HTC Evo 3D

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Локација
GB
Веб-сајт
meettomy.site
Имам можност да го земам овој телефон (на ОНЕ претплата 1200 каде тел. е без пари).

Овде на форумов не видов никаде нешто повеке за телефонт, не видов ниту рецензија на Кајгана порталот.

Ако сакате да напишете нешто повеке за телефонов, вашите видувања од перформанси до изглед..... доколку го имате дали сте задоволни со истиот и итн итн.

Секоја пофалба/критика за телефонов е добродојдена со што знаел дали вреди да се земе овој телефон.

Благодарам однапред!!!
 
Со еден коментар, телефонот е фантазија. А кога можеш да го земеш за безпари, уште поубаво. :D
 
Разгледај го и Sensation XE или XL
 
Им дојдоа на Оне телефониве и одма почнаа со промоции :D Дизајр С 3 недели чекав да им дојде :oops:
 
Го земав јас денес :)

А за тоа на мене дури у четврток ке ми стаса....

Него ако нема рецензија за викендов.... да ти се расипе!:P:cool:
 
Ако треба да бирам помеѓу Sensation XE & Evo 3D ич не се мислам и го зимам Sensation XE.

И јас исто ... затоа му реков да ги разгледа, језда XL ми е поубав на лик со поголем екран, сепак XE има појака машинерија
 
Рецензија ќе има?
мора да има. :sneaky:
Ќе има, ќе им го отстапам на еден ден на дечките од Гик рубриката на Кајгана да го прочепкаат, па они ќе пишат обемна рецензија на порталот :)

Генерално, како iPhone корисник (читај - корисник со големи очекувања) јас сум задоволен од телефонов. 3D дисплејот си ја брка работата (на YouTube имаш еден куп интересни 3D видеа), 3D камерата функционира одлично, има копче за брза промена од 3D во 2D и генерално сум задоволен од квалитетот на фотките и видеата. Почнав одма со 3D-то, бидејќи тоа е главниот адут на телефонот. Дополнителната димензија :)

Станува збор за „тежок“ телефон на рака, кој оддава чувство на квалитетна изработка (за разлика од останатите „пластични плочки“ телефони од типот на Samsung Galaxy S II - кои искрено ми се премногу лесни... Иако прочитав дека доаѓа со 1GB внатрешна меморија и без microSD картичка (која треба сами да си ја купите), сепак, мојот телефон дојде со вградена картичка од 8GB :)

Има дуал-кор процесор од 1.2GHz и 1GB рам... Знаете и сами дека ова е повеќе од задоволително :)

За оперативниот систем не зборам, затоа што прв пат користам Android. Но, треба да напоменам дека има HTC Sense со Android 2.3.4. Вози доста глатко и за релативно брзо време мислам дека го „научив“ без проблем. Штом стигнав да си менувам home-скринови, да инсталирам апликации (па дури и тие од „црниот“ пазар), и горе-долу успеав да си го направам по терк на стариот добар iPhone 3GS - мислам дека вие нема да имате никаков проблем :)

Прв впечаток - ми се допаѓа. Ќе го користам додека не излезе iPhone 5.
 
А негде прочитав (мислам дека тука беше) за Андроид софтверот имало некој си 4,0,3 Сендвич (ваљда)

Знаеш нешто за тоа.... или добро тера на постоечкиот!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom