Ќе ти кажам и што друго направи Груевски. Додека бил министер за финансии бил потписник на одредени анекси во купопродажниот договор на Окта, каде државава се обврзува да купува одредени загарантирани количини на нафта и мазут исклучиво преку Окта т.е Хеленик Петролеум. На јавноста и на судот во случајот Окта и се познати само 2 анекса, а неофицијално потпишани се уште 5 анекса, каде стои и негов потпис, кои не се достапни. И причината зошто сега бензинот ни е толку висок е што Окта наплаќа една од највисоките рафинериски цени во Европа по литар која изнесува некаде 0,73 евра, а за дизелот мислам дека е и најскапа во Европа. А е највисока затоа што Окта својата рафинериска цена ја утврдува според брент нафтата (најквалитетната и најскапата нафта), движењето на нафтата на Лондонска Берза и курсот на доларот, а реално продава ефтина и неквалитетна нафта. Постои и таква клаузула каде на регулаторна комисија не и се дозволува да го утврдува квалитетот на нафтата и спрема тоа да се определи и цената на истата. А да, и тоа дека цената на плинот не смее да биде определувана од регулаторна комисија, туку цената да си ја определуваат самите увозници. Сето ова срање ќе трае до 2019 та година. И не е само тоа, кога паднаа од власт ВМРО и повторно дојде СДСМ на власт, нивната влада поднесе жалба до Уставен суд кој донесе одлука за укинување на монополската позиција на Окта што се косеше со купопродажниот договор за Окта. По што Окта си се жалеше до арбитражниот суд во Париз, каде е донесена одлука на Окта да и се плати обесштетување од 53 милиони евра.