Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кутриот Том...
Пардон, Бруно.

И конечно, зашто е Бруно спален? Бил видовит? Тврдел дека Земјата се „врти„ околу Сноцето? Нешто „трето„?
 
Таа материја (тезги) била сосема нормална и легална работа. Во храмот доаѓале луѓе од сите краишта и на израел и на светот. Иделе верници од египет, од рим од атина, и Израел беше тогаш поделен на 3 дела еден по римска и два под управа на синовите на херод. Сегде се баратало со различни монети., а во храмот се плаќало само со едни. Значи имало потреба и од менувачница и од продажба на животни за жртва. Тоа се правело векови пред Исус а од заработката се одржувал храмот и земале плата свештениците. Никој не се бунел и никој присилно не плаќал нешт во храмот. На римјаните МОРАЛЕ да му платат даноци на храмот... кој колку сакал и можел. Самиот народ така сакал. Исус кога ги рушел тезгите му ја рушел и можноста на народот да размени пари да си плати обреди и жртви во храмот да купи животни неопходни за иобред... Исус застанал меѓу народот и бог оспорувајќи им гои правото да си ја исповедаат својата вера.....

Всушност Спирос вистината е едноставна, власта во Јудеја ја држеле римјаните, со војска и свештениците со духовната власт. Високото свештенство било наклоно кон римјаните затоа што им одговарало да има мир и ред. Исус не можел да дојде на власт додека не ги порази римјаните и избрка свештениците. Затоа тој нападнал на храмот а Бараба на римскиот гарнизон. Но нападот не успеал, всушност не успеал најверојатно тој на Бараба затоа и Исус се повлекол на гората со цел да избега во Галилеја (како што наговестува евангелието) но римјаните со брза акција го опколиле, заробиле и осудиле на смрт за бунт.
Имаш интересни работи за Барабас кои ги објаснува овој бивш професор и свештеник од Харвард, од 16 минута натака..
 
.

.

Тогаш први проклетство нанеле на себе и ближните писателите на евангелијата, па Павле.... Затоа што ја кажувале лажната вистина за Исус, кој бил крал на Израел и кој се обидел да крене востание против римските окупатори и во кое востание бил фатен осуден и убиен.

.

Твојот “христос“ е лажен и милитантен “христос“, на кој што (за жал) во минатото и денешницава многумина верувале и веруваат!

Вистинскиот Христос подигнал едно сосема поинакво востание од тоа крваво востание на кое што ти му веруваш.
Вистинското Христово востание е востание (будење) на духот и срцето, без кое само крвавите владари од овој свет се менувале (и менуваат) но ништо суштински не промениле (и променуваат)!

Дај БОЖЕ еден ден да се разбудиш ти (и сите кои мислат како тебе) од смртниот сон и сите луѓе да го доживеат вистинскот внатрешното востание Христово!

Амин

“Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”

Имаш интересни работи за Барабас кои ги објаснува овој бивш професор и свештеник од Харвард, од 16 минута натака..

.

Еве уште едно школувано чедо на антихристот кураишки, Кој што е заслепен за Евангелието на Мудроста БОЖЈА!

Денот доаѓа кога сите ќе Го видат Првороденото Чедо БОЖЈЕ, но тогаш за многумина ќе биде прекасно!

Амин

А врз домот Давидов и врз жителите ерусалимски ќе излијам Дух на Благодат и Милост, и тие ќе погледаат на Него, Кого тие го прободоа, и ќе плачат за Него, како што се плаче за Еднороден Син, и ќе жалат како што се жали за Првороден. (Захарија 12:10)
Ете, иде со облаци, и ќе Го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата.
Да. Амин! (Откр. 1:7)

Ти спирос го слушна проф Дирк или само лупаш зелени..знаеш ли за што збори?
 
.

Твојот “христос“ е лажен и милитантен “христос“, на кој што (за жал) во минатото и денешницава многумина верувале и веруваат!

Вистинскиот Христос подигнал едно сосема поинакво востание од тоа крваво востание на кое што ти му веруваш.

.

Спирос, во тоа време кралството на претците на Исус било разделено и поделено. Исто како и македонија шо била и е поделена. Еден дел (Јудеја) заедно со светиот град ерусалем го држеле римјаните, а други два дела - синовите на Херод кој не бил вистински крал на евреите туку со сила наметнат. Можеш и самиот да сфатиш како се чуствувал Исус во една таква ситуација, лишен од власта, од своето кралство чиј еден дел го држале пагани! Па и во право е што бил бесен и сакал да крене востание. Во право е и што го вооружувал и собирал народот, затоа што со мир и преговори не можел да ги наговори римјаните да си заминат. Исто како што Гоце делчев зел пушка против окупаторот, исто како што Сава Ковачевиќ тргнал во битка против фашистичкиот окупатор и домашните предавници, исто како што Че Ге Вара тргнал да ги ослободува своите браќа од тиранија, така и Исус се кренал и обидел да му донесе слобода на својата татковина на својот народ и да ги порази мразените римски окупатори. Не секогаш такви востанија успеваат, Че Ге вара, Сава Ковачевиќ, Гоце, Даме, Јордан... паднаа исто како и Исус во таа битка, но Кастро, Тито, Мао це Тунг, Хо Ши мин... успееа да ја доживеат слободата и победата. Патот на слободен Израел е поплочан со крв на жртвите за неговата слобода и независност меѓу кои и Исус
 
.

... Можеш и самиот да сфатиш како се чуствувал Исус ...

.

Мудроста БОЖЈА одсекогаш патела и пати кога луѓето - евреи и неевреи - се слепи за Совршениот Пат, Вистина и Живот БОЖЈИ!
Затоа Таа постана човек во Исус, за да ни го покаже Спасението, кое засигурно не е милитантно!

Моето Царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но Царството Мое не е одовде.

(Јов. 18:36)

Ти спирос го слушна проф Дирк ...?

.

Зелен со тапија ... :sick:

.
 
.

Мудроста БОЖЈА одсекогаш патела и пати кога луѓето - евреи и неевреи - се слепи за Совршениот Пат, Вистина и Живот БОЖЈИ!
Затоа Таа постана човек во Исус, за да ни го покаже Спасението, кое засигурно не е милитантно!

.

Милитантно е и тоа како, Исус не можел по мирен пат да си го поврати престолот туку само со вооружена борба. Затоа и се здружил со зелотите кои биле борци против рим и против секој кој соработувал со римјаните. Не случајно римјаните пратиле 2000 војници да го заробат Исус и не случајно заедно со него распнале и двајца зелоти 0 бунтовници против рим. А на крстот на Исус залудно не ставиле натпис кого го распнуваат Исус Христ крал на јудејците
 
.

Милитантно е и тоа како, Исус не можел по мирен пат да си го поврати престолот туку само со вооружена борба. ...

.

Јас воопшто не се сомневам дека твојот (вашиот) “исус“ е милитантен, но тој не е вистинскиот!

Дали ќе сватите тоа некогаш? Незнам!

БОГ нека ви помогне

Амин

Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава.
И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?”
Зашто знаеше дека Го беа предале од завист.
Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон заради Него.”
Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби.
Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?” Тие одговорија: „Варава!”

(Матеј 27:16 ...)

.
munkacsi-eccehomo.jpg
 
.

Јас воопшто не се сомневам дека твојот (вашиот) “исус“ е милитантен, но тој не е вистинскиот!

Дали ќе сватите тоа некогаш? Незнам!

БОГ нека ви помогне

Амин
.

Битно го направи првиот чекор. Сега останува уште да сватиш дека ваш наш Исус е еден ист, значи одиме чекор по чекор.
Исус и неговото движење немаше да преживеат доколку не се прикриеше неговата вистинска природа. Со векови за римјаните исус и христијаните останале бунтовници и олош кој треба да се уништи. За нив имаа самно погрдни зборови и најостри казни. За тоа да се смени, требаше (преку евангелијата) да се убеди римската публика (народ) а преку нив и власта дека Исус бил мирен проповедник кој додуша повикувал на вооружување (али тне било така ко шо изгледа туку некаква си парабола) додуше тој бил во друштво со зелоти, но тоа зелоти се прикри со арамејски назви и прекари, тој бил крал али и то се заташкува дека не ни помислувал на овоземно кралство (иако бил овоземен крал од династија на Давид) туку некое имагинарно кобајаги царство небесно , па вистина дека римјаните пратила појачана лкохорта (околу 2000 војници да го заробат) али и то се прикрива со неодредени зборви да не испадне дека Исус за рим преставувал опасност, па вистина дека го осудија и распнаа али кутри римјани со сила и присила од лошите евреи, и први кои увиделе дека е сибн божји биле римјани, па саботата која била света на исус и неговите следбеници, ја смениле во недела која била света на римјаните, па на исус му го долелиле 25 декември како роденден, дн на најголемиот државен празник на рим...
и така чекор по чекор пасус по пасус, измена по измена, христијанството станало државна религија под закрила на власта и можело сега да му се одмазди на сите кои не се со нив, да каменува спалува, прободува и прогонува.
 
[ Имаш интересни работи за Барабас кои ги објаснува овој бивш професор и свештеник од Харвард, од 16 минута натака..

Да, ја знам таа теорија, постојат неколку видувања за тоа Бараба, едното е дека е тоа Бар раби (син на рабинот) а пошто исус го нарекуваа рабин, би било дека е тоа син на Исус па народот бирал кого да поштеди Пилат дали Исус или синот. Исус во време на својата смрт имал 30-40 години, сходно на еврејските обичаи тој во тоа време веќе би имал полнолетен син, така да спасот на синот би ја продолжило кралската лоза, друга опција е дека е тоа Исус Бераби - или титула за многу ценет рабин како и оваа на клипот дека значи “син на таткото“.
Ако се познава историјата лесно може да се одреди штоа навистина се случило а што не се случило. Како прво не постоеше никогаш нигде обичај било кој управител да пушта некого за Пасха. Тоа не го заведоа ни приателите и зимпатизерите на римската власт кои сакаа да ги прикажат сите добри дела на римјаните. Самата сцена е детски наивна, Пилат нуди да пушти бунтовник (Бараба) кој бил и убиец, значи убивал римски војници и бил многу важен затвореник. Тоа не оди така во една правно организирана држава. За такво своеволие многу брзо Пилат би останал без сопствената глава за казна. Пилат истпоријата ни го опиша како строг владар кој за евреите мислел најлоша и кој не се устручавал да нареди колеж на население, напад на протестанти, бил строг управител кој на тоа место е поставен поради омразата кон евреите. Толку бил строг што евреите се жалеле директно на римскиот цар за неговата строгост, и римскиот цар морал со наредба да ја ублажува! И сега го имаме тој Пилат во евангелијата кога народот одбра да го пушти Бараба, тој како детенце да го праша наротот Еми сега шо да прам со Исус? Поентата беше народот да одбере кој да биде пуштен и готово. Е сега еве ви го пуштам бараба, а сега кажете шо да прам со Исус (кого пак према евангелијата тој Пилат го сметал за невин!!) ем мисли дека е невин ем ги прашва од толпата шо да му праи??!! Арно шо не ги праша евреите дали да си оди од јудеја со се легиите!! Најголем дел од верниците немаат познавање на историја на тоа време на историја и односите во римското царство и јудеја во тоа време па затоа спремно прифаќаат се шо ќе им се сервира во писмата. За оној кој ги знае и познава, најголемиот дел на евангелијата не се поверодостојни од хари потер или господар на прстените.
 
Интересно, благодарам за исцрпните одговори..овие работи сепак човек дур сам не ги истражи неможе да дојде до нив.
 
.

... Сега останува уште да сватиш дека ваш наш Исус е еден ист, ...

.

Сосема е сигурно дека твојот (вашиот) исус - кој што не е закован на крст бидејќи е ослободен од духовно слепата широка маса - е крвав убиец и не е истиот со Исус Христос, Вистинскиот Цар на Мирот!

Дај БОЖЕ да сватите!

.
 
Најголем дел од верниците немаат познавање на историја на тоа време на историја и односите во римското царство и јудеја во тоа време па затоа спремно прифаќаат се шо ќе им се сервира во писмата. За оној кој ги знае и познава, најголемиот дел на евангелијата не се поверодостојни од хари потер или господар на прстените.

Во право си кога велиш дека најголем дел од верниците немаат познавање на историјата на тоа време, а и нереално е да се очекува мнозинството да имаат длабоко познавање на историјата.

Но не си во право кога велиш дека за оној кој ги познава, тие не се веродостојни. Твојот став е субјективен, а и не би можел да биде поинаков Има многу историчари чие поле од интерес е античката историја на блискиот исток, римската, еврејската, грчката историја, кои се експерти по хебрејски, арамејски, коине грчки јазик, археолози, доктори во овие области и професори на престижни универзитети кои имаат искрена и рационална вера во Христос, а Библијата ја сметаат за веродостојна и Божја објава.

За пример ќе го земам Едвин Јамаучи (Edwin M. Yamauchi), (мој познаник) кој сега е во пензија, но беше 36 години професор по историја во универзитетот во Мајами, има познавање на 22 јазици (меѓу кои и хебрејски, арамејски, грчки, сириски, коптски), експерт по античка историја (цитиран од многу други историчари и автори), библиска археологија, стар и нов завет, гностицизам, ранохристијанска историја и aвтор на многу книги од овие области. Од него ти ја препорачувам книгата „World of the First Christans“, а ја имаш и на хрватски "Svijet prvih krscana".
 
Не спорам дека има научници и професори кои веруваат во Исус. Како пример се и католичките археолози кои веќе 60 година ископуваат во Назарет обидувајќи се да најдат остатоци од градот од каде исус дошол. Но не нашле ништо такво. Не сум запознат со Јамаучи и негови дела, не знам што спектакуларно околу рим и односите на рим со покорената јудеја, животот во јудеја, римските закони и прописи, јудејските... знае за да оповргне научните тврдења кои ги изнесов на таа тема. Не сум слушнал дека е даден конечен и несоборлив доказ дека нештата се одвивале како што е запишано во евангелијата. Напротив, многу работи, не биле во склад со тогашните обичаи, начини, закони, правила.... Али затоа денес ниек кои живееме во соема други услови тоа не ни значи многу. Дали имало или немало попис во јудеја за време на херод? на кој му е гајле? дали можел исус на туѓа свадба да му заповеда на тамошните слуги што и како да прават? дали можеле да патуваат така слободно по јудеја во пратња на жени кои не им биле ни род ни сопруги? дали постоел назарет во тоа време? дали еврејскиот суд навистина заседавал во приватна куќа вечер пред пасха? дали римски управник некогаш вршел онаква истрага и испитување? дали некогаш некој бил пуштен од затвор за пасха како обичај, дали на таков начин се вршило распнување во рим...... тоа се утврдени факти, и до сега нема јасен одговор од црквата како било сето тоа можно, и затоа црквата оди неколку чекори зад науката, и затоа се потпира на догма и на нешто што некој рекол пред иљада или две години без д амсее тоа реченото да се преиспита.
Јамаучи е верник, христијанин, и секако е убеден во тоа дека исус бил син божји и дека не некој чуден начин се случиле сите необјасниви работи за кои нема ни во историјата ни во археологијата доказ. Таков став веќе сум го среќавал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom