Да се надеваме на интересни 1/4 финални двојки, зашто од овие ми се одмили фудбал.Милан-Арсенал и Наполи-Челзи што ги зирнав малце, освен Реал другите и не ги гледав.Прв пат ми се случува.
Тоа што сега имаше неатрактивни парови беше добро, затоа што по пат на селекција таквите ќе дојдоа во завршницата. Иако, Интер, Баерен (овие скоро сигурно одат понатаму), Челзи ја заебаа работата. Да одеше се како што треба во 1/4 финале меѓу себе ќе играа екипи како Реал, Милан, Челзи, Барса, Интер, Баерн, па и Лион и Бенфика/Зенит, значи повеќето парови ќе беа екстремно атрактивни. Сега, што тие што ги мислевме за силни не биле толку силни, а и што единствениот пар кој требаше да биде нешто посебно, Милан-Арсенал, заврши како што заврши е друга работа. Но, и вака излегоа интересни резултати, па затоа ќе има добри реванши, посебно во Минхен.