Што мислите за Jaнко и емисијата "Јади Бурек"?

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Едно време го имав во пријатели на фејзбук, но почна премногу да напиња со политика, да ги величи денешниве властодршци, плус ми се повраќаше од коментарите на некои што пишува кај него.. па така го избришав. Емисијата на моменти му е добра, а во последно време, на многу ретки моменти.... Интересно беше кога луѓе се јвуваа за секојдневни проблеми, бош муабети, а не за референдуми за име, кој ќе победи на избори исл...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Јанко е просто човече, платеник, а неговата емисија е врвот на неговиот простотилук. Ми се чини дека во денешно време секоја будала може да си отвори телевизија, 2 камермана и Јанко ќе го стави во ударен термин да води емисија која нема 2 чисти. Само тоа ќе кажам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Едно време го гледав и тоа прилично често. Главно за да си ги задоволам своите сеирџиски пориви. Неговата емисија не е ништо особено, просек на македонската водителско-контактна сцена која си е потпросечна. Не дека кај Јади бурек се е најцрно, ама ми смета превртливоста, нетолерантноста и патетичноста на водителов. Често некои од гостите имаат и знаат што да кажат, и кога се работи за некоја неполитичка тема, тогаш емисијава е гледлива и поднослива. Мислам дека е поарен од Миленко, Томиќ, Вучиќ и од екипата што го води Иселенички џубокс. Она што мора да му се признае на Јанко е неуморноста, или добрата кондиција. Тешко дека некој поминал толку време кај нас на тв. А ако ги броите и репризите, зошто сум видел дека ги има, човеков е рекордер :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.337
Поени од реакции
5.471
Не го пратам, но еднаш памтам се јави еден од нашите , и му рече: Јанко како кебап си. ахахах.

Многу е агресивен човекот има проблеми со нервите, сте приметиле како се тресе у фотелја.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.236
Поени од реакции
7.752
оваа недела го гледав баш да видам што моабети цепи пошо увек си збори или со камерманите или нешто се смее и го гледам си мести постерче на ѕид и си слуша боб марли на грамофонска плочаи се нешто се смее се лигави демек све он знае па пушта некој клипови..Ауу како ме нервира
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кај е бе Буреков? Не гледам дека има емисија повеќе.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Преска имаше најава на Наша тв дека од Понеделник повторно Јади Бурек,но сега од 22 часот, што значи повеќе време за јадење бурек да не кажам нешто друго
 
S

stefi

Гостин
Шо да мислам? Водителот за својата емисија не си мисли, па ја ќе мислам...
 
M

MrzaRules

Гостин
емисијава на буреков и онаа на миленко се исполитизирани до коска...а во неа учествуваат политички полтрони и потрчковци за да им го направат меракот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom