L
Lu
Гостин
Вака ме интересира кога ќе почнам да го шетам кучето да го научам да ми шета поред нога. Е сега тоа поред нога би било кога ќе шетам на подолги релации ама кога ќе треба да го однесам до двор само колку да изврши нужда како да се поставам ?
Да, и кога ќе го носиш на куса прошетка исто така треба да бидеш строг и да не му дозволуваш да те тегне, секогаш кога ќе те потегне треба веднаш да направиш контра реакција тоест веднаш да го потегнеш брзо и отсечно на сец.Прашањето ми е дали кога ќе го носам до доле само да изврши нужда, дали и тогаш да бидам строг и да го водам поред нога или да го олабавам поводникот ?
Нема врска дали го носиш кучето на подолга прошетка или на куса прошетка, кучето секогаш треба да оди поред нога (ова важи за кога кучето е на поводник) , а кога е пуштено тогаш немора да оди поред нога, може да си трчка и да оди околу тебе.
И серазбира кога ќе го приметиш кучето дека сака да врши нужда, тогаш ќе го олабавиш поводникот за да може кучето комотно да си ја издушка околината и да си избере соодветно место за вршење нужда.
Сеуште е малечко, тек таму после 3 месечна возраст треба да се очекува некаков резултат од дресурата.како да го научам малиот да не јаде од земја, тоест командата "фуј" ? деновиве прв пат почнав со мали прошетки пред зграда и го јаде лебот на гулабите , но проблемот е што се става во уста, од отпушоци до мастики, пробувам со не и фуј, али не ме ферма...
дома горе доле ја нучи командата не, али надвор глеам тешко иде...
И серазбира многу полесно ќе ти биде доколку прво дома ја усоврши командата „ФУЈ“ , па за надвор ќе ти биде многу полесно.
Доберманот на кумот твој се однесувал благо кон вас бидејќи ве познавал.добро така е можда,пример кумот мој има доберман,секогаш кога одат на одмор или отсуствуваат зашо постојано го нема пример од 365 денови него 100 дена го нема и кучето кај нас живее и све што му велам све прави и добро се понаша и се,мило е,дури пред 2 месеци беше овде на една недела и со брат ми ( бебето ) нонстоп стоеше и секогаш кога и да се разбуди стануваше неспокоен...сепак доберманот сигурен сум дека е по мек/благ карактер од ротвајлерот,иако служи за куче пазач! и не е воопшто онаков како што го претставуваат по филмовите! поздрав
Инаку не сум чувала Ротвајлер, али Доберманите ги познавам како буквар
Јас 14 години чував женка Доберман и според мене Доберманот е перфектна раса.
Според мене Доберманот е дефиниција за куче.
Во Доберманот има СЕ' што според мене треба да поседува едно куче.
- Елеганција, Карактер, Темперамент ... значи сите карактеристики што треба да ги поседува едно куче јас ги пронајдов во Доберманот, и затоа ми е омилена раса, и на форумов имам поставено аватар (сликичка) од Доберман.