 пати повеќе пари од било која друга слична организација во светот, значи нерегуларните не постојат од тие побуди за да собираат пари! Постојат затоа што се масони и го практикуваат да го наречеме „масонското учење“,а и како на друг начин ќе го практикуваат ваквото учење, некој очигледно претходно што ги знаел тајните во масонеријата добро ги подучил.
Ложите ги формираат затоа што не се согласуваат со двојните-тројните стандарди и гледишта во масонеријата каде што веќе биле членови.
Бројот на членството нема врска со квалитетот, ама има врска со доминација и право на делување, а и нормално е кога на некој ќе му се намали членството да почне да пелтечи со таа приказна дека квантитетот не е битен.
Каков е тој слободарски дух во масонеријата, кога дел од членството ќе се побуни и ќе се спротистави, вие или го бркате или го суспендирате, и на крај затоа што членството нема друг излез и си формира своја масонска ложа вие одма со дрва и камења, ги жигосувате и навредувате.
Барам масоните да мислат со своја глава, а не по правилата кои самата организација постојано ги прекршува.
Ајде на ова прашање, Во Шведската ложа не важат правилата како што важат во сите ложи, нели се наоѓа причина и се прави отстапка, вакви примери со отстапки и непочитување на правила има мал милион, но, зашто да не се направи отстапка и за сите споменати проблеми околу нерегуларната масонерија? За едни може, за други кој ги е**, така?