Македонски специјални единици (полициски и воени)

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
браво за тебе, стварно ми се свиѓа одговоров што ми го даде и во најголем дел си во право, само ќе ти кажам дека нашите специјалци се со регуларната војска на САД не затоа што не ги бива туку затоа што нашата армија и нема некоја положба во нато. Како факултетлија би требало да знаеш дека ние не сме нато членка туку нато партнер, како такви ние им потпомагаме нив и сме сојузници, а не едно исто со нив.
Нашите војници немаат така сериозни задачи како фоките и незнам кои други единици не затоа што не ги бива, туку затоа што улогата на Р. Македонија во ИСАФ е е толку важна како и нивните задачи.
Ако ти послужи како репер ќе ти дадам примерот со тоа што огромен број на македонски специјалци преминаа од редовите на АРМ во обезбедувачки агенции на блискиот исток, таму се многу барани и високо почитувани, имам слушнато муабети дека некои достигнале плата од 40К месечно што е завидна сума (сепак е непроверена информација). таа работа не може да ја врши секој, а и не му е доверена на секој, се надевам ме сфаќаш.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Во право си за положбата на нашите војници во НАТО алијансата ама мислам дека тоа што не сме членка на НАТО и не променува многу, бидејки и како сојузници нас НАТО можи да не искористи и во по комплицирани операции, пр како Полската специјална едница за време на Персискиот Залив (Gulf War), и Полска тогаш беа само сојузници.Полската специјална единици GROM (Grupa Reagowania Operacyjno-Manewrowego) за време на инвазитата во Кувајт не беше само третирана како специјална единица, туку им беа и доделувани специјални операции за извршување.И ден денес има некои гласини дека една од причинита на Полска за влез во НАТО била и таа единица, али нема веза да не бегам од темата.
Целата моја дебата почнувајки со тој пост е наменета на друго прашање.Како прво јас сум голем патриот ама во размислувањата имам и граници, денес повекето од нашиот народ смета и е убеден дека нашиве биле 3ти во светот што мене искрено ми е глупо тоа да го помислам и да го дебатирам.Значи 3ти после САД и Русија, од 194 држави во светот дури 3ти!
И на овој форум го има тоа напишано на повеке постови, е сеа тоа беше и целата споредба, дека како 3ти ние до сеа требаше да бидиме не знам што, некој си фактор во НАТО а не само сојузници.Али ипак секој има право на слободно размислување и фантазирање.Јас лично не велам дека нашиве не се добри ама дека се 3-ти во светот, тоа стварно нема логика.

Искрено кажано по приватните безбедносни комании како BlackWater, Omega Group, Alpha Point Security, 3D Global Solutions и сл компании не се бара нешто поебно да бидеш, едино е битно да имаш искуство во војување а тоа дали си бил специјалец или обичен војник не прави многу разлика.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Види вака јас сум повеќе од информиран и не ми требаат многу текстови да читам и не сакам да зборам и да ти докажувам што е како е така да заобиколи ме

Не ти се приклучувам и немам намера да ти се приклучам во разговорот зошто како што ти пишав треба да пишувам 1000 страни и да ти објаснувам и пак нема да разбереш и нема да те убедам во многу работи што се вистинити така да мене заобиколи ме. Ми имаат објаснувано многу луѓе што се разбираат во вакви работи. Така да не се информирам од дневни весници и не читам многу воени списанија за војска и полиција
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 00:00 ---

Најдобра Спетсназ група е СПЕТСНАЗ ГРУ, а не Алфа или Вимпел или ОМОН итн. Алфа група ти се руски СВАТ а имаат обука за воени дејствија. Инаку колевката на СПЕТСНАЗ единиците е ГРУ. Тоа се оперативци кои вршат саботажи, шпионажа, разрешуваат заложнички ситуации, се инфилтрираат на непријателски територии без да бидат разоткриени, екперти се за оружје, прва помош, успешно уништуваат нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, а најчесто се во тим од 4 до 5 оперативци секој со свои познавања. Од нив потекнува и познатата РУСКА СИСТЕМА. ГРУ ти е единица која е 20 години постара од КГБ. Можат да се пофалат со хируршки прецизно изведени операции. Една од нив е во Авганистан каде што без никаква бука со пригушено оружје имаат ликвидирано цела група муџахедини и нивниот командант(незнам како се викаше таа операција).

Koга сме кај Спецназовците тоа ти е можда и најспремната единица на светско ниво , нема војна во поновата историја на Русија каде што они не биле дел од неа, и нормално најпозитивна работа е тоа што губат многу малку жива сила ... не оти америчките морски фоки, израелскио 97' Нетзах Јехуда батаљон(го издвоив него не оти е подобар од другите батаљони на израелската прва пешадиска бригада ,туку се зборе дека во него служеле само ортодоксни евреи кои практикувале различен стил на обука и биле по воинствени) или англиските сас-овци не се толку добри туку слабо се ставени во воени дејствиа ... Спецназ се нон стоп активни (во Чеченија и Дагестан имаат нон стоп борби)

http://youtu.be/WSGoOXb1xTI
http://youtu.be/qf0A1y2Z4I8
http://youtu.be/u_qg1MfNUdM
;)

P.S - Нормално секоја специјална единица од каде и да е си е добра на свое поле,... тешко е да се каже која е најквалитетна !
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
САС се бори уште од втора светска војна Африка ја имаат свртено наопаку а од поновите војувања од крајот на 20ти и 21ви век нема војна каде што се немаат борено од таму Пустинска Бура па до денешнен Афганистан.Логично е тој што е ''најбогат'' тој и да е најјак најбогат во случајов мислам на Воен Буџет.Американскиот воен буџет беше 700 милијарди долари ГОДИШНО сега е на 450 мислам бидејќи Обама има некоја програма за штедење а рускиот е двојно помал ако не се лажам 100 милијарди годиншно.Во случајов тоа е исто како ја или ти да се споредуваме во моќ со Рокфелер.Спецназ е поразличен од САС затоа што таму тренинзите се баш до максимун и до ниво на колабирање.Ете конкретно ќе ти кажам дека селекцијата за американските Фоки е 90% психички тестови а само 10% се физички ама тие 10 се исто ко 110... така да сите тие светски единици се рамо до рамо една до друга не би се сложил со тебе дека Спецназ е број еден затоа што за да бидеш дел од DEVGRU треба 8 години да бидеш во армија или обична Фока.
 
Член од
4 март 2012
Мислења
25
Поени од реакции
28
темата е „Македонски специјални единици полициски и воени“. Не ја уништувајте :)
Честит 18-ти роденден на “ЕСН“ “Волци“
Единица што секогаш ќе ја носам во срцето.
еве нешто подетално за членовите на форумот:
Денес, во касарната Илинден, беше одбележана 18-годишнината на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ. На свеченоста, покрај другите присуствуваа министерот за одбрана, Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, претставници на МО и АРМ, претставници на дипломатскиот кор, претставници од НАТО, претставници од локалните власти и други гости.
Командантот на Полкот за специјални операции, полковник Зоран Додевски во својот говор истакна дека денешниот ден за нивната единица е посебен ден кога уште еднаш се собрани да ги согледаат и да ги чествуваат сите вредности и одлики кои ги красат како луѓе и како војници, а кои се градат макотрпно во целото постоење на единицата. „18 години сме сила на која сметаат сите граѓани на нашата вековна татковина, 18 години сме лојалност и вештина која не остава двојба на ниту една страна дека сме спремни за она за што макотрпно се подготвуваме секој ден во секоја година. 18 години сме вашата гордост и вашата доверба“, потенцираше полковникот Додевски. „Она што единицата била во изминатите 18 години и она што ќе биде во иднина е веќе докажано со огромниот број на успешно завршени мисии секаде каде што тоа било потребно, како и со 180 одличја доделени на нашите припадници во земјата и во странство, но исто така и со неброените пријателства и врски воспоставени со нашите граѓани ширум земјата, како и со нашите браќа по оружје од целиот свет“, истакна полковникот Додевски.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими честитајќи им ја 18-годишнината на Полкот за специјални операции, меѓу другото истакна дека сме овде, на овој ден, да ги одбележиме сите досегашни и идни успеси и предизвици на Полкот, сите убави горди денови, со надеж дека така ќе ги има и понатаму. „Вашата зрелост ја покажавте во овие 18 години, така треба да продолжите и во иднина. Мирот и стабилноста не се едноставна работа, тие не се постигнуваат преку ноќ. Тоа се вредности кои треба долго време да се постигнат, но многу лесно можат да се скршат. Наша одговорност е да создадеме иднина, секој на свој начин, вие можете тоа многу добро да го докажете, тоа е исклучително важно за иднината на Република Македонија. Вие имате можност да бидете пример за сите институции во државата и за сите граѓани да ја заштитиме Македонија, мирот и стабилноста“, истакна меѓу другото министерот Бесими.
По повод 1 март, Денот на Полкот за специјални операции, со наградно отсуство беа наградени вкупно 40 припадници на единицата, пофалници добија 34, а во повисоки чинови се унапредени четворица припадници на пСО..

Член од
21 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
5
Секоја чет на напишаното - информации кои се од голема корист (се изначитав неколку страни наназад(y) ). Посебно ме интересираат ваквите теми и многу нешта сега ми се појасни.
Прво да кажам дека во план едно време ми беше да се запишам Воена Академија ама реално знам дека баш и немам големи шанси за влез. Сега, за некоја година планирам да се пријавам за доброволно служење војска.
Отприлика ги знам условите и сигурна сум дека тие "тестови" ќе ги поминам без проблем (за психичка стабилност или физичка подготвеност си се спремам веќе подолг период).
Е сега сакав да ве прашам какви се шансите после отслужувањето воен рок да станам дел од професионалните војници на АРМ и дали е можен влез во специјалните единици или единици за специјални опреации.
Однапред благодарам:)
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502

Колку што знам во специјални единици, т.е Волци нема девојки, а во останатите не знам, мислам дека од сите специјални единици, воени и полициски единствено девојки има во ЕБР (Единица за Брзо Распоредување), или популарно наречени Желки, и 3 или 4 девојки мислам дека се. Но оваа единица е полициска, а ти сакаш воена.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Има 3 женски во Ренџери и уште 2 во Команда на пСО!Би ти препорачал да си пробаш во МВР т.е ЕБР во пСО се многу тешки селективните тестови.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
не оти америчките морски фоки
.Ете конкретно ќе ти кажам дека селекцијата за американските Фоки е 90% психички тестови а само 10% се физички ама тие 10 се исто ко 110... така да сите тие светски единици се рамо до рамо една до друга не би се сложил со тебе дека Спецназ е број еден затоа што за да бидеш дел од DEVGRU треба 8 години да бидеш во армија или обична Фока.
Добро бре какви Фоки/Фока што ви е на вас United States Navy SEALs (SEa, Air, and Land TeamS) какви Фоки јас не знам батали ти што зборат телевизиските канали како А1, Канал5 и сл полупрости спикери.Значи нема Фоки тоа ти е медиумска глупост, во САД нема такви изрази Фоки и слични животни се ти е име со кратенка значи United States Navy SEALs (SEa, Air, and Land TeamS), DEVGRU (United States Naval Special Warfare Development Group), 1st SFOD-D (1st Special Forces Operational Detachment-Delta), PJs(United States Air Force Pararescue) ... и тн

Де ве молам не тресете ...!

И да кога веке сме кај темата кои се подобри јас на едно стојам сите се исто добри и сите се исто послаби едни од други затоа и постојат алијанси како НАТО и сл.Значи здружени сили ако едните се добри во анти-тероризам а не се добри во саботажи одат тимови од едните и тимови од другите.Во денешно време во моденото војување операциите се одвиваат на тој начин.Пример припадници на UK SAS(Special Air Service) мастери во анти-тероризам заедно со примадници на US SFOD-D (Delta Force) мастери во саботажи.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Koга сме кај Спецназовците тоа ти е можда и најспремната единица на светско ниво , нема војна во поновата историја на Русија каде што они не биле дел од неа, и нормално најпозитивна работа е тоа што губат многу малку жива сила ... не оти америчките морски фоки, израелскио 97' Нетзах Јехуда батаљон(го издвоив него не оти е подобар од другите батаљони на израелската прва пешадиска бригада ,туку се зборе дека во него служеле само ортодоксни евреи кои практикувале различен стил на обука и биле по воинствени) или англиските сас-овци не се толку добри туку слабо се ставени во воени дејствиа ... Спецназ се нон стоп активни (во Чеченија и Дагестан имаат нон стоп борби)

http://youtu.be/WSGoOXb1xTI
http://youtu.be/qf0A1y2Z4I8
http://youtu.be/u_qg1MfNUdM
;)

P.S - Нормално секоја специјална единица од каде и да е си е добра на свое поле,... тешко е да се каже која е најквалитетна !
Како лесно ги отфрли Special Air Service алал да ти е ц ц ц :D
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
5
Колку што знам во специјални единици, т.е Волци нема девојки, а во останатите не знам, мислам дека од сите специјални единици, воени и полициски единствено девојки има во ЕБР (Единица за Брзо Распоредување), или популарно наречени Желки, и 3 или 4 девојки мислам дека се. Но оваа единица е полициска, а ти сакаш воена.
А да бидам јас првата:pipi: Шала на страна, за отлужување воен рок сум си решена, е сега што е најлошотo a што најдоброто што може да произлезе после тоа? Толку ли се строги критериумите за прием во пСО. Мислам, тоа е она што го очекувам, ќе е апсурд тоа да биде едноставно и лесно ама има ли минимални шанси еден ден да станам дел од оваа единица? Како што напишав погоре психо-физичката подготовка ми е приоритет подолго време.
Има 3 женски во Ренџери и уште 2 во Команда на пСО!Би ти препорачал да си пробаш во МВР т.е ЕБР во пСО се многу тешки селективните тестови.
Селективните тестови или проверки е тоа што најмлце ме плаши. Е сега да ги прашам тие што се подобро упатени во ова: Што после отслужување воен рок? Зашто знам дека како прво сум многу под минималната граница на години за прием во пСО, што би требало да следува помеѓу тој временски период и како процедурално би требало да се одвива сета работа?
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Како лесно ги отфрли Special Air Service алал да ти е ц ц ц :D
Не реков дека се слаби ... туку дека се слабо вклучени во воени дејствија, Британија војува еднаш во 50 години (збориме за војна во која е директно таа вклучена а не да потпомага само, мада шо и таму би можеле да се употребат спец. единици) а додека русите од кога знам јас за мене нон стоп се тепаат со некој и нон стоп ОМОН(овие незнам зошто ги форсират толку кога не се толку добри ...од моја гледна точка), Спецназ Гру и остали другови :D се вклучени во ќотеците ... не дека се слаби САС-овци или дека имаат послаби тренинзи туку искуството што се стекнува во тек на војна не е можно да се надомести таа потготвеност и висок адреналин кај војниците никако на друг начин ! ...;)
--- надополнето: 7 март 2012 во 00:02 ---
САС се бори уште од втора светска војна Африка ја имаат свртено наопаку а од поновите војувања од крајот на 20ти и 21ви век нема војна каде што се немаат борено од таму Пустинска Бура па до денешнен Афганистан.Логично е тој што е ''најбогат'' тој и да е најјак најбогат во случајов мислам на Воен Буџет.Американскиот воен буџет беше 700 милијарди долари ГОДИШНО сега е на 450 мислам бидејќи Обама има некоја програма за штедење а рускиот е двојно помал ако не се лажам 100 милијарди годиншно.Во случајов тоа е исто како ја или ти да се споредуваме во моќ со Рокфелер.Спецназ е поразличен од САС затоа што таму тренинзите се баш до максимун и до ниво на колабирање.Ете конкретно ќе ти кажам дека селекцијата за американските Фоки е 90% психички тестови а само 10% се физички ама тие 10 се исто ко 110... така да сите тие светски единици се рамо до рамо една до друга не би се сложил со тебе дека Спецназ е број еден затоа што за да бидеш дел од DEVGRU треба 8 години да бидеш во армија или обична Фока.
Добро тоа е од моја гледна точка ... различни обуки имаат сите единици ајде да речеме дека Спецназовци не се број еден ама не е можно да се оцени кој се најдобро зошто секоја единица војува на ралични страни, ... спецназ во Авганистан војувале пред 30 години а од тогаш до сега има многу променето во единицата... американците,англичаните. израелците итн... немаат војувано во места како што се кавказ (очигледно е дека има многу пожилави народи на кавказ него било каде... треба да си луд да се тепаш 20 години со втората светска сила, да ти испоубијат една десетина од населението и да не ти доаѓа паметот) ... секоја единица се снаоѓа различно на различно тло иако во нивните правила важи дека ... можат да бојуваат секаде, сепак не е баш така ... ;)
--- надополнето: 7 март 2012 во 00:08 ---
Добро бре какви Фоки/Фока што ви е на вас United States Navy SEALs (SEa, Air, and Land TeamS) какви Фоки јас не знам батали ти што зборат телевизиските канали како А1, Канал5 и сл полупрости спикери.Значи нема Фоки тоа ти е медиумска глупост, во САД нема такви изрази Фоки и слични животни се ти е име со кратенка значи United States Navy SEALs (SEa, Air, and Land TeamS), DEVGRU (United States Naval Special Warfare Development Group), 1st SFOD-D (1st Special Forces Operational Detachment-Delta), PJs(United States Air Force Pararescue) ... и тн

Де ве молам не тресете ...!

И да кога веке сме кај темата кои се подобри јас на едно стојам сите се исто добри и сите се исто послаби едни од други затоа и постојат алијанси како НАТО и сл.Значи здружени сили ако едните се добри во анти-тероризам а не се добри во саботажи одат тимови од едните и тимови од другите.Во денешно време во моденото војување операциите се одвиваат на тој начин.Пример припадници на UK SAS(Special Air Service) мастери во анти-тероризам заедно со примадници на US SFOD-D (Delta Force) мастери во саботажи.

ФОКИ (seals - фоки) ... СЕ НАРЕЧЕНИ ПОПУЛАРНО НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, И САМИТЕ АМЕРИКАНЦИ ГИ ВИКААТ И СЕ ВИКААТ ТАКА,ИАКО ОВА ИМА ДРУГА ЗНАЧЕЊЕ ... ајде не ми пуни мозок за прости работи ... 95 посто од сите членови кои коментирале на темава барем еднаш во животот пишале на википедија за америчките морски фоки или NAVY S.E.A.L.S ... и сеа демек незнаеме ние ти ќе ни кажеш ... абе ајде :notworthy:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
А да бидам јас првата:pipi: Шала на страна, за отлужување воен рок сум си решена, е сега што е најлошотo a што најдоброто што може да произлезе после тоа? Толку ли се строги критериумите за прием во пСО. Мислам, тоа е она што го очекувам, ќе е апсурд тоа да биде едноставно и лесно ама има ли минимални шанси еден ден да станам дел од оваа единица? Како што напишав погоре психо-физичката подготовка ми е приоритет подолго време.

Селективните тестови или проверки е тоа што најмлце ме плаши. Е сега да ги прашам тие што се подобро упатени во ова: Што после отслужување воен рок? Зашто знам дека како прво сум многу под минималната граница на години за прием во пСО, што би требало да следува помеѓу тој временски период и како процедурално би требало да се одвива сета работа?

Откако ке отслужиш воен рок ке треба да имаш врски за да се вработиш како професионален војник и да одработиш 2 години во некоја од единиците зависи кај те распоредат.После можеш да поднесеш барање за предселективен тест за бСН или РБ.Ако го поминеш предселективниот одиш на селективен 24 дена со еден збор пекол.После иде обука(се случува и тој што не може да ја помине обуката да биде исфрлен)Треба да пливаш перфектно, да знаеш странски јазик,физички можеби ке се спремиш и ке поминеш но најважно е психичките тестови тие изгледаат најлесно но сите паѓаат таму.Има и друг начин а тоа е да имаш отслужено Воена Академија да се стекнеш со чин поручник и да бараш преместивање во Ком. на пСО но тоа тие неборбен тим.Се надевам дека ти помогнав малку и не ти ја уништив волјата за пристап во пСО.Ако имаш прашања пиши ми ПП со задоволство ке ти помогнам.
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Не реков дека се слаби ... туку дека се слабо вклучени во воени дејствија, Британија војува еднаш во 50 години (збориме за војна во која е директно таа вклучена а не да потпомага само, мада шо и таму би можеле да се употребат спец. единици) а додека русите од кога знам јас за мене нон стоп се тепаат со некој и нон стоп ОМОН(овие незнам зошто ги форсират толку кога не се толку добри ...од моја гледна точка), Спецназ Гру и остали другови :D се вклучени во ќотеците ... не дека се слаби САС-овци или дека имаат послаби тренинзи туку искуството што се стекнува во тек на војна не е можно да се надомести таа потготвеност и висок адреналин кај војниците никако на друг начин ! ...;)
Така Спецназ/Spetsnaz на Руски се мисли за Специјални сили и под спецназ во Русија има милион и една како (Spetsnaz GRU, Alpha Group, Vympel, VDV, SOBR и сл)

Значи вака:

ОМОН (Отрјад милиции особого назначенија) нашки ЕБР вклучени во тепачки и други градски заебанции, оперираат стрикно во урбана средина наменети за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во случај на граѓански немири, апсења на лица од срепен на висок ризик, обезбедување на затвореници при транспот, обезбедување на судници и тн.

Spetsnaz GRU сосема различна приказна од ОМОН, специјална единица под капа на GRU(Главната разузнавачка агенција, така нешто доага на нашки), експрети за атентати наменети и за шпионажа, саботажи, инфилтрирања во непријателски територии и тн.

SAS (Special Air Service) специјална единица во склоп на армијата на Велкика Британија.Експерти за анти-тероризам наменети и за разрешуваат заложнички ситуации, саботажи и тн

Значи според твојот пост ставаш во купче и спредуваш полициска специјална единица која оперира во урбана средина со армијска специјална единица за анти-тероризам со разузнавачка специјална единица која е неменета за атентати, саботажи и сл.

Најдобри се тие со НАЈдлабок џеб (буџет)
Добро тоа е од моја гледна точка ... различни обуки имаат сите единици ајде да речеме дека Спецназовци не се број еден ама не е можно да се оцени кој се најдобро зошто секоја единица војува на ралични страни, ... спецназ во Авганистан војувале пред 30 години а од тогаш до сега има многу променето во единицата... американците,англичаните. израелците итн... немаат војувано во места како што се кавказ (очигледно е дека има многу пожилави народи на кавказ него било каде... треба да си луд да се тепаш 20 години со втората светска сила, да ти испоубијат една десетина од населението и да не ти доаѓа паметот) ... секоја единица се снаоѓа различно на различно тло иако во нивните правила важи дека ... можат да бојуваат секаде, сепак не е баш така ... ;)
Види вака ако си се бавел со оваа работа ке знаеш дека неможе да се направи ранг листа на која ке се определи кој е најдобар, сите се добри и сите имаат заедно здружени обуки со кој што ги прави сите да бидат подеднакво спремни(се мисли физички, психички, тактички ... итн)

SAS ти се легенда кога се во прашања специјални единици али тоа не ги прави најдобри на свет!
SAS исто како и Spetsnaz и Американските специјални единици имаат многу слични селекции и обуки.Разликата од една до друга специјална единици е токму тоа ти што го кажа ИСКУСТВОТО али тоа нив не ги прави најдобри.Најдобар е тој што е најјак а во тоа поле на тоа се мисли кој има најмногу финансии за купување, произведување и користење на напредни оружја.Во денешно време нема тепање со боречки вештини туку борба со оружја.Боречките вештини се изучуваат попратно за војник/оперативец да може да се снајде и некогаш кога ке биде без оружје(ретко тоа).Пријател мој кој беше инструктор на Германските GSG9 секогаш збореше 10% физичка спрема 90% психичка спрема.

Спред мене најдобrи се Американците (поради финансиите) али може и да не се :)
ФОКИ (seals - фоки) ... СЕ НАРЕЧЕНИ ПОПУЛАРНО НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, И САМИТЕ АМЕРИКАНЦИ ГИ ВИКААТ И СЕ ВИКААТ ТАКА,ИАКО ОВА ИМА ДРУГА ЗНАЧЕЊЕ ... ајде не ми пуни мозок за прости работи ... 95 посто од сите членови кои коментирале на темава барем еднаш во животот пишале на википедија за америчките морски фоки или NAVY S.E.A.L.S ... и сеа демек незнаеме ние ти ќе ни кажеш ... абе ајде :notworthy:
Па ако знаеш зошто тогаш така ги нарекуваш!
А инаку самите не се нарекуваат ФОКИ и појма немаат дека така ги нарекуваат - информација од бивши припадници на Navy SEALs.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom