Ова се преостанатите натпревари до крајот на вториот дел од првенството:
Вардар - Тетекс
Шкендија - Вардар
Вардар - Металург
Турново - Вардар
Против Тетекс се освен убедлива победа ќе биде сензација. Разликата во класи помеѓу нив и нас е огромна. Единствена работа што ме плаши е тоа што ќе играат со 11 играчи во шеснаесетник, нешто слично како на првиот натпревар. Доколку постигнеме гол на почеток, тогаш ќе им падне цела концепција (!?) во вода и ќе биде полесно. Металург во истото коло има лесен натпревар со Силекс на гости, додуша не е лесен, но сум сигурен дека многу лесно ќе победат. Шкендија игра во Штип против Брегалница, каде што според мене тешко ќе дојде до бод. Брегалница од она што успеав да го видам и прочитам има солиден тим, клубот се стабилизираше, па очекувам да победат на тој натпревар.
Натпреварот со Шкендија се игра во среда. Иако квалитетот е на наша страна, сепак во Тетово се е можно. Доколку биде се регуларно мислам дека нема да загубиме, а од овој терен и бод ќе ни заврши работа, иако можеме и до три. Во ова коло Металург игра дома со Брегалница. Штипјани ги сметам за домашна екипа, па мислам дека многу тешко ќе дојдат до бод/ови во Железара.
Натпреварот со Металург ќе ни биде шанса за одлепување од нив, а со тоа и обезбедување на првата позиција за третиот дел од првенството, натпревар со нив на домашен терен во последното коло и поголема самодоверба. Мислам дека сме многу поквалитетни од Металург, па така не смееме да се плашиме да нападнеме.
Во последното коло играме на гости со Турново. Иако се претпоследни на табела, мислам дека имаат сосема солиден тим и стабилен спонзор. Исто како и ние имаа подготовки во Анталија, одиграа добри натпревари, па според тоа треба да се очекува еден неизвесен меч. Овој натпревар ќе ни биде од голема важност поради тоа што во истото коло играат Металург и Шкендија, па може лесно да се случи тука да се направи еден голем чекор кон титулата.
Севкупно гледано, Вардар е прв фаворит за титулата во оваа сезона. Тоа што Влатче си замина мислам дека нема да се осети многу во нашата игра, бидејќи сосема солидно сме покриени на сите позиции. Со едно максимално залагање ќе немаме проблем да дојдеме до титулата, бидејќи реално кажано, од самите нас зависи дали истата ќе ја освоиме.