Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Eeеej ja забравив темава, прочитани 9 книги, сега нова ќе почнувам, све иде според планот има 100 да прочитам :vozbud:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Дајте бе ајде луѓе зарем и тука контра да си одите. Вака било, онака било. Имате политика подфорум тепајте се таму, ти си од црвените, ти си од плавите. За мене ова е личен предизвик и баш добра евиденција за кои книги и колку сум прочитал во 2012.. Зошто секогаш мора да скокни некој и да се фати за некое зборче и сеа ајде 200 страни како се караат. Место да се карате земете читајте. И најпросто од се, не те бендисва темава не ја посетувај, а не да мрчите, предизвик било, јас појак сум, не ти си.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И некој, некогаш рекол " Никогаш не е касно ".Пошо секако книгава шо ја прочитав не е белетристика, али е мој личен избор можам со неа да го започнам походот, ( НЕЛИ?).

1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад

Пази у сиов овој расипнички живот шо го водиме ( некој повеќе, некој помалку) модернистичкиот цитат на Пол Мекартни со кој започнува книгава ти доаѓа како брутално будење:

" Се однесуваме небаре ќе живееме вечно, како што секој мислеше во времето на Битлсите, зар не? Сакам да кажам кој помислуваше дека ќе умреме? "

Пол Мекартни

Враќање е книга која не се бави со реинкарнацијата знаете ради оној чист трендовски популизам, ниту пак со некои сеназационални откритија и докази, ниту пак површно и неубедливо. Враќање се труди да покаже дека реинкарнацијата не е " систем на верување " или психолошко средство за избегнување на "безмилосната конечност" на смртта, туку прецизна наука која ги објаснува нашите минати и идни животи. Враќање дава одговор на прашањата од типот: Дали се реинкарнираме веднаш или по долг временски период? Дали другите живи суштества, како животните, можат да се реинкарнираат во човечки тела? Може ли човекот да се појави како животно? Дали вечно се реинкарнираме или тоа некогаш престанува? Може ли душата постојано да страда во пеколот или вечно да ужива во рајот? Можеме ли да ги контролираме нашите потенцијални идни инкарнации? И на крајот на краиштата, каков е соодност меѓу карма-та и реинкарнацијата? Во оваа книга можеш и да си најдеш и практични упатства како да го сфатиш и надминеш неправилното сфаќање и таинственоста на реинкарнацијата.
Книгата у многу моменти позајмува цитати од Ведите (светите списи на Древна Индија) и јас потполно се оградувам од нејзината религиозна нишка ( ако воопшто ја има). Мислам ок е да се поставуваат прашања ( нели поставувањето на прашања е одлика на интелегентен човек) и да се имаат предрасуди (таков ни е менталниот склоп), али на книгава не и пристапив како на некоја верска брошура, туку како на некоја филозфија, како на некое видување на животот, на смртта и таа некоја потенцијална циркулација. Мојата маленкост е била секогаш спремна да слушне за поинакви погледи на свет. За тоа се работи и во овој случај.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
4. Rework од 37 signals Amazon
Читам специфична литература, така да не знам колку ќе ви биде интересна, па затоа ќе украдам еден review на англиски, од Сет Годин:
This book will make you uncomfortable.
Depending on what you do all day, it might make you extremely uncomfortable.
That's a very good thing, because you deserve it. We all do.
Jason and David have broken all the rules and won. Again and again they've demonstrated that the regular way isn't necessarily the right way. They just don't say it, they do it. And they do it better than just about anyone has any right to expect.
This book is short, fast, sharp and ready to make a difference. It takes no prisoners, spares no quarter, and gives you no place to hide, all at the same time.
There, my review is almost as long as the first chapter of the book. I can't imagine what possible excuse you can dream up for not buying this book for every single person you work with, right now.
Stop reading the review. Buy the book.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
4. Rework од 37 signals Amazon
Читам специфична литература, така да не знам колку ќе ви биде интересна, па затоа ќе украдам еден review на англиски, од Сет Годин:
прилично провокативен и интригирачки review, ме интересира како ја најде книгава? дали некој ти ја препорача или ? и за што всушност се работи?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
прилично провокативен и интригирачки review, ме интересира како ја најде книгава? дали некој ти ја препорача или ? и за што всушност се работи?
За книгава прочитав на iBrand.mk, можеби и претходно ја сретнав негде, ама не сум сигурен. Ja имав ставено на „листа за чекање“ за купување, ама купив Kindle па ја читав на него. Книгата е наменета за млади претприемачи (оние кои се, оние што сакаат да бидат, а и оние кои не се ама сакаат ваква литература :)), за тоа што и како треба да направат за нивниот бизнис да успее, луѓето што ја имаат напишано книгата се сопственици на фирма за производство на Software и во книгата го пренесуваат нивното искуство за тоа како да се претвори добра идеја во бизнис, како да се започне со истиот, како да се справиш со конкуренцијата, како до подобра промоција на бизнисот, избор на вистинските вработени и создавање на претпознатлива бизнис култура... Книгата е феноменална, доста е корисна за млади економисти и луѓе кои се занимаваат со бизнис или сакаат да се занимаваат со бизнис.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Со мало задоцнување,Челенџ Аксептд ! :)

Годинава имам само една книга прочитано:Психологија на личност од Никола Рот,а моментално читам две книги; Швамбранија од Љ.Касиљ и Патот по кој ретко патуваме од Скот Пек.Кога ќе ги прочитам и двете ќе се навратам на темава да пишам рецензија и да обавестам за следните книги.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Прва книга- Опседната куќа- Вирџинија Вулф
2. Сестрата на Фројд- Гоце Смилевски.
3. Психоанализата и зен будизмот- Сузуки, Фром и Мартино Објаснувањето на Мартино е премногу апстрактно, тоа е последниот дел, инаку книгата е феноменална. Сузуки го критикува преценувањето на објективизмот, интелектуализмот и механицизмот на западот, и дава објаснување на зен будизмот, а Фром го спојува со психоанализата. Кога ја читав сакав да препишам некој цитат од Фром овде, но после секоја страна изборот се менуваше, со што дојдов до заклучок, па мора да се прочита не може вака.
4. Илјада неверојатни сонца- Ја читав колку да оладам мозок дур ја завршам предходнава, и ок е книгата, мал вовед во случувањата во Авганистан од пред 20 години па навака, сега не се чувствувам толку неписмена што се однесува на ова прашање.
5. Животинска фарма- Џорџ Орвел
Јас сум една од оние три кокошки кои протестираа 5 дена па си се вратија во гнездата да несат јајца :)
6. 1984- Џорџ Орвел
Не се заебавајте, читајте го Орвел. Татко ми е убеден дека тој всушност дава критика на комунизмот и социјализмот, но суштинските работи во книгите на Орвел се случуваат во досега секое општествено уредување.
7. Ерос и цивилизација- Маркусе Книгава ми е предизвик за 2012. Не знам кога ќе ја дочитам, почната е, прекрасна е, нема македонски превод, али кога ќе ја дочитам ќе направам една од најмерачките рецензии на книги.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
1.„Братството на Ружата“-Дејвид Морел
2.„Редот на каменот“-Дејвид Морел
3.„Тестамент“-Дејвид Морел
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
9. 101 зен приказна
Книгава се состои од 101 приказниче големи максимум една страна. Од нив мене три ми се свидеа. Другите ми беа глупи, незавршени и без поента,

10. Хофман - мислам дека се вика Романтични приказни
Книгава ја обработувавме во средно и тогаш бев воодушевена. Сега не ми беше ништо посебно. Не би јачитала пак.
Збирка од приказни е, во кои преовладува мистериозното и уметноста.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Враќање, наука за реинкарнација - Врз основа на учењата на Шри Шримад.
1 и 1/2. Вегетатијански начин на живот - Роланд Цурер и Армин Ризи

Вегетаријанството одсекогаш ми е било предизвик. Ова книжуле ( од 60-ина страни) ја укажува неопходноста од вегетаријанскиот начин на исхрана осврнувајќи се на здраствениот, еколошкиот, етичкиот и религиозниот аспект. Книгата е во голема мера брутална , како би го постигнала саканиот ефект. Меѓу најпознатите вегетаријанци спаѓаат: Буда, Питагора, Сократ, Платон, Аристотел, Хорацие, Овидие, Сенека, Платон, Леонардо Да Винчи, Исак Љутн, Волтер, Жан Жак Русо, Лав Толстој, Никола Тесла, Махатма Ганди, Алберт Ајнштајн, Франц Кафка... Листата е долга,ова книжуле ( колку сакате сметајте ме за лабилна личност) во голема мера ме освести. И не сум вегетаријанесц денес, сигурно нема да бидам ни утре, али книгава ми се чини конечно ми даде сериозна причина да размислувам за премин кон таквиот начин на живот.
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Малку доцнам со гледање на темава, ама и онака си поставив цел годинава да прочитам 30 книги, ќе пробам и до 40 да стигнам.

#1 “Вечерва и засекогаш“ - Нора Робертс
Интересно љубовно романче. Малечко е, за саат време го прочитав. Се раскажува за љубовта помеѓу еден писател и познавачка на индијанските племиња која што ќе отседне кај него ќе му помага при создавањето на неговата книга, и во меѓувреме се заљубуваат еден во друг. Тие се сосема различни, но токму приказната раскажана на овие страници покажува како спротивностите се привлекуваат.

#2 “На прв поглед“ - Николас Спаркс
Уште еден роман на Спаркс што ме расплакал на повеќе пати. Наменета да биде своевидно продолжение на “Вистински верник“, оваа книга ја продолжува приказната за двајцата главни ликови - Џереми и Лекси, кои иако се познаваат многу кратко време, стапуваат во брак. Тој бил и претходно оженет но се развел поради тоа што не можел да има деца. За некое чудо, Лесли останува бремена од него. Животот на Џереми се менува - тој остава се што имал во Њујорк и се преселува во малото гратче Бун Крик, и одеднаш дури и најситните избори треба да бидат во склад со барањата за функционалност. Целата приказна не би била интересна доколку го нема пресвртниот момент - кога тој добива анонимна порака која гласи - Од каде знаеш дека детето е твое? Започнуваат сомнежите... но на крај сепак, љубовта повторно победува.

# 3 “Степски волк“ - Херман Хесе
Оваа книга ми одзеде речиси цел месец, бидејќи ја читав бавно и честопати и неколкупати се навраќав назад. Добро, малку и испитната сесија беше крива :D . Симболичната претставеност на степскиот волк преку ликот на Хари Халер, проследен со автобиографската нишка која Хесе ја вметнал во оваа книга, создава една доста длабока и темелна книга, која што дефинитивно си ја заслужила Нобеловата награда за литература. Честопати ми беше тешка за разбирање, и неколку реченици ги препрочитував и неколкупати, но сепак вреди за секоја минута потрошена на неа.

# 4 “Sex killers“ - Richard Glyn Jones
Книгава ја почнав пред некој ден, пополека ја читам бидејќи наидувам и на непознати зборови (на англиски е). Во неа се проучени дваесет најзабележителни видови на тн. “сексуални убиства“. Покрива широк обем на случаи, од љубомора и силување па се до Сатанизам и некрофилизам. Едно одлично истражување на врската помеѓу сексот, сексуалната желба и убиството. Многу ми е интересна, сеуште ја читам некаде до половина сум, и мислам дека за брзо време ќе ја завршам.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
И јас два месеца покасно реагирам, ама

Досега ги прочитав:
1. Explosive Eighteen - Janet Evanovich
- ја почнав годината со лимонада книги. Се работи за една девојка која случајно и несакајќи влетува во организиран криминал. Интересна, лесна книга, ја препорачувам за читање на плажа (иако ја читав на 02.01) :)
2. Три метри над небото - Федерико Моча
- тинејџерско книжуле. Не можам да кажам дека се чувствувам интелектуално побогата што сум ја прочитала, всушност, не знам ни зошто ја дочитав книгата, во неповрат ми отидоа неколку саата и мозочни клетки. :cautious:
3. Љубов на југ - Хелена Фрит Пауел
- исто како и погорните две, прилично лесна книга, не бара ангажман на мозокот. Речиси љубовно романче, двајца англичани се доселуваат во Франција, жената кратко време по доселувањето дознава дека мажот ја изневерува, се разведуваат и книгата ја опишува нејзината "борба" да го одржи имотот и сепарационата криза. 3/5, ако немате попаметна работа, може да ја прочитате.
4. Ден после ноќта - Анита Дајамант
- приказна за Евреите кои по Втората Светска Војна се иселувале во Израел. Со оглед на тоа што тој период од историјата ми е особено интересен, и книгава ми беше интересна. Убаво напишани и верно доловени се приказните на неколку девојки кои биле во логорите низ Европа и начинот на кој се справуваат со последиците од сѐ тоа.
5. Extremely Loud & Incredibly Close - Jonathan Safran Foer
- книгата по која е правен истоимениот филм. Главниот лик, Оскар е во суштина едно малку размазено детиште кое е и иритантно на одредено ниво, но интересен е концептот на книгата дека не треба да се задлабочуваме во плиткости.
6. The Templar Salvation - Raymond Khoury
- книга од "темпларската" серија на Кури, продолжение на The Last Templar. Успеа да ме навлече да ја прочитам за еден ден, исклучително интересна, напната и возбудлива книга.
7. The Midas Code - Boyd Morrison
- Morrison го направил главниот лик во книгава според своите лик и дело, пробувајќи да се претстави како најголем фраер во маало, ама книгата е средно жалосна. Многу наликува на Кодот на Да Винчи, како пола од работите да се препишани од Ден Браун.
8. Summer in the City - Candace Bushnell
- prequel на Sex and the City. Ја препорачувам на секој љубител на истата.
9. The Family - It's in the Blood - Martina Cole
- книга за семејство од мафијата во Ирска, односно за психопатите во истото. Релативно тешка за читање затоа што има експлицитни сцени. Покажува до каде е човек спремен да оди за свои замислени цели и колку може еден социопат/психопат да ги заслепи луѓето околу себе.
Во моментов ја читам Alone in Berlin од Hans Fallada, дејството се случува во Втората Светска Војна во Берлин (како што и насловот кажува, нели), ама ја направив како индиска серија, по 3 страни читам пред спиење, кога ќе ја завршам ќе ја вбројам и таа :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
пред некоја недела на електро приметив дека делат некоја книга, се заинтересирав и требаше да пополнам едно ливче само и да ми ја дадат. Ништо не губев, и се заинтересирав, испадна дека се некое христијанско движење (јас сум атеист и против сите религии) и со дечкото направивме една дискусија во врска со тоа тој се обидуваше да ме убеди со некои прашања со тоа дали сум ја разбрал пораката на библијата, што ќе биде после смртта и така натаму. Но јас сум уверен во мојот став и доста самоуверено и лесно ги одговарав неговите прашања што мислам дека јас него почнав да му делувам во обратна насока :ROFLMAO:
Ми рече прочитај ја книгава нешо, трилер акција, "Сведокот" од Џош Мекдауел знаев дека ќе има некое перење на мозок во смисла на господ, бог, грев, и такви работи но го земав за предизвик. Книгата не беше многу интересна не е нешто посебно.
Се работи за ликот Марвин кој ќе се најде во ситуација како сведок на убиства, киднапирања, уцени спроведени од професионалци потонати во светот на заговорите и криминалот. Се обидуваат да се ослободат од него, му ги препишуваат делата на него и го прават главен осомничен. Нема друг избор освен да бега. Неговото бегање е исполнето со доста авантури во која што ќе ја најде и неговата љубов. Но тој се крие зад друг идентитет.
На крајот почнува делот со господ односно кога Марвин се просветлува и почнува да верува во Господ бла бла .. и хепи енд.
со ова ја прочитав четвртата книга за оваа година.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Книга бр.5 - Пиреј - Петре М. Андреевски

- Книгата е ремек дело и мислам дека е срамота некој да каже дека ја нема прочитано. Дејството се одвива за време на двете светски војни, а тешкиот живот на македонскиот човек ни е даден преку животот на Велика и Јон Мегленоски чии пет деца ќе умрат од глад и болести за време на
I светска војна. Ова е еден роман за опстојувањето на македонкиот човек (народ) кој е како пиреј (троскотна трева која колку и да ја корнеш, никогаш целосно не можеш да ја искорнеш).

Книга бр.6 - Зоја - Паскал Гилевски

Уште едно маестрално дело од редот на македонските автори кое ќе ве наврати на тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство и борбата за ослободување.
Низ целиот роман го следиме животот на петнаестгодишната Зоја, најубавата девојка во селото Сетома и нејзината трагична судбина. Таа по своја волја бега од дома и доброволно се потурчува за да стане анамка на спаијата Али кои веќе има една жена и пет деца. Таа мисли дека го сака Али, но кога поминува нејзината заблуда и сфаќа дека направила катастрофална грешка, веќе е премногу доцна. Таа бега од куќата на Али, но никој не сака да ја прими затоа што го предава својот народ и ја сменила верата. Нејзин единствен спас е комитот Вангел кој освен што ќе ја спаси, ќе ја научи и дека не е битно кому ќе го дадеш телото туку душата. Проследен со еротски делови романот ќе се наврати на минатото кога македонскиот народ е растргнат меѓу србите, бугарите и грците, без своја земја - Македонија.
Преку љубовната приказна на Зоја ќе научите т.е ќе се потсетите и на нешто од историјата на нашиот народ што секој треба да го знае.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom