- Член од
- 17 јануари 2012
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 644
Во ред е ова но тоа не ми беше поентата ако би умрел од природна смрт би ги однел и гревовите на илјадници други луѓе кои во моментот на умирање на Исус не постоеле. Но во тој случај не би воскреснал туку само неговиот бесмртен дух би отишол на небото со гревовите, а целото Христијанство се врти околу концептот на Воскресение.Причината заради која Исус умре на крстот беше за да ја плати казната за нашите гревови. Според Библијата, казната за гревот е смрт:
„зашто смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, Библијата)
Затоа и биле принесувани жртви во храмот, за да привремено бидат покривани гревовите на луѓето. Но тие жртви не беа доволно за да го исплатат гревот на човекот, па затоа мораше Бог да го прати Својот Син, да се роди од жена, да земе човечко тело, да не направи ниту еден грев и на тој начин да биде достојна жртва за нашите гревови.
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)
Дали е можно пораката што ја прака Бог преку овој чин дека не е воскресението туку како да го живееме животот па да немаме потреба од тоа да некој биде жртвуван за другите.