L
Lu
Гостин
Вака ме интересира кога ќе почнам да го шетам кучето да го научам да ми шета поред нога. Е сега тоа поред нога би било кога ќе шетам на подолги релации ама кога ќе треба да го однесам до двор само колку да изврши нужда како да се поставам ?
Прашањето ми е дали кога ќе го носам до доле само да изврши нужда, дали и тогаш да бидам строг и да го водам поред нога или да го олабавам поводникот ?
Да, и кога ќе го носиш на куса прошетка исто така треба да бидеш строг и да не му дозволуваш да те тегне, секогаш кога ќе те потегне треба веднаш да направиш контра реакција тоест веднаш да го потегнеш брзо и отсечно на сец.
Нема врска дали го носиш кучето на подолга прошетка или на куса прошетка, кучето секогаш треба да оди поред нога (ова важи за кога кучето е на поводник) , а кога е пуштено тогаш немора да оди поред нога, може да си трчка и да оди околу тебе.
И серазбира кога ќе го приметиш кучето дека сака да врши нужда, тогаш ќе го олабавиш поводникот за да може кучето комотно да си ја издушка околината и да си избере соодветно место за вршење нужда.
како да го научам малиот да не јаде од земја, тоест командата "фуј" ? деновиве прв пат почнав со мали прошетки пред зграда и го јаде лебот на гулабите, но проблемот е што се става во уста, од отпушоци до мастики, пробувам со не и фуј, али не ме ферма...
дома горе доле ја нучи командата не, али надвор глеам тешко иде...
Сеуште е малечко, тек таму после 3 месечна возраст треба да се очекува некаков резултат од дресурата.
И серазбира многу полесно ќе ти биде доколку прво дома ја усоврши командата „ФУЈ“ , па за надвор ќе ти биде многу полесно.
добро така е можда,пример кумот мој има доберман,секогаш кога одат на одмор или отсуствуваат зашо постојано го нема пример од 365 денови него 100 дена го нема и кучето кај нас живее и све што му велам све прави и добро се понаша и се,мило е,дури пред 2 месеци беше овде на една недела и со брат ми ( бебето ) нонстоп стоеше и секогаш кога и да се разбуди стануваше неспокоен...сепак доберманот сигурен сум дека е по мек/благ карактер од ротвајлерот,иако служи за куче пазач! и не е воопшто онаков како што го претставуваат по филмовите! поздрав
Доберманот на кумот твој се однесувал благо кон вас бидејќи ве познавал.
Инаку не сум чувала Ротвајлер, али Доберманите ги познавам како буквар

Јас 14 години чував женка Доберман и според мене Доберманот е перфектна раса.
Според мене Доберманот е дефиниција за куче.
Во Доберманот има СЕ' што според мене треба да поседува едно куче.
- Елеганција, Карактер, Темперамент ... значи сите карактеристики што треба да ги поседува едно куче јас ги пронајдов во Доберманот, и затоа ми е омилена раса, и на форумов имам поставено аватар (сликичка) од Доберман.