- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Христијанството има свои опоненти, луѓе кои по секоја цена се борат да го дискредитираат, уништат, да шират полувистини кои директно или индиректно наведуваат кон погрешни заклучоци. Историјата не е егзакна наука и таа е полна со субјективизам, затоа што е пишувана од субјекти - луѓе.
Проблемот со воените истории е тоа што нивната историја ја пишуваат победниците.
Проблемот пак со античката историја е во нејзините големи дупки (непреживеани ракописи, преживеани само делчиња од нив) кои се премостуваат од модерните историчари со еден куп субјективни толкувања и претпоставки. Друг проблем со античката историја е малиот број на пишани дела воопшто. Заради овој проблем често пати еден одреден збор се наоѓа само 2-3 пати во целата позната литература од тој период и неговото прецизно значење е речиси невозможно да се одгатне, па затоа постојат и претпоставки, варијанти. Прашањата кои ти ги поставуваш и кои тебе ти се дилеми погоре, се нелогични или бесмислени за оние кои не се сложуваат со претпоставките кои ти ги земаш за апсолутни вистини во нив.
Земи ги за пример твоите претпоставки. Дали ти имаш историски доказ кој, кога и каде ги ревидирал евангелијата? Се разбира дека немаш. Но според твојот долгометражен научно-фантастичен филм во главата, тоа е факт рамен на религиозна догма. Ти ги опишуваш настаните во стил како да си бил очевидец на нив. Можеби тоа го правиш намерно, за да делува пореално, повистинито, поубедливо. Сепак факт е дека не си бил и дека си зборуваш од она што си читал и од она што си протолкувал и размислувал во главата, а онаму од каде што си читал и тој автор си правел бајрам со паметот демек со временска машина се вратил во времето и бил очевидец на настаните.
Во ред е да си убеден и самоуверен во својата верзија на историјата (која исто така ја веруваш, признал ти или не), но покажи малку доблест и толеранција кон оние кои имаат поинакво мислење без да ги навредуваш различните гледишта.