Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
А што ќе ми се тие познати фудбалски работници, кои што не ни мрднале со мал прст за да го спасат клубот од бездната која беше во последните пет години? Ако мислеше на таквите како Панчев или Најдоски, тие попрво би иделе да ја спасат Ѕвезда, отколку Вардар. Затоа, кој сака нека биде раководител на клубот, макар и некој што не бил некаков навивач на Вардар, битно е да гледаме резултати и да има напредок,а тоа моментално го има, без оглед на тоа што ти не го прифаќаш поради некои лични причини.
И нека собираат бе партиски поени, направија за клубот тоа што никој го нема направено последниве десет години. Не знам зашто тоа би ти сметало освен ако си од кај оние другите.
Па јас никаде децидно не ги спомнав нив двајца. Не се само тие. Има и други фудбалски работници што ја изградиле својата кариера во Вардар, кои од разно разни причини не добиле шанса да се искажат. Точно е дека одредени бивши фудбалери не се покажаа најсјајно надвор од теренот, ама не треба да значи дека на сите треба да им затворена вратата. Цел фудбалски свет се води по тој шаблон, само ние отстапуваме как.
На резултатски план има напредок, ама во поглед на организацијата тапкаме во место. Јас тоа многу убаво го гледам, а немам причина да не го прифаќам заради лични причини. Затоа што и никогаш сум ги немал кога е Вардар во прашање.
Во врска со партиите, можда сум од тие третите. Од кај знаеш?! Не е само црно и бело. Сепак не заборавај Боро Пиљарот, Миленко и Орце по чија заслуга добија можност да го уриваат клубот. Да не се праиме мутави со сила!
Мислам дека треба да престанете да мешате политика во клубот, зашто најпрво предлогот бил на оние другите, а на гласањето бил прифатен од сите, значи сите се за Вардар, и крај на муабетот.

Иначе тие фудбалски работници покажаа колку им значи Вардар, се прашувам колку пари дал Панчев за Вардар или некој од другите? Дај нека излезат јавно и нека кажат дека сакаат да помогнат, еве сега е АД па нека дадат некој денар, нека спонзорираат подготовки ако мислат дека ќе им ги крадат парите, и накрај, нека дојдат на некоја утакмица на Вардар...
Вложувањето пари и купувањето на акции е за бизнисмените. Бившите фудбалери се одговорни за спортскиот дел од мозаикот. Погрешно толкувате одредени работи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
Па јас никаде децидно не ги спомнав нив двајца. Не се само тие. Има и други фудбалски работници што ја изградиле својата кариера во Вардар, кои од разно разни причини не добиле шанса да се искажат. Точно е дека одредени бивши фудбалери не се покажаа најсјајно надвор од теренот, ама не треба да значи дека на сите треба да им затворена вратата. Цел фудбалски свет се води по тој шаблон, само ние отстапуваме как.
На резултатски план има напредок, ама во поглед на организацијата тапкаме во место. Јас тоа многу убаво го гледам, а немам причина да не го прифаќам заради лични причини. Затоа што и никогаш сум ги немал кога е Вардар во прашање.
Во врска со партиите, можда сум од тие третите. Од кај знаеш?! Не е само црно и бело. Сепак не заборавај Боро Пиљарот, Миленко и Орце по чија заслуга добија можност да го уриваат клубот. Да не се праиме мутави со сила!

Вложувањето пари и купувањето на акции е за бизнисмените. Бившите фудбалери се одговорни за спортскиот дел од мозаикот. Погрешно толкувате одредени работи.
Добро, од кај заклучи дека им се затворени вратите? Не мислиш дека после се што му се случуваше на Вардар внимателно ќе се работи?
Не сум скоро ич запознаен со внатрешните работи во клубот, но мислиш дека туку така е од тим што испаѓа да се донесе до ова ниво сега? Одеднаш да вклучиш 100 луѓе во работата во клуб кој е во хаос, има големи шанси да го донесеш во поголем хаос. Може не е некој релевантен пример, али ние за Фан Клуб што сакавме и формиравме пробавме со 14 луѓе, не успеавме, после 4-5 луѓе ја завршивме цела работа. Сакам да кажам, полесна е координацијата помеѓу помала група на луѓе, да, потешко е, но кога се повеќе доволно е 2-3ца да забушаваат и цела работа да се укочи...

Не ме сфаќај погрешно, не сум против носење на уште лица, се гледа дека се потребни, но како што кажа членот од управата, приоритет имале други работи, а додека не се средат одредени примарни работи, другите можат да почекаат. Се надевам дека во текот на летото ќе се ангажираат 2-3 такви лица кои имаат познанства со странските клубови и ќе го подобрат работењето на клубот и контактот со другите клубови.
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Нашата управа пропушти шанса да му даде некоја функција на Васовски.Би бил идеален за спортски директор,има големо познавање на фудбалот,со него би било многу полесно носењето на нови играчи,и се друго поврзано со фудбалот.

А кога се враќаат нашите од Анталија ?Нели требаше на 14 ?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087

Абе сега има луѓе кој што ја средуваат ситуацијата да дојде све на свое место одкога ќе се склопат коцките ќе почнат јас мислам и вакви потези да се прават па може Саша да се земе нешо како скаут он и сега тоа го работи мисалм дека ама има време за тоа а инак уза враќањето одложиле поради лошите услови тука ќе останеле до недела во Анталија.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Добро, од кај заклучи дека им се затворени вратите? Не мислиш дека после се што му се случуваше на Вардар внимателно ќе се работи?
Не сум скоро ич запознаен со внатрешните работи во клубот, но мислиш дека туку така е од тим што испаѓа да се донесе до ова ниво сега? Одеднаш да вклучиш 100 луѓе во работата во клуб кој е во хаос, има големи шанси да го донесеш во поголем хаос. Може не е некој релевантен пример, али ние за Фан Клуб што сакавме и формиравме пробавме со 14 луѓе, не успеавме, после 4-5 луѓе ја завршивме цела работа. Сакам да кажам, полесна е координацијата помеѓу помала група на луѓе, да, потешко е, но кога се повеќе доволно е 2-3ца да забушаваат и цела работа да се укочи...

Не ме сфаќај погрешно, не сум против носење на уште лица, се гледа дека се потребни, но како што кажа членот од управата, приоритет имале други работи, а додека не се средат одредени примарни работи, другите можат да почекаат. Се надевам дека во текот на летото ќе се ангажираат 2-3 такви лица кои имаат познанства со странските клубови и ќе го подобрат работењето на клубот и контактот со другите клубови.
Досега се обидов да објаснам и разјаснам неколку работи што се однесуваат на внатрешната организација на клубот, ама очигледно дека за некои работи да се сфатат треба подолго време.

Не можам да разберам зошто се појавува таков револт кон управата (а внимателно ги читам сите коментари), кога и од досегашните мои коментари а и од работата на управата на терен се гледа дека има резултати. Не треба никој да се занесува дека играчкиот дел е добар а работењето на управата не чини, туку напротив целата работа на управата е насочена кон остварување на спортски резултати, што по стабилизирањето на спортскиот дел ќе имаме време да се посветиме на се останато. На крај од краиштата без добра организација и структура нема да има ниту може да има резултати. Драго ми е што има луѓе што го разбираат тоа и фала на поддршката.

Вратата не е затворена спрема никого и додека не се постигне стабилност на клубот ќе се внимава и што ќе се работи и со кого ќе се работи. Можеби проблемот е што успеавме за кратко време да постигнеме голем успех па сега сите очекуваме и повеќе резултати и критикуваме за работи за кои е потребно подолго време. Многу е лесно да се критикува од страна без да се гледа долгорочно и стратегиски и да се бара се да биде веднаш и ако не е така да се бара влакно во јајцето.

Некој погоре спомна за градење на клуб требаат месеци, а јас ќе му одговорам дека се потребни години а не треба да се заборави дека превземавме еден пропаднат клуб со милионски долгови без играчи и без структура (и верни навивачи). И успеавме и да се освои есенска титула и да се регистрираме во Акционерско друштво и се окозивме од работа за средување на милион работи. За пример другиве клубови не се ни во зачеток а и организационо и финансиски се стабилни во континуитет со години (мислам на работнички и металург па и шкендија). Дури успеавме да ги пратиме на пристојни припреми во Анталија.

Колку во најава некои работи се привршуваат (гледаме да ги завршиме пред да почне сезоната), па ќе може да се посветиме на неколку работи меѓу кои е и маркетингот и продлабочување и интензивирање на соработката со навивачката група Комити и да замолам за трпение и разбирање од нивна страна. Особено приоритет ни е и оспособување на помошното игралиште кое во многу ќе придонесе за развивање на клубот. Не може се оддеднаш особено што сме врзани како што пишав претходно со законот за јавни набавки и целосна финансиска и организациона контрола.

ПС. Баталете политика и имајте повеќе доверба потребна ни е повеќе од било кога, а досега ниту е изневерена ниту ќе биде изневерена. А никој нека не се сомнева во љубовта кон Вардар од прв до последен во оваа постава на луѓе и ТРПЕНИЕ
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Вардар го продолжува престојот во Анталија до 19-ти февруари (недела) поради лошите временски услови во државава. Потег за поздравување!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.075
Поени од реакции
74.791
Скоро 100% мечевите со Тетекс и Металург ќе ги играме во Ѓорче :sick::facepalm:
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Скоро 100% мечевите со Тетекс и Металург ќе ги играме во Ѓорче :sick::facepalm:
Не 100, туку милион посто ќе ги играме во Ѓорче.
Ради времево не е мрдната работата на Градски, не се знае кога ќе се заврши, затоа и уште не е дефиниран датумот за пријателската со Динамо З.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Едно прашање до Скопјанец , гледам е доста инволвиран во работењето во клубот .
Што се случува со школота на Вардар ?
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Едно прашање до Скопјанец , гледам е доста инволвиран во работењето во клубот .
Што се случува со школота на Вардар ?
Почнуваме најскоро акција за промоција и уписи во младинската школа по училиштата во сите општини во Скопје. Инаку, имаше пред неколку месеци агенда за ова која се одложи заради регистрацијата во АД, која агенда беше дополнета со некои предлози и сугестии што ги имаше на овој форум. Не се сеќавам од кого точно беше, да му се заблагодарам за сугестиите што дел беа прифатени за начинот на рекламирање и слично.
Од тие причини брзаме да ги завршиме сите потребни процедури и со помошното игралиште за да личи и да се знае кај тренираат фудбалерите на Вардар од сите категории. Се надеваме дека ќе успееме во овој проект како еден од поголемите за оваа година
Точно е дека фудбалерите ќе останат во Анталија уште неколку дена заради што подобра подготовка, а датумот за со Динамо ќе биде определен кога ќе имаме конкретна временска рамка за завршување на стадионот. За секоја евентуална измена ќе бидете навремено известени
 
Добро, а ќе ни кажеш што се случува со ревијата предвидена за ФК Вардар? Нели веќе одамна требаше да биде готова?! Барем така најавивте. Гледам и на официјалната fb страна има луѓе што го поставуваат истото прашање, ама никој не ги удостоил со било каков одговор...
П.С. На линкот подоле би требало да има текстуален пренос од денешната пријателска со Молдавците. Утакмицата започнува од 15 часот:
http://www.milsami.md/ro/games/105/
 
Ф

Флеш

Гостин
Ej aj ako moze nekoj neka prikaze sliki od sostojbata na momentalniot teren na Filip II kako izgleda se razbira cist da e terenot bez sneg :D,dobro bi bilo video format da se prikaci blagodaram,bidejki od Zagreb pisuvam i nema sansi da go vidam kako izgleda :D , Fala (y)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Почнуваме најскоро акција за промоција и уписи во младинската школа по училиштата во сите општини во Скопје. Инаку, имаше пред неколку месеци агенда за ова која се одложи заради регистрацијата во АД, која агенда беше дополнета со некои предлози и сугестии што ги имаше на овој форум. Не се сеќавам од кого точно беше, да му се заблагодарам за сугестиите што дел беа прифатени за начинот на рекламирање и слично.
Од тие причини брзаме да ги завршиме сите потребни процедури и со помошното игралиште за да личи и да се знае кај тренираат фудбалерите на Вардар од сите категории. Се надеваме дека ќе успееме во овој проект како еден од поголемите за оваа година
Точно е дека фудбалерите ќе останат во Анталија уште неколку дена заради што подобра подготовка, а датумот за со Динамо ќе биде определен кога ќе имаме конкретна временска рамка за завршување на стадионот. За секоја евентуална измена ќе бидете навремено известени
Дали како управа мислите дека " стручниот тим " во младинските категории е кадарен ? Со оглед на тоа што младинците се 8 место а кадетите 11 .
За разлика од сега пред 3-4 години и години наназад младинците и кадетите беа цело време во врвот на првенството и купот и излегуваа играчи од школата а сега е очигледно дека нема ниту еден играч кој што може да премине во првиот тим на Вардар
 
Kajgana Shop

На врв Bottom