Не реков дека се слаби ... туку дека се слабо вклучени во воени дејствија, Британија војува еднаш во 50 години (збориме за војна во која е директно таа вклучена а не да потпомага само, мада шо и таму би можеле да се употребат спец. единици) а додека русите од кога знам јас за мене нон стоп се тепаат со некој и нон стоп ОМОН(овие незнам зошто ги форсират толку кога не се толку добри ...од моја гледна точка), Спецназ Гру и остали другови
се вклучени во ќотеците ... не дека се слаби САС-овци или дека имаат послаби тренинзи туку искуството што се стекнува во тек на војна не е можно да се надомести таа потготвеност и висок адреналин кај војниците никако на друг начин ! ...
Така Спецназ/Spetsnaz на Руски се мисли за Специјални сили и под спецназ во Русија има милион и една како (Spetsnaz GRU, Alpha Group, Vympel, VDV, SOBR и сл)
Значи вака:
ОМОН (Отрјад милиции особого назначенија) нашки ЕБР вклучени во тепачки и други градски заебанции, оперираат стрикно во урбана средина наменети за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во случај на граѓански немири, апсења на лица од срепен на висок ризик, обезбедување на затвореници при транспот, обезбедување на судници и тн.
Spetsnaz GRU сосема различна приказна од ОМОН, специјална единица под капа на GRU(Главната разузнавачка агенција, така нешто доага на нашки), експрети за атентати наменети и за шпионажа, саботажи, инфилтрирања во непријателски територии и тн.
SAS (Special Air Service) специјална единица во склоп на армијата на Велкика Британија.Експерти за анти-тероризам наменети и за разрешуваат заложнички ситуации, саботажи и тн
Значи според твојот пост ставаш во купче и спредуваш полициска специјална единица која оперира во урбана средина со армијска специјална единица за анти-тероризам со разузнавачка специјална единица која е неменета за атентати, саботажи и сл.
Најдобри се тие со НАЈдлабок џеб (буџет)
Добро тоа е од моја гледна точка ... различни обуки имаат сите единици ајде да речеме дека Спецназовци не се број еден ама не е можно да се оцени кој се најдобро зошто секоја единица војува на ралични страни, ... спецназ во Авганистан војувале пред 30 години а од тогаш до сега има многу променето во единицата... американците,англичаните. израелците итн... немаат војувано во места како што се кавказ (очигледно е дека има многу пожилави народи на кавказ него било каде... треба да си луд да се тепаш 20 години со втората светска сила, да ти испоубијат една десетина од населението и да не ти доаѓа паметот) ... секоја единица се снаоѓа различно на различно тло иако во нивните правила важи дека ... можат да бојуваат секаде, сепак не е баш така ...
Види вака ако си се бавел со оваа работа ке знаеш дека неможе да се направи ранг листа на која ке се определи кој е најдобар, сите се добри и сите имаат заедно здружени обуки со кој што ги прави сите да бидат подеднакво спремни(се мисли физички, психички, тактички ... итн)
SAS ти се легенда кога се во прашања специјални единици али тоа не ги прави најдобри на свет!
SAS исто како и Spetsnaz и Американските специјални единици имаат многу слични селекции и обуки.Разликата од една до друга специјална единици е токму тоа ти што го кажа ИСКУСТВОТО али тоа нив не ги прави најдобри.Најдобар е тој што е најјак а во тоа поле на тоа се мисли кој има најмногу финансии за купување, произведување и користење на напредни оружја.Во денешно време нема тепање со боречки вештини туку борба со оружја.Боречките вештини се изучуваат попратно за војник/оперативец да може да се снајде и некогаш кога ке биде без оружје(ретко тоа).Пријател мој кој беше инструктор на Германските GSG9 секогаш збореше 10% физичка спрема 90% психичка спрема.
Спред мене најдобrи се Американците (поради финансиите) али може и да не се
ФОКИ (seals - фоки) ... СЕ НАРЕЧЕНИ ПОПУЛАРНО НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, И САМИТЕ АМЕРИКАНЦИ ГИ ВИКААТ И СЕ ВИКААТ ТАКА,ИАКО ОВА ИМА ДРУГА ЗНАЧЕЊЕ ... ајде не ми пуни мозок за прости работи ... 95 посто од сите членови кои коментирале на темава барем еднаш во животот пишале на википедија за америчките морски фоки или NAVY S.E.A.L.S ... и сеа демек незнаеме ние ти ќе ни кажеш ... абе ајде
Па ако знаеш зошто тогаш така ги нарекуваш!
А инаку самите не се нарекуваат ФОКИ и појма немаат дека така ги нарекуваат - информација од бивши припадници на Navy SEALs.