(Стара) Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Стварно, Бенитез го нема надмудрено Ферги освен во куп натпревар. За нас подобро е Бенитез да остане, наш 12-ти играч е!
 

KL0$AR

I SEE DEAD PEOPLE
Член од
8 јануари 2008
Мислења
343
Поени од реакции
9
Од тој куп би ги издвоил Бекам, Гаго, Игуаин, Диого, Касано, Дренте, Самуел..........
Само Руд кој им го дадовме покажа нешто а другите катастрофа!
Тука може да влезе и Фиго,а мило ми е што не им успеа со кака,(како што нема да им испее и со Крис) затоа шо не смеат да пропаднат и тие великани.
DEVIL'S-LORD'S
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Абе ако збориме правилно, Бенитез МОРА ДА СИ ИДЕ ОД ЛИВЕРПУЛ, тотално ги упропасти, жал ми е за Ливерпул, увек губат од нас, баш 12-ти играч ни е Бенитез, многу неискусно постапува, желен за победа против нас, за титула ама не бива така.

Него Роналдо нема да си иде бе, не смееме да го дадеме, ем ќе се упропасти самиот, ем нема да биде среќен во Реал, ем и ние ќе бидеме многу послаби.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.917
Поени од реакции
11.714
Него Роналдо нема да си иде бе, не смееме да го дадеме, ем ќе се упропасти самиот, ем нема да биде среќен во Реал, ем и ние ќе бидеме многу послаби.
Абе се шпекулира дека наводно ќе си иде после Еуро 2008 ама се сомневам за такво нешто, нема шанса, башка самиот Шминкер изјави дека ќе остане во Ман Утд се додека тие го сакаат него, а дали тој го сака тимот во кој игра?... 21 гол од 25 натпревари засега сезонава, башка многу решени натпревари и тоа по негова заслуга, па мислам дека е јасно....
поздрав Џаволи
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Ако планираше да си оди немаше да потпишува договор до 2012 година, ако му е за парите Реал ќе му дадат 3 пати повеќе од Манчестер, меѓутоа не е се во парите, среќен е Роки во Манчестер...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Јас мислам дека не му ги доведоа Нани и Андерсон за џабе во Ман Ју. Тоа е за да му е поинтересно, да има повеќе другари и мислам дека успеаа во тоа. Да, договорот е до 2012 и може повторно да се продолжи! Нема потреба да заминува бидејќи ги доживува најдобрите денови во кариерата, каде е ценет и почитуван скоро колку Руни(овој е без конкуренција). Овие до сега што си заминувале биле или во залез на кариера, или формата им била во паѓање или се скарале со САФ. А Рони не е ни под а ни под б ни под в така да не се секирам многу! :salut:
 

DeViL-BoY

GlorY GlorY United
Член од
27 септември 2007
Мислења
282
Поени од реакции
0
Само тоа ке го речам дека во последната изјава рече дека не негира дека му се игра во Шпанија...Но сега вели сите знаеме дека сум во Јунајтед во клуб каде имам договор доста долг...Во клуб каде сум најсрекен моментално...Во клуб каде игра Нани и мило ми е поради тоа....Значи сум во клуб кој годинава размислувам само за Премиер и евентуално освојување на ЛШ....исто така вели Се надевам ке ме подржат и другите во тоа...(А тоа со Шпанија се си мислам дека сака да си го прави животот интересен) толку од мене поздрав до сите
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Абе не се замарајте за Реал и не читајте Ас И Марка па нормално е тие да пишуваат дека секој сакал во Реал тоа се нивни весници. Па погледнете дека во Реал се сите повредени затоа што немаат добар лекарски тим сигурно Роналдо не би сакал да оди таму и да се заебе со повреда. Тој "кажал" дека некој ден ке одел во Реал, да кога ќе има 40 колку да ги усреќи. Баталете сите тие шпекулации така работат Реал па и Барса секогаш кога имаат проблеми пуштаат информации дека ќе купат некој само да ги смират навивачите.
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
А да ве прашам што мислите за тоа дека ФА е под контрола на Арсенал. Никогаш до сега не ги казниле сетете се кога цел тим го тепаше Руд и само симболишно ги казнија некои играчи по еден меч, потоа колку пенали им се досудени и еве го последниот случај кога НЕ СЕ ОТВАРА постапка против Адебајор и Бентнер кои се тепаат на терен. Пред 2 год во Њукасл Даер и Боер ги казнија а сега не сакаат да го сторат истото. Кажете ми дали само јас го имам ова мислење дека ФА го фаворизира Арсенал или и вие го делите моето мислење.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.917
Поени од реакции
11.714
А да ве прашам што мислите за тоа дека ФА е под контрола на Арсенал. Никогаш до сега не ги казниле сетете се кога цел тим го тепаше Руд и само симболишно ги казнија некои играчи по еден меч, потоа колку пенали им се досудени и еве го последниот случај кога НЕ СЕ ОТВАРА постапка против Адебајор и Бентнер кои се тепаат на терен. Пред 2 год во Њукасл Даер и Боер ги казнија а сега не сакаат да го сторат истото. Кажете ми дали само јас го имам ова мислење дека ФА го фаворизира Арсенал или и вие го делите моето мислење.
Друже на сите ни изгледа така, ама има една работа, Фудбалска Асоцијација на Англија, башка што е лулка на фудбалот, башка што е најпопуларна лига на светот, докажана со класа играчи познати , сеуште во развој, непознати , ама квалитети од играчи кои што ги нема на ниедно друго место, си приметил ли дека секој може да игра во франција , италија, германија, шпанија, ама не и во Англија...хехе...
И поради сите тие пари што се вртат , циркуси итн... логично е да почнат конците да ги плетат влијателни фаци (пример во италија, франција, ...), ама сепак Англија си ја задржала тврдокорноста, строгоста, дисциплината итн..., и покрај сето тоа да нема далавери во таа сфера... Факт е дека се ригорозни а околу тепачката на циганот од того и пешлачето од данска, е спроведена постапка, ама сеуште се истражуваат детали, прочитај убаво на goal.com има малку напишано ама се знае што е поентата...Ништо не останува неказнето, доколку има причина за тоа, пример само во ПЛ и никаде на друго место....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
40 милиони фунти за Кристијано Роналдо
Кралскиот клуб од Мадрид најави дека наскоро ќе ја објави богата понуда за евентуален трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.
Според информациите Реал е подготвен да понуди 40 милиони фунти за шест годишен договор со ѕвездата на португалската репрезентација.
Вкупниот трансфер на Кристијано Роналдо на Сантијаго Бернабе би изнесувал околу 60 милиони фунти ако се земе в предвид дека на Манчестер Јунајтед му нуди обештетување во висина од 20 милиони.
Иако пред неколку дена се појави информација дека Реал се откажува од трката по Кристијано Роналдо сепак извори од клубот ги демантираат тие информации и истакнуваат дека тој е примарна цел на претседателот Рамон Калдерон во летниот преоден рок.

Link
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе шпекулации се, измислуваат по веснициве да се продаваат, да се зголеми тиражов!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom