- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
Романската делегација побарала гаранции за правата на влашкото малцинство и на Романците во Србија
БРИСЕЛ – Букурешт неочекувано одби да потпише спогодба да и' се додели на Србија посакуваниот статус на кандидат за приклучување кон 17-члената Унија поради спор за малцинските права во поранешната југословенска република, јавуваат дипломати на ЕУ.
Но, други престолнини од ЕУ инсистираа дека Србија треба да биде наградена за повеќегодишните демократски реформи, апсењето на воените злосторници во бегство и напорите да се подобрат напнатите односи со Косово, поранешна покраина која прогласи независност во 2008 година. Со постигнатиот компромис, министрите за надворешни работи и за европски прашања, кои се состанаа во Брисел, оставија нивните шефови на држави и на влади да донесат официјална одлука кога ќе се состанат в четврток и в петок. Владите од ЕУ дадоа препорака Србија да стане кандидатка за приклучување кон Унијата, но ја одложија конечната одлука до самитот на лидерите на ЕУ што треба да се одржи неделава поради резервираност од страна на Романија.
„Доколку не ставиме црвена линија, никој нема да не' сфати сериозно“, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ и додаде дека тоа се однесува и на прашањето за влашкото малцинство.
Според Тадиќ, проблемот со Власите се состои во тоа што Романија очекува сите Власи кои живеат во Србија да се определат како претставници на романското национално малцинство, а има Власи кои не го сакаат тоа.
Добивањето кандидатски статус за ЕУ, главно, е симболичен чекор, но за Србите кандидатурата ќе означи голем чекор кон надминување на наследството од балканските бојни, кои го попречија економскиот развој и политичките реформи, а земјата заостануваше во однос на многу екскомунистички земји.
Словенија, исто така, поранешна југословенска република, е членка на ЕУ која го прифати еврото. Хрватска, поранешен воен непријател, треба да се приклучи во 2013 година, додека Македонија е кандидатка за членство.
Дипломатски извори јавија дека романската делегација изразила загриженост за правата на мала група етнички Романци во Србија. Во Србија живеат околу 30.000 етнички Романци. Некои припадници на етничката заедница на Власите од 40.000, исто така, се сметаат за Романци, додека други Власи сметаат дека се Срби.
Романскиот претседател Трајан Басеску побара од Србија да им дозволи на етничките Романци кои живеат на нејзина територија право на образование на романски јазик и одржување служби во романски православни цркви. „Бараме од српските власти да им го овозможат правото на настава на романски јазик, да имаат православна црква, да имаат весник на нивниот јазик, да имаат право да се координираат со Романската телевизија или да емитуваат програма на романски јазик“, изјави Басеску на собир на етничките Романци минатата година откако се состана со српскиот претседател Борис Тадиќ.
Романскиот министер за надворешни работи, Кристијан Даконеску, изјави дека Романија не ја блокира одлуката за доделување кандидатски статус на Србија за членство во Европската унија, туку само бара „нормални гаранции“ за влашкото малцинство во земјата.
„Не може да се зборува за блокирање“, рече Даконеску, нагласувајќи дека Романија зазела став со цел да ги заштити правата на малцинствата во регионот на Западен Балкан, кој има сложена историја во таа област.
Се чини дека Белград беше неподготвен за романскиот чекор и не покажа никаква реакција. Сепак, регионалниот ТВ канал Бор што емитува програма во источна Србија, каде што живее поголем дел од заедницата на Власите во земјата, јави дека ќе почне да ја дополнува програмата со титл на одобрен влашки јазик. Телевизијата јави дека српското Министерство за култура го финансира тој чекор.
Србија не го доби посакуваниот кандидатски статус за ЕУ во декември минатата година поради спротивставување од неколку влади на ЕУ, загрижени поради тензиите во северниот дел на Косово. (Ројтерс)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DAA2ED1863CBAF4190B64EEAC56881DC