За да не биде предолг постов, ќе ги скратам малку цитирањата.
извини знам дека не е до мене прашањето но би сакал да се надоврзам и да го искажам мислењето. Да споредиш ротвајлери со педигре,муцките би им биле исти......А според мене,човек би требало да чува од тие опасните раси дури после барем 1 одминато искуство со кое било куче,ете например лабрадор..........Не им е цел да го заземат алфа статусот туку си гледаат да си ги извршат своите цели а додека ротвајлерот ако си почетник веднаш може алфа статус да ти наметне и никогаш да не го свратиш.
Не ми пречи твоето мислење воопшто. Не разговарам јас само со еден на форумов
Еве јас ти кажувам дека мојата имаше подугачка муцка од другите. П.С. Имаше педигре, и оценка 4, заради ушите, а не муцката.
А јас да, дозволував моето куче да биде несреќно. Во ред е. Моето куче фрик било. Нема везе.
Важи, јас ќе потрошам 15 години, со куче коешто не сакам да го чувам, само за да можам после да бидам "обучена" за ротвајлер.
Јас сум многу среќна што си го имав ротвајлерот. Многу си ја сакав. И ништо не и фалеше. Нити пак беше агресивна нити пак нападнала некој некогаш. Затоа, кој што сака може да ми каже, јас никогаш нема да се согласам дека не е за почетници. Ако личноста која што сака да го чува е доволно мотивирана да научи, да посвети време на обука, и да се интересира, не гледам тука никаква причина ако он утре иде да купи куче ротвајлер, некој да му каже, Е неможе сеа, купи си прво лабрадор.
И последна работа. Маламутот и те како се поставува како алфа. Не на агресивен начин, ама се поставува. И кога ќе се постави, што сакаш прави, никогаш нема да те послуша.
Еве бидејќи јас имам огромно искуство со кучиња ќе ти одговорам на твоите прашања.
Значи јас како што те разбрав, вие Ротвајлерот сте го дале бидејќи не сте знаеле како правилно да го воспитувате.
Е тек кога ќе се „набилдаш“ со знаење и искуство, е тек тогаш ќе бидеш способна да чуваш моќна раса која што сака да доминира како што е Ротвајлерот.
Ете прочитај горе, дека моето се разликуваше. Сега имам Маламут, она е од сите до сега што сум ги видела различна. Од многу е помала, има пократка муцка.... Или сега ќе ми кажеш дека само некои раси не се разликуваат? Има стандард да, ама тој стандард варира. Неможе да кажеш муцката е 20 сантима, и крај.
Сме го дале на воспитување зашто сме биле совесни и не сме се правеле паметни. Ама тоа не значи дека јас да имав 20 години и да имав време да и посветам, дека ќе ја дадевме. Јасно ми е таму како ги третираат ама јас во тоа време не се прашував. Да бев на возраста која сум сега, ќе се едуцирав, ќе барав начини и ќе посветев време на тоа. Нити сум глупа, нити проста, да не научам како да си го истренирам моето куче. Како што правам сега со новото куче. Моите работеа тогаш а и не беа заинтересирани за дресирање на куче баш. И со ова сум колку толку ограничена зашто ете сите дома различно и се поставуваме и неможам да ја учам јас на некои работи ако мајка ми и ги допушта тие. Ама кога ќе си живеам сама и ќе си имам мое куче, има само јас да го тренирам и никој друг. Па што сака раса нека е.
Ама, како што кажав и погоре, никој нема да ме убеди дека ротвајлер не е за почетник. Уште еднаш ќе кажам, не е за луѓе кои што немаат став и би му допуштале се на кучето. Ама ако некој сака да научи и те како има од каде... Луѓево се потрудиле и има еден тон книги, туторијали и секакви страни на интернет. Ќе си видиш што ти одговара на тебе и кучето и крај. И сепак не верувам дека после чување Златен Ретривер, некој ќе може да се постави како што треба према Ротвајлер. А некој може да чувал и 5 кучиња и пак да не биде спремен да се справи со Ротвајлер. Искуството со Златен Ретривер и искуството со Ротвајлер е комплетно различно.
http://www.donnerbergrottweilers.com/who-should-own-a-rottweiler.html- ти започнувам со линк еве.....
Раса на куче, си е раса на куче. Секоја раса си има различни карактеристики, и во темперамент и физички. Благодарение на тие карактеристики, може да се препознае потеклото на еден мешанец.
Глупаво и апсурдно е да негираш генерални карактеристики, специфични за одредени раси на кучињата.
Ако си решена да земеш куче, никој не може да те спречи да земеш било каква раса. Никој не знае дали ти во себе го имаш тоа што е потребно да бидеш алфа, па макар еве и на лабрадор и маламут. Можеби како почетник, можеш да бидеш подобра и од сите кучкари на светов, кои што раснеле со кучиња и цел живот им се посветиле на истите. Никој не може да го знае тоа. Али, не може да се знае и спротивното. Дали ти си способна да се носиш со тој статус на алфа, дали ти воопшто знаеш што значи силна раса на куче (мажјак ротвајлер може да достигне и до 70 кила тежина, од чисти мускули и 10 тона од доминантност и неустрашливост), дали ќе можеш да го контролираш своето куче, физички и психички... никогаш нема да знаеш, дур не пробаш да го чуваш, али треба да бидеш свесна на моментот дека една грешка со ротвајлер, може живот да те кошта, дали твојот, дали на некој случаен минувач, или можеби некое детенце... Колку си ти способна да гарантираш за твоето куче, дека никого нема да напрадне или пак, дека ти нема да постанеш евентуално жртва на истото куче, само поради фактот што си (не)одговорен сопственик.
Пред да тврдиш било што за овие раси на кучиња, пред да одлучиш да земеш од истите, размисли минимум 10 тина пати, па после донеси одлука.
Наједноставно е да видиш на улица воспитан ротвајлер и да тврдиш дека сите ротвајлери се мирни. Но, ако го прашаш неговиот сопственик што се направил за неговото куче да е воспитано ( и маче/мече како што тврдиш), не верувам дека ќе ти изгледа се толку едноставно.
Не се инаетам, едноставно не го прифаќам тоа што го кажувате. Кога јас сум исчувала, извини ама можат многу луѓе. За странава нема да дискутирам, зашто е отворена од маж и жена, а таа јас што ти ја пратив е од клуб за ротвајлери каде што има многу многу луѓе. Али сеедно...
За учење, фала многу, ама можам сама да си научам. Што и во моментов го правам, ама за друга раса куче. А експерт за кучиња сеуште не планирам да станувам, така да, тоа што го знам од искуство, тоа го кажувам.
Да, многу фатален ефект беше. Го немам напоменато фактот дека откако куќата се продаде, веќе не лаеше, ама нема везе. Стој си на твоето. Јас знам дека моето куче беше потполно здраво и нормално. Штета што не можеше да го запознаеш.
И сега смеам да чувам ротвајлер, само што немавме намера после тоа куче да чуваме уште едно, ама ете ни дадоа на поклон друго, па се согласи мајка ми некако. Да ми поклонеа ротвајлер, баш ќе ми беше мило. Ама јас пари да давам за да купам некоја раса, не баш. Првото исто го имавме зашто ни беше поклонето. И би чувала пак ротвајлер зашто знам какви се. На ова сега, неможам да се ослонам дека ако некој ме нападне, ќе ме заштити.
Никогаш не реков дека се толерира лаењето, не ми извртувај зборови.
Не ти споредувам кучиња со луѓе, пак извртуваш зборови. Споредувам куче што живее во Скопје (не конкретно, зборот ми беше град)... Исто, не им припишувам човечки особини, кажувам дека се различно од тоа како се воспитани и каде живеат.
Точно дека секоја раса си има карактеристики, затоа се и постојат различни раси. Ама неможеш да ми кажеш дека сите кучиња од една раса се ИСТИ потполно. Зашто не се. Не негирам ништо, само кажувам дека може да се разликуваат. Можеби минимално, ама се разликуваат.
Тоа е тоа што треба да им го кажуваш на луѓето. Со вториот болдиран дел се согласувам потполно. Секој треба да си е свесен за тоа што ќе го одбере, многу нормално. Па, несовесни луѓе не би требало ни да чуваат кучиња. Греота се кучињата. Ама, за жал има секакви.
Значи, ротвајлери и добермани и питбули и уште неколку, не се за сите дефинитивно. Ама луѓе кои знаат какви се, кои се свесни за што се одлучуваат, на кои им е јасно дека треба да посветат многу време и макотрпна работа, комотно можат да се одлучат. Без разлика дали чувале или не. Тоа ми беше целата поента.
И верувај ми, знам колку е "лесно"...
целостно се согласувам! се зависи од тоа како ќе се воспита ротвајлерот,зашто не е исто да се воспитува лабрадор и ротвајлер!
А кој рече дека е исто?
Нема веќе да одговарам на темата, пошо на форумов доаѓам да се релаксирам, а ова не ми е релаксација. Само ќе кажам дека моето искуство со мојот ротвајлер ми беше неверојатно и многу си ја сакав кучката. И ми е жал што луѓето што ги познавате ќе имаат такво мислење за ротвајлерите и луѓе што навистина се погодни да чуваат, нема да го чуваат поради вашите мислења...
Поздрав и пријатно.