Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.

Покрај секој респект кон секое начелство, секоја власт, секоја партија, секоја конфесија, секоја традиција, секоја деноминација, секоја нација ..., но сепак безкрајно поважно од се’ заедно е Првородената и Се’опфатна Мудрост БОЖЈА во Исус Христос, Кој е Нејзината Прачиста Инкарнација!

Толку е лесно и едноставно да се разбере Спасението, но без вера која што доаѓа од детското срце - невозможно е!

.
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев, Матеј 11:25 ...)

.7
Спирос што правиме со апокрифните евангелија?

Beware that no one lead you astray saying Lo here or lo there! For the Son of Man is within you.
http://www.gnosis.org/library/marygosp.htm
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Спирос што правиме со апокрифните евангелија?

...
Духот и Словото БОЖЈЕ (Божјиот Логос) е безкрајно повеќе од сите вистински апокрифи и сите вистински писма заедно! :)

А за лажните пак и да не зборуваме. Со ними чедата на лагата нека си ја ладат душата!

А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на се’, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

(1 Јован 2:27)

.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.458
Поени од реакции
5.153

Така е Спирос, брате. Имаш поддршка од мене!
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 01:50 ---
Шубо му кажа!
Се најдоа двајцата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на се’, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

(1 Јован 2:27)

.
Исус никого не помазал. Помазанието беше обред во кој некој станува крал и владател на некое кралство. Со скапоцено масло се потурува косата и(ли) телото престолонаследникот и тој добива титула крал. Исус бил помазан пошто по татко му Јосиф потекнувал од аристократска - кралска лоза на династијата на Давид и требаше да биде крал на Израел но Римјаните го фатија поради бунт против римското царство и го осудија за бунт и го убија.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Духот и Словото БОЖЈЕ (Божјиот Логос) е безкрајно повеќе од сите вистински апокрифи и сите вистински писма заедно! :)

А за лажните пак и да не зборуваме. Со ними чедата на лагата нека си ја ладат душата!
.

Спирос бе од кога и зборот логос дојде во корелација со Бог и религијата:eek:

Отиде светов у к....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Види во Јован, 1.1.

Таму стои изразот „слово„, т.е. „логос„, т.е. „мисла„. Кога Светиите кажуваат каква е релацијата меѓу Отецот и Синот, Светиите не случајно ја наведуваат таа релација слично на релацијата меѓу умот и мислата: како што Отецот Го има Синот неразделно, така и умот ја има мислата/логосот, нераздвојно. Не постои ум кој не мисли и не може мислата да постои надвор од умот. :P
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:29 ---
Исус никого не помазал. Помазанието беше обред во кој некој станува крал и владател на некое кралство. Со скапоцено масло се потурува косата и(ли) телото престолонаследникот и тој добива титула крал.
До овдеа е точно...
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:30 ---
Исус бил помазан
Од кого, кога, зашто, каде и како Е Исус помазан?
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:30 ---
пошто по татко му Јосиф потекнувал од аристократска - кралска лоза на династијата на Давид

И воа е точно...
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 12:31 ---
но Римјаните го фатија поради бунт против римското царство и го осудија за бунт и го убија.
А воа е неточно...
Кога Христос се бунтувал против римската окупациона власт?
 
B

Black Guard

Гостин
Јас сум атеист а бев кум-тоа грев ли е мислам три пати се откажав од сатаната??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пред крштевањето, нашето свештенство има поставено минимум услов, кој треба да го исполни потенцијалниот кум, а тоа е идниот кум да биде крстен. По правило, самиот кум треба да биде верник, да е упатен во верата, оти кумот на крштевката треба да го знае Симболот од верата.

Тројното откажување од лукавиот, би било само формален чин, оти како атеист, не знаеш ниту од кого си се откажал, ниту кон кого си се приклонил, ниту што воопшто си направил со крштевањето: „тројно голо„.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Пред крштевањето, нашето свештенство има поставено минимум услов, кој треба да го исполни потенцијалниот кум, а тоа е идниот кум да биде крстен. По правило, самиот кум треба да биде верник, да е упатен во верата, оти кумот на крштевката треба да го знае Симболот од верата.

Тројното откажување од лукавиот, би било само формален чин, оти како атеист, не знаеш ниту од кого си се откажал, ниту кон кого си се приклонил, ниту што воопшто си направил со крштевањето: „тројно голо„.
Мене крштевањето ми изгледа бајаги паганско. Мачкање со мириси, плукање, стоење на една нога, замивање, прскање со миризливи тревки, сечење коса небаре вуду магија. :icon_lol:
 
M

Muranyi

Гостин
А што е уствари целта на крштевањето?Зошто се крштеваат Христијаните и што добиваат со тоа?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Од кого, кога, зашто, каде и како Е Исус помазан?

А воа е неточно...
Кога Христос се бунтувал против римската окупациона власт?
Помазување (прогласување) на крал, (во Јуејската традиција) се извршувало и со потурување на косата со скапоцено масло (миро).
Дали на Исус му е направен таков обред?
Да, Го имаме и кај Марко 14 и Матеј 26. Некој си жена (кај Јован тоа би била Марија - сестрата на Лазар) муистура на глава шишенце скапоцено миро.
Дали е тоа нешто посебно за да се помене?
Да затоа што тоа масло (едно шишенце) коштало над 300 денарија. 300 денарија се денешен еквивалент од 9.000 - 10.000 долари. Толку било скапоцено и затоа и се користело да се ознчи некој за крал.
Према Јован, тоа помазување се случило ден пред исус да влезе во Ерусалем. Како Исус влегол во ерусалем? Исус влегува јавајќи на магаре, а од народот е поздравуван како наследник на семето Давидово - како престолонаследник. Кај Захарије стои дека месијата - крал ќе дојава на магаре.
Исус како крал ма Израле го признаваа и приатели и неприатели. Уште кога се роди тројцата мудреци побараа да у се поклонат на кралот на Израел, му се обраќаа како крал, го оптужија дека е крал и го распнаа оти е крал.
Во тоа време Јудеја беше под окупација на Римјаните. Римска управа, римски закони, римска војска и римски цар над Јудеја. Една земја не може да има 2 владетели. Самото претендирање на Исус како престолонаследник и полноправен владател на Јудеја (и другите делови на Израел) автоматски значи и спротиставување на рим, римска власт и римски цар. Јудеја не престануваше да се бунтова и крева востанија и се бори против римјаните. Во тоа најенергични, најхрабри и најистрајни беа зелотите. Тие се бореа и убиваа и римјани и секого кој соработуваше со римските окупатори. Дали исус имаше врска со зелотите? Да, меѓу апостолите на Исус имаше еден а можеби и повеќе зелоти. Симон Зелот е специфично наведен дека бил борец против римската власт, Исус бара од неговите следбеници да ако треба и наметките си ги продадат но да си купат мечови, Исус врши напад во храмот со своите луѓе и ги превртува тезгите на менувачите. Јудеја повторувам беше под римска власт и управа, за безбедноста на Јудеја, за мирот, се грижеа римската власт и војска. Ни римјани ни сопственици на тезгите нема да седат мирни ако некој почне да ги шутира нивните пари, заработка, капитал и печалба освен ако тој шо ги шутира и преврќа не е под заштита на поголема група вооружени другари. Од тие пари храмот плаќаше свои свештеници, даноци, и дел одеше и во рацете на римската власт. Во тоа време кога Исус ги преврќаше тезгите, беше нападнат и римскиот гарнизон во Ерусалем од страна на бараба и неговите луѓе
Колку сериозно Рим ја сфати заканата од страна на Исус и неговите следбеници?
Многу!. За да го зароби Исус Римскиот управител издвоил една римска кохорта не сметајќи ги еврејските помошни единици. Една кохорта брои 600 римски легионери а во земјите каде имаа и додатни единици заедно со нив броеше и до над 2000 војници. Значи за Рим Исус беше сериозна закана. Рим го владееше речиси цел позат свет. Имаше за тоа време совршено разработени воени единици, управа, власт, закони, архиви, податоци, и римскиот управител добро знаел кој е Исус и што преставува. Затоа и го осуди на смрт со распмување, (казна која се извршуваше над неприатели на Рим) затоа и на крстот стави знак зошто е распнат (Исус Христ, крал јудејски) затоа и е распнат заедно со два зелоти (лестаи) околу него затоа и Тацит за Исус кажува како бунтовник против Рим.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што стори, бе чоек....Ного текст си изнапишаја...:icon_lol:
И ного произволни толкувања, разбираш.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 18:25 ---
Мене крштевањето ми изгледа бајаги паганско. Мачкање со мириси, плукање, стоење на една нога, замивање, прскање со миризливи тревки, сечење коса небаре вуду магија. :icon_lol:
Ааааааа, па сеа, крштевањето е или не е магија. Не може да постојат две „вуду„ магии, оти има само една таква сорта од магии. Така, крштевањето не е магија, упште помалку „вуду„ (Бог да чува...), туку крштевањето е една од седумте Свети Тајни во Црквата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom