Внимание: Отровна детска чаша од Џамбо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
928
Поени од реакции
312
Локација
Битола, Македонија
Погледнете ја сликата и ќе ви биди јасно за што зборувам.

521973179.jpg

Значи, замислете, во детска чаша, шоља, има ставено олово, кое знаеме дека е отровно, завиткано во кинески весник....мизерија!
Мислам, мора некој да одговара за овие работи, како можи да се дозволи увоз на вакви работи, нема некоја институција задолжена за проверка на производите што се внесуваат во МК.
Не е прв пат, а нема да биди ни последен, знам за отровните детски играчки од Кина, имаше забрана во Европа, па се сетија и кај нас...ама да не биди касно?!

Извор, 2
 
Ако се проверуваат овие работи како што треба на царините и терминалите нема да има вакви работи. Работата е што "газдите" ќе фрлат некој денар од страна и робата ќе му биде пропуштена за влез во Македонија и после ќе пијат мали деца од овие чаши...
 
Луѓето задолжени за инспекција и проверка на производите пред да се фрлат во оптек во Џамбо на граѓанска правда на плоштад !
 
Отровна - не.
Неквалитетна - да.

За оловото да стане отровно прво треба детето да ја отвори чашата и оловото да го внесе во организмот, после оловото да се растопи во желудникот (!) па да влезе во крвта.
Го прекршува законот - да.
 
Која е функцијата на оловото во чашата? Зошто воопшто е на неа?
 
Отровна - не.
Неквалитетна - да.

За оловото да стане отровно прво треба детето да ја отвори чашата и оловото да го внесе во организмот, после оловото да се растопи во желудникот (!) па да влезе во крвта.

И ти како родител 24/7 ќе ги контролираш чашата (дали се скршила напукнала,и дали има олово на надворешните делови) и детето дали ќе дојде во допир со истата?Ти да не ги увезуваш чашиве?

Секој ден се повеќе и повеќе штрумфови текнувала на форумов.:cautious:
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 23:56 ---
Која е функцијата на оловото во чашата? Зошто воопшто е на неа?

Најверојатно да биде постабилна.
 
Која е функцијата на оловото во чашата? Зошто воопшто е на неа?
Тежина! Оловото е тежок метал, а чашата има полукружна основа и за да стои исправена, да не паѓа, мора да има нешто тешко на газерот.
 
Тежина! Оловото е тежок метал, а чашата има полукружна основа и за да стои исправена, да не паѓа, мора да има нешто тешко на газерот.
А најефтино е парче олово во кинески весник :-)
 
Јас одамна зборувам дека кинезиве ќе не уништат сите. Ептен ми се одвратни, со нивната надуена вештачка економија, со масовното преплавуавање на пазарот на се и сешто со нивната ефтина и неквалитетна роба и со фактот дека милиони работни места во светот и кај нас се изгубени заради нив.
 
Тежина! Оловото е тежок метал, а чашата има полукружна основа и за да стои исправена, да не паѓа, мора да има нешто тешко на газерот.

Хахаха тиб*м глупите кинези баш олово морале да стават за да ја исполни таа функција?? Има милион други безопасни материи кои би можеле да ја вршат истата функција? Дали им се исплати олово да сптават, ефтино ли е?
 
Тоа им било најдостапно, ако вршело работа и со го*на ќе ја напунеле не се сомневам.
 
Погледнете ја сликата и ќе ви биди јасно за што зборувам.

521973179.jpg

Значи, замислете, во детска чаша, шоља, има ставено олово, кое знаеме дека е отровно, завиткано во кинески весник....мизерија!
Мислам, мора некој да одговара за овие работи, како можи да се дозволи увоз на вакви работи, нема некоја институција задолжена за проверка на производите што се внесуваат во МК.
Не е прв пат, а нема да биди ни последен, знам за отровните детски играчки од Кина, имаше забрана во Европа, па се сетија и кај нас...ама да не биди касно?!

Извор, 2

А само ако си дете може да те отруе?
 
А само ако си дете може да те отруе?
normalno deka ne ama sprored formata na casata mislam deka najveke decata upotrebuvaat vakvi casi taka da na niv najprvo se misli vo slucajov...
+ decata imaat poslab imunitet od vozrasnite i ne razbiraat sto moze da im nasteti za razlika od vozrasnite :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom