Што се однесува до нерегуларните, пак ќе речам, "неконтролиран пораст" (многу ми се допаѓа изразов - затоа што многу точно ја опишува состојбата со нерегуларните организации) има само на Балканот и никаде на друго место. Има само две нерегуларни организации со голем број на членови - едната е ЛДХ (ко-масонерија), кои имаат некаде околу 30,000 членови низ целиот свет и вкупно 45,000 ко-масони во светот (комбинирано меѓу ЛДХ и други такви организации), и 80,000 на Големиот Ориент на Франција. Останатите организации - вкупно собрани низ цел свет, имаат не повеќе од 20,000 членови (пред се во Италија - околу 8,000 и Франција уште 8-9,000). Значи зборуваме за вкупна бројка на нерегуларни масони од околу 140-150,000 членови (понекогаш е тешко да се утврди оваа бројка, затоа што многу често членови на една нерегуларна, преминуваат во друга, а првата продолжува да ги прикажува старите бројки - како на пример во Србија и Бугарија).
Да бидеме многу оптимистички настроени и да речеме дека има 150,000 нерегуларни масони во светот.
Во Британија има најмалку 10 различни Големи Ложи кои не се под твојата Масонска организација, а за другите земји ќе ги наредам во пократка форма:
во Турција има 3, во Швајцарија 4, во Шпанија 5, во Португалија 5, во Грција 6, во Италија 8, во Германија 10, во Франција 11, во Данска 7, во Бугарија 4, во Белгија 6, во Австрија 4, во Австралија 4, во Индија 3, во Америка 11, во Канада 4, во Србија 8, во Венецуела 4, во Чиле 3, во Бразил 5, во Аргентина 4, во Јужна Африка 4, во Конго 4, во Брег на Слоновата Коска 4, во Габон 3, во Русија 4, во Шведска 5, во Мексико 5.... ме мрзи понатака да пишувам.
Зидарски многу ми се гледаат, не се две три на Балканот, некако географија слабо.
Но,ги разбирам побудите постојано да ги негирате, од сите овие посебни ложи само Чедо Вукиќ истапил толку самоуверено во јавност и го има во секој можен сајт кој се занимава со масонерија,го има во дневни весници.Стравот е голем,можат се поголем број на нерегуларни ложи да го кренат гласот и да прават проблеми, од тоа дефинитивно се плашите, дури тогаш ќе бидете приморани да се менувате и да ја прифаќате реалноста.