Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
Мое мислење е дека бројот на страниците на една книга не го одредува и квалитетот на самата книга. Ми се случува да прочитам книга со 200 до 300 страници и да ми се допадне многу, а да не биде "срање". Исто така има и романи што сум ги прочитала со 500 страници и не ми оставиле некој многу убав впечаток.
не мислев дека квалитетот на книгите се одредува со бројот на страниците, туку во поглед на времето, 40 книги не се многу ако се во просек по 300-400 страници, но некои од да речеме Војна и Мир што е во 4 тома, таа одзема многу време, дека за одреден период може да се прочитаат 5 книги или само една
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16

Очигледно дошло до недоразбирање. Како што разбрав јас, ете да ја земеме "Војна и мир", сите 4 тома всушност се земаат како 4 книги, барем што се однесува до мене јас сметам дека така е и правилно. Затоа што без разлика што се работи за една книга поделена на неколку делови, тие делови сепак се третираат како различни едн од друг дел, како посебни книги.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
не мислев дека квалитетот на книгите се одредува со бројот на страниците, туку во поглед на времето, 40 книги не се многу ако се во просек по 300-400 страници, но некои од да речеме Војна и Мир што е во 4 тома, таа одзема многу време, дека за одреден период може да се прочитаат 5 книги или само една
читањето е лично задоволство инаку ако мислиш дека таа книга вреди за 4 книги тогаш така рачунај ја. предизвикот го правиш за тебе. Кога ќе ги прочиташ тие "40" книги не е што ќе речат "другите" дали не се 40 зошо тоа е една книга или не, туку чувството ти што ќе го имаш во врска со тоа
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
01. A Study in Scarlet - Sir Arthur Conan Doyle
02. The Sign of the Four - Sir Arthur Conan Doyle
03.The Adventures of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
04.The Memoirs of Sherlock Holmes - Sir Arthur Conan Doyle
Уште 11 short stories со Шерлок Холмс, меѓу кои и една од најпознатите, The final problem каде неговиот најголем противник се појавува, професорот Мориарти.
 
nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
читањето е лично задоволство инаку ако мислиш дека таа книга вреди за 4 книги тогаш така рачунај ја. предизвикот го правиш за тебе. Кога ќе ги прочиташ тие "40" книги не е што ќе речат "другите" дали не се 40 зошо тоа е една книга или не, туку чувството ти што ќе го имаш во врска со тоа
епа ако е така, предизвикот прифатен :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
читањето е лично задоволство инаку ако мислиш дека таа книга вреди за 4 книги тогаш така рачунај ја. предизвикот го правиш за тебе. Кога ќе ги прочиташ тие "40" книги не е што ќе речат "другите" дали не се 40 зошо тоа е една книга или не, туку чувството ти што ќе го имаш во врска со тоа
Ееее сине тука те чекав, да си жив и здрав.
Досеа прочитана една - „љубов со мали букви“ од Франсеск Мираљез. Мало но симпатично книгиче. Нешто навидум на делата на Јустејн Горднер (Вилиб, ако читаш - зимај ја книгава), типот прогонет од минатото е натеран да го живее животот во навидум здодевен тек. Се` до оној момент кој се вселува Мишима - едно маче. И како ефектот на пеперутката - работите го менуваат својот тек. Тој со негова помош го запознава својот сосед кој ја отвара вратата полека на неговото минато, поготово спомените на неговото детство со девојчето со бакнеж на пеперутка.
Интересно романче, нема да ви земе некое време ама сепак ќе ве нурне во помислата, дали навистина сте тоа вие што посакавте да постанете.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Го прифаќам предизвикот (се надевам не е проблем што задоцнето се пријавувам).

Оваа година (од јануари навака) ги имам прочитано -

1. Ана Каренина - Л.Н.Толстој - едно од најпознатите дела на рускиот гениј, кое далеку ги надминува границите само на приказ на брачното неверство, бидејќи воедно е приказ и на едно време со своето уредување и превирања, интригите на високата општествена класа, сфаќањето на љубовта, пријателството, родителската улога, односот кон религијата и многу др. Толстој не напишал само роман, напишал историја.

2. Понижени и навредени - Ф.М. Достоевски
Маестрален приказ на ликовите и интересен тек на нарацијата, роман кој буди насмевки над непромисленоста на одредени(Аљоша), а презир над манипулативната препреденост на други ликови(неговиот татко, кнезот), а тука се и оние кои се сурово згазени и навредени(Наташа, татко и‘, малата Нели), но уште ја имаат силата на гордоста како противтежа.

3. Росхалде - Х.Хесе
Името на книгата е всушност името на имотот на семејството Верагут. Јохан е познат сликар, кој со сопругата Адела веќе со години е емотивно крајно отуѓен, дури и територијално се одвоени, сликарот престојува во своето ателје, надвор од замокот во кој е сопругата, единствено синот Пјер, слободно ги прегазува сите граници подигнати меѓу неговите родители... Доаѓањето на другарот од детството на Јохан - Ото и семејната трагедија, ќе го изменат мачното и мрачно секојдневие меѓу брачниот пар...

4. Сеќавање на моите тажни курви - Г.Г.Маркез
Малечка книга по обем, која иако не би можела да се мари со величествените дела од истиот автор, е веројатно (како што пишува и на корицата) еден од најхумористичните прикази на љубовта во литературата. Еден новинар на својот 90-ти роденден, бара девица, со која би ја минал ноќта. Инаку во неговото резиме има над 500 жени, со кои бил интимен, и на сите им платил, а сега за првпат се вљубува, на еден идеализиран и платонски начин, во малата 14 годишна шивачка на копчиња, од локалната фабрика.

5. Бесови (Демони) - Ф.М. Достоевски
Роман во кој се испреплетуваат мноштво ликови, иако тоа не и‘ пречи на нарацијата. Посебно би го издвоила ликот на Николај Ставрогин, веројатно еден од најкомплексните ликови во светската литература воопшто. Сите ликови (Верховенски, Кирилов, Шатов...) се водени од сопствените демони, во своите постапки, често и до сопственото или туѓо уништување, ама не би било фер да откријам што всушност претставуваат овие демони... оставам да го открие тоа секој читател самиот, воден низ овој мрачен, налудничав и хумористичен на моменти, во секој случај интересен роман, на еден од најголемите литературни гении и познавачи на човековата природата воопшто.

Моментално ја читам
6.Сенка на ветрот - К.Р.Зафон...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
2. Oд прва рака - приказна на 59 вработен на Google... или така нешто :) Мислам дека некој од членовите веќе ја спомена. Amazon sakampopust.mk
3. Starting something that matters од Blake Mycoskie - претприемачка приказна од човекот кој се вратил од Аргентина со идеја да основа фирма која ќе произведува традиционални аргентински чевли и за секој купен пар ќе подарува еден пар чевли за децата од Аргентина кои не може да си го дозволат тоа... Ја основа фирмата TOMS (tomorrow shoes) и супер му оди :D Amazon

И двете книги ги препорачувам за читање... ај втората малце повеќе, првата е голема и има премногу ликови што е тешко да се прати. Интересно е што некои ликови ги има и во двете книги :) И стварно е мн. тешко и да работиш и да студираш, па и да најдеш време за читање, се плашам дека нема да можам да прочитам доволно книги :pos: Наредна Steve Jobs by Walter Isaacson :)
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
#2 - Полноќна Палата - К.Р. Зафон

#3 - Странецот - Алберт Ками.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.554
читањето е лично задоволство инаку ако мислиш дека таа книга вреди за 4 книги тогаш така рачунај ја. предизвикот го правиш за тебе. Кога ќе ги прочиташ тие "40" книги не е што ќе речат "другите" дали не се 40 зошо тоа е една книга или не, туку чувството ти што ќе го имаш во врска со тоа

а) Зошто тогаш предлагаше сиситем на награди и трофеи, златни, сребрени, бронзени медаљи, ѓомити такмичење е ова?

б) Зошто во анкетата наместо понудени одговори прифаќам и не прифаќам, стојат опциите прифаќам и пази молим те НЕ САКАМ ПРЕДИЗВИЦИ. Дали со тоа ти наговестуваш дека тие што не прифаќаат по аутоматизам се луѓе пички у душа, плашливци и лабави карактери општо генерално во животот, или ги имаат тие атрибути кога е во прашање читањето книги, и тоа само затоа што не прифатиле да бидат од твојата тема-шема.

И да не се разбереме грешно, темава е сосем ок и идејата во глобала не е лоша, лоша ми е некако твојата намера и курназскиот пристап кои барем мене ми боде очи. Јас ова го доживувам во стилот еве сега јас отворам тема да видиме на кој му е поголем.... бројот на прочитани томови а тие што нема да прифатат се слабаци и пички. Значи ако не ти е проблем би сакал одговор на тие две работи-Што значи тоа не сакам предизвици, и зошто предложуваше систем на награди на тема која што си ја отворил со интенција да биде "благородна".
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Суси и јас на почетокот се почувствував вака се додека не го прочитав последното мислење на авторот, каде го има поправено мислењето. Мислам дека така да ја започнеше темата, ќе имаше уште повеќе “такмичари“. Идејата као поттик за читање е одлична, но мерењето е тоа што на некој начин не ми се допаѓа.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.554
Суси и јас на почетокот се почувствував вака се додека не го прочитав последното мислење на авторот, каде го има поправено мислењето. Мислам дека така да ја започнеше темата, ќе имаше уште повеќе “такмичари“. Идејата као поттик за читање е одлична, но мерењето е тоа што на некој начин не ми се допаѓа.
Се согласувам со постот. И јас мислам дека ќе имаше повеќе партиципанти да беше поинаку. Чекам да се изјасни авторот и да ми објасни зошто ја отворил темата на начинот на којшто ја отворил. Доколку се изјасни дека било гордост и курчење во прашање, веднага се повлекувам од натамошна дискусија.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
а) Зошто тогаш предлагаше сиситем на награди и трофеи, златни, сребрени, бронзени медаљи, ѓомити такмичење е ова?

б) Зошто во анкетата наместо понудени одговори прифаќам и не прифаќам, стојат опциите прифаќам и пази молим те НЕ САКАМ ПРЕДИЗВИЦИ. Дали со тоа ти наговестуваш дека тие што не прифаќаат по аутоматизам се луѓе пички у душа, плашливци и лабави карактери општо генерално во животот, или ги имаат тие атрибути кога е во прашање читањето книги, и тоа само затоа што не прифатиле да бидат од твојата тема-шема.

И да не се разбереме грешно, темава е сосем ок и идејата во глобала не е лоша, лоша ми е некако твојата намера и курназскиот пристап кои барем мене ми боде очи. Јас ова го доживувам во стилот еве сега јас отворам тема да видиме на кој му е поголем.... бројот на прочитани томови а тие што нема да прифатат се слабаци и пички. Значи ако не ти е проблем би сакал одговор на тие две работи-Што значи тоа не сакам предизвици, и зошто предложуваше систем на награди на тема која што си ја отворил со интенција да биде "благородна".
а) последниот коментар што го пишав ми е мислење уште од почетокот на темава само погрешно сме се разбрале. Инаку за системот трофеи го дадов како спонтан предлог мислејќи така можеби некои луѓе добиваат повеќе поттик за акција (од искуство дека доста голем број членови на форумов се егоисти) и колку и да се лажеме така дејствува целово наше општество. Целта не ми е да направам такмичење кој е поначитан или попаметен како што мислиш, туку да испровоцирам да инвестираат во себе.

б) Така ми дојде да го пишам а ти како сакаш сфати си го.

А тоа што го викаш "моја тема-шема" само ти го мислиш тоа и гледам дека усфари се чувствуваш "загрозен" и ме гледаш како "конкуренција". И самиот признаваш дека ти бодам во очи. Штета што ме доживуваш така.
Темава е наша на форумов и луѓето кои сакаат да учествуваат во неа.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
1.„Братството на Ружата“-Дејвид Морел
2.„Редот на каменот“-Дејвид Морел
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.554
а) последниот коментар што го пишав ми е мислење уште од почетокот на темава само погрешно сме се разбрале. Инаку за системот трофеи го дадов како спонтан предлог мислејќи така можеби некои луѓе добиваат повеќе поттик за акција (од искуство дека доста голем број членови на форумов се егоисти) и колку и да се лажеме така дејствува целово наше општество. Целта не ми е да направам такмичење кој е поначитан или попаметен како што мислиш, туку да испровоцирам да инвестираат во себе.

б) Така ми дојде да го пишам а ти како сакаш сфати си го.

А тоа што го викаш "моја тема-шема" само ти го мислиш тоа и гледам дека усфари се чувствуваш "загрозен" и ме гледаш како "конкуренција". И самиот признаваш дека ти бодам во очи. Штета што ме доживуваш така.
Темава е наша на форумов и луѓето кои сакаат да учествуваат во неа.
а) Чекај сега свесен си дека кажа еден убаво исфилувана оксиморонска реченица нели? Да, се согласувам дека егоисти ги врие. Ама таквите не ти требаат ако темата си ја напишал од т.н. ''да го збогатиме духот'' причина. Баш таквите не припаѓаат на темата. Ајде логички-системот за трофеи си го дал како спонтан предлог за повеќе поттик за акција. Кога системот на трофеи станува поттик за акција, тоа златен знаеш што е?

б) Сериозен си во ова објаснување-така ми дојде? Или не сакаш да одгвориш?

Не го мислам само јас тоа уште неколку луѓе го помислија, меѓу кои и Саладин кој сепак е малце подипломата за разлика од мене. Тоа твоја тема-шема го викам затоа што мислам дека твојот настап е таков. Загрозен, конкуренција за што, за виртуелно дејствување, чекај до тој стадиум не мислам да одам, си имам реален живот. Ти не ми бодеш во очи. Начинот и пристапот твој ми боде очи. Без разлика дали е од тебе, Трајче или Петко а не си првиот од форумов кој помислил дека имам нешто лично со него, еден дел од таквите после и ми станувале другари и тоа многу добри, замисли. Не е проблем и да си ја отворил темата како натпреварување само во тој случај немој да ја правиш "благородна". Темата е многу убава и заради тоа и луѓе прифатија да учествуваат, притоа незабележувајќи или забележувајќи ама замижувајќи пред тие двете точки што ги пишав погоре. Значи или си ја направил темата и по грешка и даде натпреварувачки и сепаратистички принцип (или прифаќаш или не сакаш предизвици и си муле), или си направил грешка при отворањето и објаснувањето. Тоа сакам да кажам. А далеку од тоа дека е страшно дека си згрешил или дека си ја отворил како такмичење. Само (барем мене) не ја претставувај во светло во коешто не е.

Саладине, и прееска и сега се разбираме што сакав да кажам, само што дружево сака да смота.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom