Регуларната масонерија нема никаков удел во создавањето на хаосот со ложите. Удел имаат поединци кои решаваат дека имаат потреба од власт, пари, влијание - па кога тоа не можат да го најдат во регуларната масонерија, решаваат да изигруваат богови во своја измислена организација.
Масонеријата ги има истите цели, од своето основање до денес. Демографските промени и промените во начинот на живеење се тоа што диктираат промени во бројот на членови, а не целите или начинот на презентирање.
Пак ќе повторам - единствено место каде што има намалување на бројот на членови е Северна Америка и тоа не заради тоа што нема доволно нови кандидати, туку заради нивелирање на статистичката грешка која настанала по втората светска војна. Во Европа, бројот на членови е во континуиран пораст од војната па наваму, без да има воопшто пад во членството.
Што се однесува до нерегуларните, пак ќе речам, "неконтролиран пораст" (многу ми се допаѓа изразов - затоа што многу точно ја опишува состојбата со нерегуларните организации) има само на Балканот и никаде на друго место. Има само две нерегуларни организации со голем број на членови - едната е ЛДХ (ко-масонерија), кои имаат некаде околу 30,000 членови низ целиот свет и вкупно 45,000 ко-масони во светот (комбинирано меѓу ЛДХ и други такви организации), и 80,000 на Големиот Ориент на Франција. Останатите организации - вкупно собрани низ цел свет, имаат не повеќе од 20,000 членови (пред се во Италија - околу 8,000 и Франција уште 8-9,000). Значи зборуваме за вкупна бројка на нерегуларни масони од околу 140-150,000 членови (понекогаш е тешко да се утврди оваа бројка, затоа што многу често членови на една нерегуларна, преминуваат во друга, а првата продолжува да ги прикажува старите бројки - како на пример во Србија и Бугарија).
Да бидеме многу оптимистички настроени и да речеме дека има 150,000 нерегуларни масони во светот. Толку масони има само во двете регуларни mainstream Големи Ложи на Тексас и Онтарио (не броејќи ПХА). Така што - толкувањата се едно, реалноста е друга.