Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
Вака ме интересира кога ќе почнам да го шетам кучето да го научам да ми шета поред нога. Е сега тоа поред нога би било кога ќе шетам на подолги релации ама кога ќе треба да го однесам до двор само колку да изврши нужда како да се поставам ?
Прашањето ми е дали кога ќе го носам до доле само да изврши нужда, дали и тогаш да бидам строг и да го водам поред нога или да го олабавам поводникот ?
Да, и кога ќе го носиш на куса прошетка исто така треба да бидеш строг и да не му дозволуваш да те тегне, секогаш кога ќе те потегне треба веднаш да направиш контра реакција тоест веднаш да го потегнеш брзо и отсечно на сец.

Нема врска дали го носиш кучето на подолга прошетка или на куса прошетка, кучето секогаш треба да оди поред нога (ова важи за кога кучето е на поводник) , а кога е пуштено тогаш немора да оди поред нога, може да си трчка и да оди околу тебе.

И серазбира кога ќе го приметиш кучето дека сака да врши нужда, тогаш ќе го олабавиш поводникот за да може кучето комотно да си ја издушка околината и да си избере соодветно место за вршење нужда.

како да го научам малиот да не јаде од земја, тоест командата "фуј" ? деновиве прв пат почнав со мали прошетки пред зграда и го јаде лебот на гулабите :) , но проблемот е што се става во уста, од отпушоци до мастики, пробувам со не и фуј, али не ме ферма...
дома горе доле ја нучи командата не, али надвор глеам тешко иде...
Сеуште е малечко, тек таму после 3 месечна возраст треба да се очекува некаков резултат од дресурата.
И серазбира многу полесно ќе ти биде доколку прво дома ја усоврши командата „ФУЈ“ , па за надвор ќе ти биде многу полесно.

добро така е можда,пример кумот мој има доберман,секогаш кога одат на одмор или отсуствуваат зашо постојано го нема пример од 365 денови него 100 дена го нема и кучето кај нас живее и све што му велам све прави и добро се понаша и се,мило е,дури пред 2 месеци беше овде на една недела и со брат ми ( бебето ) нонстоп стоеше и секогаш кога и да се разбуди стануваше неспокоен...сепак доберманот сигурен сум дека е по мек/благ карактер од ротвајлерот,иако служи за куче пазач! и не е воопшто онаков како што го претставуваат по филмовите! поздрав
Доберманот на кумот твој се однесувал благо кон вас бидејќи ве познавал.

Инаку не сум чувала Ротвајлер, али Доберманите ги познавам како буквар :)
Јас 14 години чував женка Доберман и според мене Доберманот е перфектна раса.

Според мене Доберманот е дефиниција за куче.
Во Доберманот има СЕ' што според мене треба да поседува едно куче.
- Елеганција, Карактер, Темперамент ... значи сите карактеристики што треба да ги поседува едно куче јас ги пронајдов во Доберманот, и затоа ми е омилена раса, и на форумов имам поставено аватар (сликичка) од Доберман.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Имам едно прашање, другар ми чува куче, има 10 месеци и никако не може да го научи да седи дома само, додека беше помало пробуваа, сега повторно, но нема шанси, му купуваат играчки, за среќа не јаде од мебелот, ама ептен квичи и лае, кучето е мешанец од рот, спасено да не заврши во борби, ептен се привржани за него, ама никако да го научат, а мора да идат на работа 6 часа дневно мора да останува само. За почеток еве јас им помагам, идам да го проверам, го уморувам со играње мислам дека ќе помогне, пошто и јас го имав тој проблем, моето патеше од таква анкциозност и кога беше мало, но и кога остаре, што мислите, што треба друго да пробаме?
Да надополнам, изгледа дека само од мене има „страв“ јас кога ќе заминам, глас не му се слуша.
 
Премногу го имаат размазено и веројатно кога заминуваат на работа му обрнуваат преголемо внимание на кучето.

Кажи им дека кога ќе заминуваат за на работа, едно 10 минути пред да излезат, воопшто да не му обрнуваат внимание на кучето, и исто така кога ќе се вратат од работа 10 минути да не му обрнуваат внимание на кучето.

Нека пробаат неколку дена со оваа тактика , па пиши дали има резултати :)
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Сеуште е малечко, тек таму после 3 месечна возраст треба да се очекува некаков резултат од дресурата.
И серазбира многу полесно ќе ти биде доколку прво дома ја усоврши командата „ФУЈ“ , па за надвор ќе ти биде многу полесно.

сега за сега знае само за НЕ, ја користам како универзална команда , дома почнав и со команда "пушти" за да пушти играчка кога се тегнеме, сега и фуј да ја воведам или доволно се не и пушти ? :D
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Премногу го имаат размазено и веројатно кога заминуваат на работа му обрнуваат преголемо внимание на кучето.

Кажи им дека кога ќе заминуваат за на работа, едно 10 минути пред да излезат, воопшто да не му обрнуваат внимание на кучето, и исто така кога ќе се вратат од работа 10 минути да не му обрнуваат внимание на кучето.

Нека пробаат неколку дена со оваа тактика , па пиши дали има резултати :)
Фала ти Аргаси, минатата недела секој ден пред факс идев кај нив откако они ќе заминат на работа, се играв со кутрево, после заминував и глас не му се слушаше, ги прашував и комшиите ми рекоа дека не лаело. Ќе им кажам и на нив, знам дека го имаат поалено, дури и јас ги забележувам, му се тресат дури и кога ќе кивне, како и да е, ќе пишам како сме поминале.
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Вака сега, двор и шетање е сосема различно. Замисли се ти да имаш огромна куќа а никогаш да не можеш да излезеш од истата...колкав сака нека биде дворот, што сака нека има во него, не може да ја замени прошетката, и да, јас ти гарантирам дека лаењето на кучето било поради нешетање.... колку сакаш уморувај го дома, што сакаш прави со него во двор, прошетка има сосема 13 та димензија за кучињата.

И кога се зборува за основни карактеристики на една раса, логично е дека ќе се генерализира, зашо станува збор за конкретна раса. И повторно се се сведува на моето- ротвајлер не е куче за секого, особено не за почетници! И сама кажа дека некој се потрудил да го воспита твоето куче. Не секој знае како се воспитува куче.
А куче за почетници, може да биде било кое куче, кое не спаѓа во измислените тн. опасни раси на кучиња.
Околу лаењето, не си помислила дека може да е бранење на територија?

Не е логично, затоа што они си имаат карактеристики да, ама не сите се исти 100%. Еве земи 2 ротвајлери. Твоето и некое од друг град пример, или село. Некое кое што живее во контра средина од твојата. Прво, различно изгледаат. Имаат исти црти кои се карактеритични за нив да, ама должина на муцка или што ти ја знам ќе биде различна. Исто ко кај луѓето. Така и со карактерот. Како е научено кучето, така ќе постапува. Да би биле сите исти, ќе бидат роботи. И баш сеедно ќе биде дали кучето кое го чуваш е твоето или на твојот комшија на пример, ако и он чува исто. Или, исто ко да кажеш сите луѓе во Скопје се исти. Или пак, сите белци се исти. Ако идеме по раса.
И да, некој се потрудил да го воспита, и тој некој бил професионалец. И баш ради тоа што е ротвајлер и го имаме дадено. Јас бев уште мала да се замарам со воспитување, а моите не знаеја реално. И за да не ризикуваме, така постапивме. Не се правевме сезнајковци, како некои луѓе...

И ај објасни ми, ако јас немам чувано куче до сега... И еве сакам да земам да чувам сега. И ќе одберам, пример, лабрадор, зашто ти викаш дека не смеам да имам ротвајлер. Како ќе научам некогаш како треба да се поставам према т.н "опасни раси"? И не е само "опасните раси". Туку сите раси према кои треба да се поставиш како алфа. Тука спаѓаат и маламутите, кои воопшто не се опасни, ама се многу тешки за тренирање. Така да, по твое, ни тие не би биле за почетници така?

П.С. Најди ми каде пишува дека не е за почетници? http://www.amrottclub.org/
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923

извини знам дека не е до мене прашањето но би сакал да се надоврзам и да го искажам мислењето. Да споредиш ротвајлери со педигре,муцките би им биле исти.Имаат скоро исти муцки како и питбуловите.Мојата ротвајлерка никогаш не лаела,мислам лаела кога нешто ја мачело например дури не личело на лаење тоа ама јас никогаш не дозволував нешто да ја мачи...и кога бранела територија само р`жела и со накокорени очи гледала.А според мене,човек би требало да чува од тие опасните раси дури после барем 1 одминато искуство со кое било куче,ете например лабрадор.И навистина ротот не е за почетници,како и доберманот,питбулот а камоли пак пекинејзер или хаска(од другите типови на кучиња).Маламутот според мене спаѓа во група на кучиња кои си гледаат само за себе и прават тоа што им одговара.Не им е цел да го заземат алфа статусот туку си гледаат да си ги извршат своите цели а додека ротвајлерот ако си почетник веднаш може алфа статус да ти наметне и никогаш да не го свратиш.Ете тоа е моете мислење и искуство,каде грешам некој нека ме исправи.
 
B

Black Guard

Гостин
Користете кратки зборови(мневмоник) бидејќи кучињата можат да ги научат-на пример удрете со раката на креветот и речете ајде опа Џина и ќе се качи на креветот,полека се учат само оваа е бесна прерипува метроипол ограда и не можам да ја научам да биде дома(дневно по 2-4 часа лута) а неќам да ја врзувам многу ми е слејверски има некое чаре??
 
A

AnFem

Џина ти е нескротлива <3
 
B

Black Guard

Гостин
Море што итрица е она многу ја засакав:),кученцата што ги роди ги дадов освен едно ама може и тоа ќе го дадам ама многу ослабе додека цицаа кученцата а сега пак се враќа во форма.
 
L

Lu

Гостин
сега за сега знае само за НЕ, ја користам како универзална команда , дома почнав и со команда "пушти" за да пушти играчка кога се тегнеме, сега и фуј да ја воведам или доволно се не и пушти ? :D
Па ако веќе реагира на командата НЕ, тогаш можеш да продолжиш да ја користиш.

Околу лаењето, не си помислила дека може да е бранење на територија?

Не е логично, затоа што они си имаат карактеристики да, ама не сите се исти 100%. Еве земи 2 ротвајлери. Твоето и некое од друг град пример, или село. Некое кое што живее во контра средина од твојата. Прво, различно изгледаат. Имаат исти црти кои се карактеритични за нив да, ама должина на муцка или што ти ја знам ќе биде различна. Исто ко кај луѓето. Така и со карактерот. Како е научено кучето, така ќе постапува. Да би биле сите исти, ќе бидат роботи. И баш сеедно ќе биде дали кучето кое го чуваш е твоето или на твојот комшија на пример, ако и он чува исто. Или, исто ко да кажеш сите луѓе во Скопје се исти. Или пак, сите белци се исти. Ако идеме по раса.
И да, некој се потрудил да го воспита, и тој некој бил професионалец. И баш ради тоа што е ротвајлер и го имаме дадено. Јас бев уште мала да се замарам со воспитување, а моите не знаеја реално. И за да не ризикуваме, така постапивме. Не се правевме сезнајковци, како некои луѓе...

И ај објасни ми, ако јас немам чувано куче до сега... И еве сакам да земам да чувам сега. И ќе одберам, пример, лабрадор, зашто ти викаш дека не смеам да имам ротвајлер. Како ќе научам некогаш како треба да се поставам према т.н "опасни раси"? И не е само "опасните раси". Туку сите раси према кои треба да се поставиш како алфа. Тука спаѓаат и маламутите, кои воопшто не се опасни, ама се многу тешки за тренирање. Така да, по твое, ни тие не би биле за почетници така?

П.С. Најди ми каде пишува дека не е за почетници? http://www.amrottclub.org/
Еве бидејќи јас имам огромно искуство со кучиња ќе ти одговорам на твоите прашања.

Кучето од одредена раса (еве конкретно правиме муабет за Ротвајлерот) неможе да се разликува во изгледот.
За секоја раса си има точно определен стандард на расата, и во тој стандард се точно и прецизно определени и напишани карактеристиките на расата.

Самата си одговори на прашањето зошто Ротвајлерот не е наменет за почетници.
Како што прочитав ти кога си била мала си имала Ротвајлер, али сте го дале бидејќи твоите родители незнаеле како да го воспитаат а и ти си била мала.
Значи јас како што те разбрав, вие Ротвајлерот сте го дале бидејќи не сте знаеле како правилно да го воспитувате.

Епа ете токму поради овие причини не се препорачува Ротвајлерот за почетници.
Ротвајлерот како и останатите кучиња кои што спаѓаат во ФЦИ 2 групата, имаат многу поизразен ген за доминација.
Кучињата од ФЦИ 2 група (во кои што спаѓа и Ротвајлерот) сакаат секогаш да бидат АЛФИ и да доминираат врз останатите членови од семејството ... или на кучешки јазик кажано, АЛФАТА сака да биде главна и да доминира врз останатите членови во глутницата (семејството).
Ротвајлерот секогаш ќе пробува да ја завземе АЛФА позицијата и секогаш ќе се обидува да го предизвика сопственикот на „дуел“ па затоа е потребно сопственикот да има искуство со кучиња за да знае како да победи во тој „дуел“ со што ќе успее да си ја задржи својата АЛФА позиција.

Е сега доколку земеш на пример Златен ретривер ќе ти биде многу полесно да се справиш со АЛФА статусот.
Значи да се разбереме, секое апсолутно секое куче од секоја раса, може да се обиде да го превземе АЛФА статусот доколку тоа сопственикот му го дозволи.
Само разликата е во тоа што со Златниот ретривер мнооооогу полесно ќе се справиш отколку со Ротвајлерот.
Дури и да си почетник со кучиња, доколку чуваш раса која што нема толкав изразен ген за доминација (на пример Златен ретривер) многу полесно ќе му покажеш дека ти си АЛФА, но доколку си почетник и чуваш Ротвајлер, е тогаш нема така лесно да се извлечеш, за да му покажеш на Ротвајлерот дека ти си АЛФА, пред се е потребно ИСКУСТВО со кучиња.
Златниот ретривер е куче со многу мек карактер и токму ваквата раса со мек карактер ќе ти биде како подлога за стекнување знаење за кучињата.
Ти со Златниот ретривер ќе научиш како да го читаш говорот на телото на кучињата, ќе научиш да ги препознаваш сигналите што ги испраќаат и сл.
Е тек кога ќе се „набилдаш“ со знаење и искуство, е тек тогаш ќе бидеш способна да чуваш моќна раса која што сака да доминира како што е Ротвајлерот.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Околу лаењето, не си помислила дека може да е бранење на територија?

Не е логично, затоа што они си имаат карактеристики да, ама не сите се исти 100%. Еве земи 2 ротвајлери. Твоето и некое од друг град пример, или село. Некое кое што живее во контра средина од твојата. Прво, различно изгледаат. Имаат исти црти кои се карактеритични за нив да, ама должина на муцка или што ти ја знам ќе биде различна. Исто ко кај луѓето. Така и со карактерот. Како е научено кучето, така ќе постапува. Да би биле сите исти, ќе бидат роботи. И баш сеедно ќе биде дали кучето кое го чуваш е твоето или на твојот комшија на пример, ако и он чува исто. Или, исто ко да кажеш сите луѓе во Скопје се исти. Или пак, сите белци се исти. Ако идеме по раса.
И да, некој се потрудил да го воспита, и тој некој бил професионалец. И баш ради тоа што е ротвајлер и го имаме дадено. Јас бев уште мала да се замарам со воспитување, а моите не знаеја реално. И за да не ризикуваме, така постапивме. Не се правевме сезнајковци, како некои луѓе...

И ај објасни ми, ако јас немам чувано куче до сега... И еве сакам да земам да чувам сега. И ќе одберам, пример, лабрадор, зашто ти викаш дека не смеам да имам ротвајлер. Како ќе научам некогаш како треба да се поставам према т.н "опасни раси"? И не е само "опасните раси". Туку сите раси према кои треба да се поставиш како алфа. Тука спаѓаат и маламутите, кои воопшто не се опасни, ама се многу тешки за тренирање. Така да, по твое, ни тие не би биле за почетници така?

П.С. Најди ми каде пишува дека не е за почетници? http://www.amrottclub.org/

http://www.donnerbergrottweilers.com/who-should-own-a-rottweiler.html- ти започнувам со линк еве...

Ако си решена да ми водиш одреден инает, ондак повеќе нема да се трудам да ти одговарам на постовите, али ако си решена да научиш нешто повеќе за расава (мала едукација е корисна секогаш), тука сум да ти помогнам. Твое е, одлучи си.

Да се појаснам, повторно, ротвајлерот не е лаач!

Макар и да чува одредена територија, не смее да лае, доколку во спротивно нема одреден тренинг кој што налага лаење и предупредување на тој што навлага на територијата. Ако ротвајлерот лае за да предупреди некој, а претходно нема тренинг за тоа, тоа пак ќе напоменам значи фатален ефект. Оваа особина кај ротвајлерот не смее да се дозволи.
Ти ми напиша дека твојот ротвајлер лаел, главна причина зашто не смееш сега да чуваш ротвајлер. Ми кажуваш дека се поединци и имаат различни карактери и дека лаењето треба да се толерира- уште една причина зашто не смееш да ја чуваш оваа раса! Ми ги споредуваш кучињата со луѓето кои живеат во Скопје (еве нека не е Скопје, нека е било кое место и било кој човек), уште една причина. На кучињата не смееш да им припишуваш човечки карактерни особини, нивниот свет е за 180 степени поразличен од нашиот. Раса на куче, си е раса на куче. Секоја раса си има различни карактеристики, и во темперамент и физички. Благодарение на тие карактеристики, може да се препознае потеклото на еден мешанец.

Глупаво и апсурдно е да негираш генерални карактеристики, специфични за одредени раси на кучињата.

Ако си решена да земеш куче, никој не може да те спречи да земеш било каква раса. Никој не знае дали ти во себе го имаш тоа што е потребно да бидеш алфа, па макар еве и на лабрадор и маламут. Можеби како почетник, можеш да бидеш подобра и од сите кучкари на светов, кои што раснеле со кучиња и цел живот им се посветиле на истите. Никој не може да го знае тоа. Али, не може да се знае и спротивното. Дали ти си способна да се носиш со тој статус на алфа, дали ти воопшто знаеш што значи силна раса на куче (мажјак ротвајлер може да достигне и до 70 кила тежина, од чисти мускули и 10 тона од доминантност и неустрашливост), дали ќе можеш да го контролираш своето куче, физички и психички... никогаш нема да знаеш, дур не пробаш да го чуваш, али треба да бидеш свесна на моментот дека една грешка со ротвајлер, може живот да те кошта, дали твојот, дали на некој случаен минувач, или можеби некое детенце... Колку си ти способна да гарантираш за твоето куче, дека никого нема да напрадне или пак, дека ти нема да постанеш евентуално жртва на истото куче, само поради фактот што си (не)одговорен сопственик.

Пред да тврдиш било што за овие раси на кучиња, пред да одлучиш да земеш од истите, размисли минимум 10 тина пати, па после донеси одлука.

Наједноставно е да видиш на улица воспитан ротвајлер и да тврдиш дека сите ротвајлери се мирни. Но, ако го прашаш неговиот сопственик што се направил за неговото куче да е воспитано ( и маче/мече како што тврдиш), не верувам дека ќе ти изгледа се толку едноставно.
 
целостно се согласувам! се зависи од тоа како ќе се воспита ротвајлерот,зашто не е исто да се воспитува лабрадор и ротвајлер!
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
0
Каде можам да најдам корпа слична на оваа во скопје? http://pets.com.mk/index.php/kucinja/zastitni-maski/zashtitna-maska-plastichna-br-5.html Барав во неколку пет шопови,али не ми се допаднаа ,некако многу ми се груби ,со железа и сл..Иначе се работи за кане корсо ,па верувам дека маскава ке одговара на муцката.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom