Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.899
Lukas Johnson
Half nigerian and half macedonia vardar midfielder icecream osa has caugt the interest of 5 big clubs,but due to current information as at yesterday monaco of france and real betis of spain are more closer to the buy,later today discussion follows with club officials of fk vardar
А што е со оваа вест?​
Ај кога веќе излезе во јавност, уште пред 3-4 месеци имав инфформации дека Бетис биле заинтересирани за Оса. Дека сакале да го земат уште по првите 2-3 кола :eek:
После толку време некој тип (искрено незнам од каде излезе, ама бекој го имаше пастирано на форумот на Комити) изјавува дека Оса е блиску до Бетис.​
Дали ќе изгубиме уште еден клучен фудбалер? :confused:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
А колку пари се добиени за Влатче ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.899
Кога подлабоко ќе се анализира трансферот на Влатче, мора да се каже дека раководството неплански го изведе истиот. Го продава Грозданоски кога трансфер пазарот е затворен за нашата лига, без можност да обезбеди негова алтернатива. Да, веројатно ќе се покрие најголем дел од буџетот за годинава и ќе има дополнителни средства за трансфери летото, ама се остава тенка крилната позиција во пресрет на екстремно набиениот распоред до двојната круна во наредните два месеци. Дали е тоа паметно?! Сепак треба да се има обзир и за моменталната состојба на играчкиот кадар, а не само за тоа што допрва следува...
Токму така, управата била на крстопат што се вика, но тешката одлука паднала кај Влатче.
Кога мислеле дека е готово со тимот за пролетва, стигнала понуда која не се одбивала.
Влатче е икона на клубот, и глупо би било да му забранат да си замине особено ако дојде понуда која е неколкукратко подобра од тоа што можат да му понудат.
Одбивал неколку пати, се дури не дошла понуда која неможел да ја одбие :)
Треба да му се даде поддршка, ипак станува збор за најголемиот Комита во тимот (докажано и проверено) (y)

Да чекавме до крај на сезона, може ќе ни го лапнеа за без пари, пошто му истекува договорот...

Лошо е што управата со тие пари неможе да направи ништо во моментов.
Остануваме само на три крила, Петров, Лико и Цикарски.
Цикарски крило во перспектива, Петров стандарден и Лико кој е многу подлежен на повреди.
Ќе се донесе и некој од младиот погон сигурно.
На другите делови од теренот сме одлично покриени. Мислам дека сите че придонесат да се издржи до крај на полусезонава и да се покрие отсуството на Гроздновски.
Мислам дека можеме до титула и без Влатче иако ситуацијата максимално се искомпликува.
Ах бе како го шитнавме Пандо :(
 
Ф

Флеш

Гостин
DOBRO KE MOZE LI NEKOJ DA KAZE ZA KOLKAVA SUMA NA PARI SE RABOTI !!! KAZETE CIFRA,BROJKA DAJ KAZETE DA MU SE SNEVIDI !!!
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
не им замеравај,не смее приликата за мрчење да се испушти..
Значи никој не мрчи, ама Скопјанец уште вчера знаеше за оваа работа, требаше ПРВИ да објават на нашата веб страна, а не Екипа, кој неколку пати до сега јавни ги плукаше како управа.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Абе и Колоеќевски е крило ама сепак од него до Влатче има голема разлика
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Значи никој не мрчи, ама Скопјанец уште вчера знаеше за оваа работа, требаше ПРВИ да објават на нашата веб страна, а не Екипа, кој неколку пати до сега јавни ги плукаше како управа.
Што да објави кога уште не е официјално. Кој клуб објавува шпекулации или преговори во тек?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.899
Раководството на Вардар и стручниот штаб на чело со Илчо Ѓорѓиоски се свесни дека најтрофејниот клуб ќе загуби многу на квалитет со заминувањето на Влатко Грозданоски во Кина. Како што ексклузивно објави ЕКИПА, Грозданоски веќе ги договори личните услови со кинескиот суперлигаш Лајонг, кој до крајот на денот треба да ја плати и отштетата кон Вардар за комплетна реализација на трансферот. Ова за ЕКИПА го потврдува и извршниот директор, Горан Митев.

„Влатко Грозданоски е на прагот да си замине од Вардар. Пристигна понуда за него од Кина, од клубот Лајонинг, и клубот одлучи да му излезе во пресрет, иако сите сме свесни што ќе значи неговото заминување. Сепак, Влатко Грозданоски има 29 години, ова е одлична шанса за него за финансиски д заработи и повторно да замине во странство и во разговорите со него, на негово барање, раководството и стручниот штаб го дозволија неговото заминување. Инаку, јасно е дека Вардар ќе загуби многу на играчки план, затоа што Грозданоски беше еден од носителите на играта во есенскиот дел, а мое лично мислење е дека неговите способности се и уште поголеми“, вели за ЕКИПА, извршниот директор на Вардар, Горан Митев.

Непосредно пред почетокот на пролетниот дел од шампионатот, Вардар останува без еден од клучните играчи, па несомнено се наметнува прашањето што ќе се случи доколку деновиве пристигне конкретна понуда и за Филип Ивановски или за Мите Цикарски, играчите за кои сериозно се заинтересира сопственикот на Најран, клубот од Саудиска Арабија, чиј тренер е Ѓоко Хаџиевски.

„Вардар сепак мора да мисли и на себе. Едноставно мора да ја задржиме екипата, затоа што не очекува напорна и неизвесна пролет, во која ќе се бориме на два фронта, за трофеите во првенството и во Купот. До летниот преоден рок, освен Грозданоски, ниту еден друг фудбалер нема да го напушти клубот, без разлика на евентуалните понуди“, потенцира Митев.

Шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, не сакаше да го коментира заминувањето на Влатко Грозданоски, се додека трансферот не се официјализира.

„Не сакам да го коментирам трансферот, се додека Влатко Грозданоски е се уште со нас. Тој е денеска на тренинг, а деталите околу трансферот ги знаат луѓето од раководството. Инаку, во секој случај ќе ни недостига играч како Грозданоски, посебно што заминувањето ќе се случи непосредно пред почетокот на пролетниот дел од првенството“, истакна тренерот Илчо Ѓорѓиоски.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6080
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Што да објави кога уште не е официјално. Кој клуб објавува шпекулации или преговори во тек?
Вие изгледа не ме разбирате!
Кој ви рече за шпекулации да се објавуваат, таман работа, ама од вчера е официјално и МОРАШЕ да има подготвен текст веб страната да го објави, па после другите од таму да зимаат!
И не ме правете будала со сила, не е само сега, порталиве објавуваат за пријателски, трансфери и изјави од Илчо пред официјалниот медиум на клубот!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595

Јас ти кажувам дека така функционира секаде. Дел сум од fcinter.com.mk и многу добро знам кога излегуваат вестите на италијанските портали и кога на официјалната веб страна.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Токму така, управата била на крстопат што се вика, но тешката одлука паднала кај Влатче.
Кога мислеле дека е готово со тимот за пролетва, стигнала понуда која не се одбивала.
Влатче е икона на клубот, и глупо би било да му забранат да си замине особено ако дојде понуда која е неколкукратко подобра од тоа што можат да му понудат.
Одбивал неколку пати, се дури не дошла понуда која неможел да ја одбие :)
Треба да му се даде поддршка, ипак станува збор за најголемиот Комита во тимот (докажано и проверено) (y)

Да чекавме до крај на сезона, може ќе ни го лапнеа за без пари, пошто му истекува договорот...

Лошо е што управата со тие пари неможе да направи ништо во моментов.
Остануваме само на три крила, Петров, Лико и Цикарски.
Цикарски крило во перспектива, Петров стандарден и Лико кој е многу подлежен на повреди.
Ќе се донесе и некој од младиот погон сигурно.
На другите делови од теренот сме одлично покриени. Мислам дека сите че придонесат да се издржи до крај на полусезонава и да се покрие отсуството на Гроздновски.
Мислам дека можеме до титула и без Влатче иако ситуацијата максимално се искомпликува.
Ах бе како го шитнавме Пандо :(
Не е точно. Влатче има договор со Вардар до наредно лето.
Инаку никој не му замерува на него. Таман работа! Не знам од каде таков заклучок?!
Зборот ми беше дека управата мора да имаше обезбедено замена за играч што е во план да е продаде, а не оваа понуда да ги фати неподготвени. Значи се знае кон каде е ориентиран трансфер пазарот на нашите играчи и според тоа мораше да се рачуна и на варијантата да стигне понуда во 5 до 12 од бившите советски републики или Азија, а Вардар да нема можност да реагира со ангажирање на нов играч. Не дека не може да се стигне до титулата без негова помош, ама во овој ненормално згуснат распоред што ни го смести ФФМ, секој играч плус е битен. Затоа мислам дека ова е пропуст на стручниот кадар.
Што да објави кога уште не е официјално. Кој клуб објавува шпекулации или преговори во тек?
Не знам што не ти е јасно?! Секогаш има некоја Екипа, Дневник или Мак. Спорт што излегува со информација пред да ја објави клубот. За било што. Во тоа е проблемот!
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Lukas Johnson
Half nigerian and half macedonia vardar midfielder icecream osa has caugt the interest of 5 big clubs,but due to current information as at yesterday monaco of france and real betis of spain are more closer to the buy,later today discussion follows with club officials of fk vardar
А што е со оваа вест?​
Ај кога веќе излезе во јавност, уште пред 3-4 месеци имав инфформации дека Бетис биле заинтересирани за Оса. Дека сакале да го земат уште по првите 2-3 кола :eek:
После толку време некој тип (искрено незнам од каде излезе, ама бекој го имаше пастирано на форумот на Комити) изјавува дека Оса е блиску до Бетис.​
Дали ќе изгубиме уште еден клучен фудбалер? :confused:
Нема шанси сега за сега, а и Оса не сака да чуе ни за шпански ни за друг клуб. А дека имаше интерес за него имаше, ама да го дадевме тогаш поштено ќе згрешевме а плус сега и фудбалерите вредат дупло повеќе него претходно.

PS Мало извинување за вчерашното раздрмување ама вака е поинтересно, сепак за мене беше бум пошто за Влатче се работи, а и мораше да се испочитува неговата желба.
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Значи тоа е тоа,зборев со Влатче ми кажа за многу добри пари кој стварно неможат да се одбијат,ке добие голема сума на пари и он и Вардар,така да работа е тоа и мора да замине,да си ја гради иднината и он,многу му е тешко во овие моменти што ке не напушти,али ипак мислам некој нема да се воздржат од негативни коментари,ако не тука по интернет страниците сигурно.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.899
Не е точно. Влатче има договор со Вардар до наредно лето.
Инаку никој не му замерува на него. Таман работа! Не знам од каде таков заклучок?!
Зборот ми беше дека управата мора да имаше обезбедено замена за играч што е во план да е продаде, а не оваа понуда да ги фати неподготвени. Значи се знае кон каде е ориентиран трансфер пазарот на нашите играчи и според тоа мораше да се рачуна и на варијантата да стигне понуда во 5 до 12 од бившите советски републики или Азија, а Вардар да нема можност да реагира со ангажирање на нов играч. Не дека не може да се стигне до титулата без негова помош, ама во овој ненормално згуснат распоред што ни го смести ФФМ, секој играч плус е битен. Затоа мислам дека ова е пропуст на стручниот кадар.
Нека потврди Скопјанец 1978, моите информации велат дека ако не отишол сега, на лето немало да земеме ништо ако го купеле, а аналогно од тоа следува дека на лето му завршувал договорот.

Не се согласувам за вториов дел. Влатче не бил планиран за продажба. Може Фичо беше планиран па затоа беа доведени и Костовски и Огбона, ама Гроздановски сигурно не бил на таа листа.
Како што кажав понудата стигнала пред некој ден, и се се случувало во последни моменти.
Клубот неможе ни оддалеку да им парира на условите на Кинезите бидејќи полека и нивната лига добива спонзори милионери, така да нашиве плати изгледаат смешно во споредба со тоа што они може да понудат.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
имал договр на 12 месеци така да на лето ке му завршеше договорт и ке си одеше без пари како слободен играч можда е најдобар од Вардар моментално но направија добар потег што го дадоа сега
 
Kajgana Shop

На врв Bottom