Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Деби погодок на Ѕверот Огбона?
Иначе кој е таму, ако има некој таков и ги гледа мечевите... дајте известете ме како игра Огбона?
 
Почнуваме најскоро акција за промоција и уписи во младинската школа по училиштата во сите општини во Скопје. Инаку, имаше пред неколку месеци агенда за ова која се одложи заради регистрацијата во АД, која агенда беше дополнета со некои предлози и сугестии што ги имаше на овој форум. Не се сеќавам од кого точно беше, да му се заблагодарам за сугестиите што дел беа прифатени за начинот на рекламирање и слично.
Од тие причини брзаме да ги завршиме сите потребни процедури и со помошното игралиште за да личи и да се знае кај тренираат фудбалерите на Вардар од сите категории. Се надеваме дека ќе успееме во овој проект како еден од поголемите за оваа година
Точно е дека фудбалерите ќе останат во Анталија уште неколку дена заради што подобра подготовка, а датумот за со Динамо ќе биде определен кога ќе имаме конкретна временска рамка за завршување на стадионот. За секоја евентуална измена ќе бидете навремено известени

Ми текна.... благодарност до Вардар во срце
 
Деби погодок на Ѕверот Огбона?
Иначе кој е таму, ако има некој таков и ги гледа мечевите... дајте известете ме како игра Огбона?
Мислам дека имаше два гола дадено кога беше на проба, не се сеќавам точно мислам дека против Македонија ЃП игравме
 
Мислам дека имаше два гола дадено кога беше на проба, не се сеќавам точно мислам дека против Македонија ЃП игравме
Да да,даде два гола против Ѓорче.
 
^ Недела 4ти Март, братското дерби Вардар-Тетекс, натпреваров ќе се игра во Ѓорче :)
Кокта ќе биде преполнета, тоа е сигурно.

Последните две сезони откако Тетекс влезе во прва лига, секогаш имало одличен амбиент, солидна посетеност.

Вардар-Тетекс Август 2009та http://www.komiti.org/galerija/inde...oqMWU1ZjA1NzdkNjZkNzkyM2VjMmQ2MDQ2N2MwNTIxMmI

Вардар-Тетекс Април 2011та http://www.komiti.org/galerija/inde...ioyM2M2ZThmNzQ3ZjIxOGYxYzlhZDMxYzg3YzUzMjBmYg


Ова се фотографии од Комити, на натпреварите Вардар-Тетекс одиграни во Скопје.
На 4ти Март убеден сум дека ќе биде спетакл со уште поголема бројка, кореографија, пиротехника итн.
 
^
Сите чекаме со нетрпение само се надевам и дека навивањето ќе биде на екстра ниво за да им ги затнеме муцките на сите!!!! :)
 
А и браќата се спремаат како што видов така да одлично отварање на полусезонава ќе имаме и очекувам слична бројка како за прославата на есенската титула
 
Ме интересира дали некој може да ми каже дали само во сезоната 1992-1993 Вардар има освоено титула без ниту еден пораз или го имаат истото направено во некоја друга сезона?
 
Ме интересира дали некој може да ми каже дали само во сезоната 1992-1993 Вардар има освоено титула без ниту еден пораз или го имаат истото направено во некоја друга сезона?
Без пораз заврши и во сезоната 1994-95. Многу јак тим имаше Вардар тогаш. Најдобриот од осамoстојувањето на Македонија. Еве една слика од таа сезона:
Timskafotka.jpg

--- надополнето: 15 февруари 2012 во 18:12 ---
Без пораз заврши и во сезоната 1994-95. Многу јак тим имаше Вардар тогаш. Најдобриот од осамoстојувањето на Македонија. Еве една слика од таа сезона:
Timskafotka.jpg
Еве уште некои слики од таа сезона:
31816_101063743275498_1000011561766.jpg

Vardar1994-95.jpg


Емотивно сум приврзан за тој тим. Раснев со него, а и со голем дел од играчите лично се познавам. Единствено ми е криво, што овој тим поради сплет на околности, не остави белег во Европа. Не знам колку сте запознаени, ама првите две сезони од независноста, немавме претставници во натпреварувањата на УЕФА затоа што Македонија дури во 1994 стана нејзина членка. Единственото учество со Бекешчаба го упропасти Гого Јовчев поклонувајќи им гол на Маџарите (постарите дечки од форумов сигурно го паметат). Наредната година си заминаа некои од клучните играчи и тренерот Хаџиевски, и така тој екстра силен тим во полн состав само еднаш доби шанса да се испроба на европска сцена. После распродажбата на таа златна генерација, ни Вардар никогаш не беше така убедлив како прочуената казнена експедиција од почетокот на деведесетите!
 
Во овие две сезони кога заврши без пораз вардар газеше.Тоа беше оној правиот ШАМПИОНСКИ ВАРДАР
Мислам дека во таа 92/93 Вардар имаше дадено 114 гола(или повеќе) што е достигнување за респект
 
Во овие две сезони кога заврши без пораз вардар газеше.Тоа беше оној правиот ШАМПИОНСКИ ВАРДАР
Мислам дека во таа 92/93 Вардар имаше дадено 114 гола(или повеќе) што е достигнување за респект
Тука си негде. Постигнаа точно 119 гола! Еве како изгледаше табелата на крајот од првата сезона во Првата Лига од самостојна Македонија:
Tabela1992-93.jpg

И поединечна статистика на играчите за таа сезона од аналите:
Statistikaod1992-93.jpg

Обратете внимание на бомбардерот од Умин Дол, Саша Ќириќ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom