Па, знаеш, постои една добра изрека за ротвајлерот, ти ќе влезеш внатре без проблем, но прашањето е дали воопшто ќе излезеш
Не се лаачи, воопшто не испуштаат глас, а тоа е нешто што секого би требало да го загрижува доколку не го познава кучето. Не џабе е речено, не плаши се од куче што лае туку од тоа што не лае.
Јас конкретно со мојава лепотица имав едно слично искуство, кога за прв пат покажа територијалност и одбрана на истата територија. Јас на работа, ја праќам една другарка да отиде до кај мене дома да земе нешто, и давам клуч поштено, не се замарам со кучево, знам дека е мирно НО- она си влегла кај мене поштено, си земала што имаше да земе, ама ете ти проблем- кучкава седнува пред влезна врата и не ја пушта да искочи! Другаркава пробува да се допре до квака, кучкава рже и ја гледа дирекно у очи. Ми се јавува девојчево и ми кажува што се случува, мене не ми се верува! И викам седи, не праи чекор напред да не напраиме глупост, и душичка она, не можеше да искочи од кај мене дома дур ја да се вратам од работа.
Ротвајлер нема да ти лае кога ќе влезеш, но реалноста е тоа што нема да те пушти да искочиш надвор, останатото е на тебе
И само да се надополнам, ако немаш претходно искуство со минимум 5 кучиња- не си човек кој што треба да чува ротвајлер. Они се доста специфична раса, во грешни раце на неискусни лесно можат да постанат машини за убивање, што реално може да ти направи доста проблеми во живот. Тоа се кучиња кои можат да постигнат и маса од 70 кг. па сега види ти дал можеш да се носиш со тие мускули. Не станува збор за физичка сила на сопственикот- спротивно, мораш да бидеш доста спремен психички. Ова не е куче што јас би го препорачала на секого. Најгрешната проценка што ја прават луѓево кога ќе ме видат со мојава е... леле они се перфектни и јас ќе си земам ротвајлер! НЕЕЕЕ!!!! Тоа е мојата реакција.
Колку само сум вложила во себе и во нејзе да ја направам ова што е денес само јас си знам. Така да, размисли уште еднаш дали е ова раса за тебе или не.
А за чувари, немаш потреба у опште на никаков тренинг. Они си се професионалци за тоа и си го носат во ген. Тие ти се кучиња што не покажуваат страв пред ништо и ништо не може да ги предомисли ако они се решени за напад. Прекрасни чувари, прекрасно друштво за секого што знае како треба со овие кучиња. Не се премногу активна раса, но тоа не значи дека не можат да ја издржат секоја можна активност што ќе му ја зададете. Обавезно тренинг од најмала возраст, ако сакате да го видете најдоброто од нив.
Како стоиш со алфа статусот?
Тоа ти е единствено решение- ништо друго.
Јас конкретно го имав овој проблем, само зафрканцијата кај мене е што проблемов го имав со ротвајлер а не со ретривер. Се зависи од тоа како ти реагираш на одредени ситуации. Ништо друго. Користи маска, пуштај го со маска во глутница од кучиња, најмала одлика на агресивност корегирај. Нека свати дека ти ја имаш контролата. Проблемот ќе исчезне преку ноќ. Јас пробав и со тренери, сите кренаа раце од неа, на сите им беше страв да работата со неа, али јас сама си го решив проблемот. Неколку корекции и тоа беше тоа.
Ако ти треба конкретна помош - секогаш сум тука да помогнам
У право си, све зависи од сопственикот, но понекогаш најголема улога игра расата на кучето. Повторно ќе напоменам, ротвајлерите не се лаачи, ако они залаат тоа значи си ја поминал крајната граница и веќе нема назад... за жал....