Ќе се сложам со фактот дека секој може да вежба што сака (кога е во теретана) како сака и колку сака. Истотака може и да јаде, кога сака. Само, дали секој може да постигне она што го постигнуваат оние кои се дициплинирани и спремни да се откажат од многу работи?
Како рекреативец, доволно е да бидете активни и да внесувате оптимален број на калории во текот на денот, составен од вистинската комбинација на хранливи материи.
Но, за да се постигне поголем успех, тогаш е потребно да се работи систематски, и да се знае кога и што ќе се јаде и вежба. Редовна исхрана, која во текот на целиот ден ќе не обесбеди со сите потребни хранливи материи (а тоа не се постигнува со два оброка во денот) одбран тренинг програм кој ќе ни помогне да ги остраниме недостатоците кои ги имаме на себе, правилна суплементација која ќе го надополни тоа кое преку обична исхрана е невозможно да се внесе во потребни количини, соодветен одмор, се нештата кои водат до успех.