ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ, ЛЕЛЕ... ЛУКСЕМБУРГ!
Каква федерација таква репрезентација. Поразени сме од аматерска селекција која е на 133. место на ФИФА листата. Секоја чест за сите кои беа таму. Ова е врв на сите глупости во македонскиот фудбал
Голем пораз за репрезентацијата на Македонија на пријателскиот меч со Луксембург. Домаќинот славеше со 2:1 во меч со пресврт и во меч за кој обложувачите знаат да кажат "два у кец" или 30 коефициент. Секоја чест за нашите фудбалери кои уште еднаш ни приредија срам од светки размери за комплетниот фудбал и спорт во оваа држава. Големите репрезентативци и "играчишта" кои вредат "милиони" паднаа на колена во битката со аматерите од Луксембург. На колена се момците на големиот и многу фалениот Џон Тошак.
ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА 2-1 (0-1)
Стадион "Јоси Бартел" во Луксембург. Гледачи: 2.000. Главен судија: Рејмонд Крингл. Помошници: Стори и Еакин (сите од Северна Ирска).
Стрелци: Девил 56', 90' (Л); Хасани 25' (М)
ЛУКСЕМБУРГ МАКЕДОНИЈА
1 корнери 5
8/3 удари/ во 17/7
2 ж. картони 2
Тошак грми: Како не ви е срам...!!!По натпреварот Џон Тошак го слушнал цел "Луксембург" како вика во соблекувалната по неговите херои. Како што дознавме селекторот кој "сам" го направи овој избор на фудбалери им "се пуштил" на фудбалерите со зборовите:
"Што ви е вам? Пораз од Луксембург!? Како не ви е срам. Што барам ја тука...!?"
ДЕФИНИТИВНО НАСЛОВ ШТО ЗАЛУЖУВА ГОЛЕМ РЕСПЕКТ И СО КОЈ СЕ Е КАЖАНО !!! БРАВО ЗА МАКЕДОНСКИ СПОРТ !!!