Втор Мурињо, хаха.. Абе нема втор Мур бе деца, нема. Еден е Мур.
Ај да видиме со Ди Матео може ќе тргне нешто на арно, ама не знам .. не верувам. Ќе видиме што ќе се праи на лето, мора ремонт од корен. Вака не иде.
Утре играме со Бирмингем у гости ФА Куп реванш. Првиот меч 1-1 беше. Ај ваљда можеме до победа.. Ваљда.
--- надополнето: 5 март 2012 во 16:14 ---
Јас мислам дека најдобро за Челзи ќе биде ако Абрамович го продаде клубот на некој богат шеик. Многу непромислени одлуки прави, на трансфер период спија, со младите слабо работи, слабо инвестира.. Се гледа дека многу многу не му до Челзи..
Абрамович и те како му е до Челзи. Само што Абрамович во принцип е глуп човек .. Глуп човек во смисла со неговите потези во Челзи, отпуштањата и слично.. А да стигнеш ти од ниво каде во некое локално село во Русија не си можел да купиш хамбургер па да стигнеш во топ 30 богаташи во светот, на ваков или онаков начин сето тоа направено, не би рекол дека е глуп..
А, да... Не ти е лоша идејава со арапиве. Ама шо знам.. Тие па ич не се разбираат од фудбал. Лупаат само пари и тоа е се ... Тренерот е основата, не е се само да се има богаташ како сопственик.
--- надополнето: 5 март 2012 во 16:22 ---
Не дека ѕивкам,нервирам или слично,но немате одбрана и немате играчи со муда.Исто ќе забораев,немате тренер со муда.
Спортски поздрав.
А вие па имате тренер и играчи со муда? Француско клошарче кое нема освоено титула скоро 1 деценија, и секоја година се задоволува со место во топ 4 за да игра во лш и нема направено радикални промени во арсенал 5-6 години и секоја година истата приказна ја тера... Тоа е тренер со муда? Дај не ме смеј..
Спортски поздрав.