Од кого, кога, зашто, каде и како Е Исус помазан?
А воа е неточно...
Кога Христос се бунтувал против римската окупациона власт?
Помазување (прогласување) на крал, (во Јуејската традиција) се извршувало и со потурување на косата со скапоцено масло (миро).
Дали на Исус му е направен таков обред?
Да, Го имаме и кај Марко 14 и Матеј 26. Некој си жена (кај Јован тоа би била Марија - сестрата на Лазар) муистура на глава шишенце скапоцено миро.
Дали е тоа нешто посебно за да се помене?
Да затоа што тоа масло (едно шишенце) коштало над 300 денарија. 300 денарија се денешен еквивалент од 9.000 - 10.000 долари. Толку било скапоцено и затоа и се користело да се ознчи некој за крал.
Према Јован, тоа помазување се случило ден пред исус да влезе во Ерусалем. Како Исус влегол во ерусалем? Исус влегува јавајќи на магаре, а од народот е поздравуван како наследник на семето Давидово - како престолонаследник. Кај Захарије стои дека месијата - крал ќе дојава на магаре.
Исус како крал ма Израле го признаваа и приатели и неприатели. Уште кога се роди тројцата мудреци побараа да у се поклонат на кралот на Израел, му се обраќаа како крал, го оптужија дека е крал и го распнаа оти е крал.
Во тоа време Јудеја беше под окупација на Римјаните. Римска управа, римски закони, римска војска и римски цар над Јудеја. Една земја не може да има 2 владетели. Самото претендирање на Исус како престолонаследник и полноправен владател на Јудеја (и другите делови на Израел) автоматски значи и спротиставување на рим, римска власт и римски цар. Јудеја не престануваше да се бунтова и крева востанија и се бори против римјаните. Во тоа најенергични, најхрабри и најистрајни беа зелотите. Тие се бореа и убиваа и римјани и секого кој соработуваше со римските окупатори. Дали исус имаше врска со зелотите? Да, меѓу апостолите на Исус имаше еден а можеби и повеќе зелоти. Симон Зелот е специфично наведен дека бил борец против римската власт, Исус бара од неговите следбеници да ако треба и наметките си ги продадат но да си купат мечови, Исус врши напад во храмот со своите луѓе и ги превртува тезгите на менувачите. Јудеја повторувам беше под римска власт и управа, за безбедноста на Јудеја, за мирот, се грижеа римската власт и војска. Ни римјани ни сопственици на тезгите нема да седат мирни ако некој почне да ги шутира нивните пари, заработка, капитал и печалба освен ако тој шо ги шутира и преврќа не е под заштита на поголема група вооружени другари. Од тие пари храмот плаќаше свои свештеници, даноци, и дел одеше и во рацете на римската власт. Во тоа време кога Исус ги преврќаше тезгите, беше нападнат и римскиот гарнизон во Ерусалем од страна на бараба и неговите луѓе
Колку сериозно Рим ја сфати заканата од страна на Исус и неговите следбеници?
Многу!. За да го зароби Исус Римскиот управител издвоил една римска кохорта не сметајќи ги еврејските помошни единици. Една кохорта брои 600 римски легионери а во земјите каде имаа и додатни единици заедно со нив броеше и до над 2000 војници. Значи за Рим Исус беше сериозна закана. Рим го владееше речиси цел позат свет. Имаше за тоа време совршено разработени воени единици, управа, власт, закони, архиви, податоци, и римскиот управител добро знаел кој е Исус и што преставува. Затоа и го осуди на смрт со распмување, (казна која се извршуваше над неприатели на Рим) затоа и на крстот стави знак зошто е распнат (Исус Христ, крал јудејски) затоа и е распнат заедно со два зелоти (лестаи) околу него затоа и Тацит за Исус кажува како бунтовник против Рим.