Стадионот на ЦСКА денеска.
За многу глупости во последно се замараат, на стадионот имало вештачка трева која ќе ја успорува топката, али тоа нема голема разлика меѓу обичната и вештачката трева. Да е голема разликата УЕФА не би ни дозволила да се игра на таков терен.
-6,7 степени е најниската температура која се прогнозира за утре, и тоа не би требало да претставува никаков проблем. Температурата е ниска, али сите се тие големи професионалци и со одредени психо-физички припреми тоа не би требало да биде проблем. Башка и тимот уште од вчера е таму, сигурно се повеќе и повеќе ќе се навикне на таа температура. Сигурно дека тоа многу повеќе ќе им одговара на ЦСКА, али не до толку да ние нема да можеме да се снајдеме.
ЦСКА е во никаква форма, сезоната одамна им е завршена, 3 месеци беа надвор од Русија, во Турција беа на припреми, подоцна и во Шпанија, кога Мурињо следеше нивен натпревар.
Мое мислење е дека уште утре ќе си обезбедиме четвртфинале.