Apple
It's good to be good
- Член од
- 11 октомври 2009
- Мислења
- 3.079
- Поени од реакции
- 1.345
Од први март ќе се воведе нова автобуска линија од Скопје до аеродромот „Александар Велики“ и обратно. Редоследот на автобусите ќе биде усогласен со редоследот на летовите. Ова денеска го најави главниот оперативен директор на концесионерот на македонските аеродроми, Мурат Орнекол.
Концесионерот ТАВ најави дека за десетина дена автобуси ќе сообраќаат од центарот на Скопје, па сѐ до аеродромот. Приватна домашна компанија ќе ја одржува линијата, која ќе има неколку попатни станици, а превозот ќе се наплатува.
- Од 1 март ќе има автобуска линија која ќе го поврзува центарот на градот до аеродромот и назад. Вчера се договоривме со една домашна приватна компанија, која ќе го врши превозот, така што патниците сега може да бидат покомотни по ова прашање. Превозот ќе биде прилагоден според распоредот на летовите – рече Орнекол.
Првите луѓе на ТАВ информираа дека по прекинот на летовите на авиокомпаниите „Малев“ и „Чех ерлајнс“ преземаат напори повторно да ги покријат линиите кон Будимпешта и Прага.
Компанијата нагласи дека постигнала раст на авиосообраќајот од 15 отсто. Од декември 2010 до декември 2011 на скопскиот аеродром бројот на патници се зголемил за 11,5 отсто, а на охридскиот за 67,5 отсто.
Извор