Направи сам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
150 евра ги начекав со попуст, сосе балансирање, алуминиумски штрафови, алуминиумски вентили и мутери ... во пнеуматик карши католичка, има промоција и на други бандажи што им се заостанати
 
Јеп 4 комада ганц нови, во цената се вклучени и врски преку газдата :icon_mrgr: по други места гледав некои јапонски ли вакви такви марки се беа околу 200-230 евра
 
Денес зедов да фарбам пластични делови од колата и по дадените инструкции изшмирглав па со прајмер пластик поминав и после бојата и на крај за заштита ставив безбоен лак. е проблемот е во тоа што кога го ставив лакот(откако се исуши бојата) некако ја смени нијансата на бојата. станува збор за металик сребрена боја која пред тоа сјаеше убаво баш сребрено, а одкако ставив лак стана сива? до бојата е нормално е тоа или нешто не е во ред?
 
или е многу ладно... ти текна тоа? лакот и бојата се на нитро база која се суши за контакт за околу 10 минути ама за целосно сушење се потребни 24 часа ама на миниму 25 степени целзиусови а пожелно е за подобро да стегне да биде нај малку 40 степени... затоа постојат комори за фарбање... со еден збор си ја утнал работата, ако си фарабл денес (незнам од кај си) ама скопје денес нај топло беше на пладне со -3 степени односно 3 под 0...
 
Луѓе ќе ве замолам за ваша помош.Имам шевролет спарк и деновиве приметив дека горе на кровот малку ми се изгребала бојата.,но и дека малку рѓосало(тоа корозијата ја имаше уште оддамна бидејќи колата е невозена подолго време.Како да го средам ова да не ми се познава.Дали да пробам со полирање и доколку би можело така би го замолил некој да ми помогне со каква паста да земам и на кој начин да го завршам тоа.Дали ќе ми завршат работа пастите кои ги има по супер маркетиве веро,тинекс итн.
 
Чим има рѓа невозможно е да се извади со полир паста. Најубаво е да се санира од страна на авто лакер со тоа што ке го спречи и ширењето на рѓата.
 
Па не станува збор за голема дамка.Мала точка е само.Голема како буквиве што ги пишуваме тука.:)И за неа ли мора да се посети лакер
 
Прво и основно, таа точка со полир НЕ ИЗЛЕГУВА, мора механички да се отстрани, т.е. иструга.
Кога ќе се иструга, секако до гол лим, тоа место сакал или не, ќе стане многукратно поголемо...
Е, сега, гол лим не се остава, мора да се заштити. Тоа би го направил со некоја основна боја, најефтина опција миниум.
Бидејќи неможе тоа да остане така, мора да се иструга малце и тоа со некој водобрусен П600 на пр. па да се излакира во боја на колата.
Кога ќе го направиш тоа, околу фарбаното ќе остане една магла од фини честички боја и ептен ќе се познава.
И, тука пак треба да игра водобрусен П2000 на пр, и цел дел да се исполира со некоја поштена полир паста за да се изедначат нијансите на бојата и да не се приметува.
Ако си способен да го изведеш тоа... повели :)

Има и поедноставна опција.
Застругај го местото со нешто онака, колку точката, земи на една чепкалка за уво топни боја... стави на местото и готово... и мирен си некое време, точка нема да има :)
 
точка ке има, ама нема да биде рѓава...

Во ред!Бидејќи сакам да биде добро средено,сепак ќе ја носам кај некои од фарбариве.Проблемот е доколку му треба повеќе време да го среди,а на мене колата ми треба постојано не знам колку ќе можам да ја оставам.Инаку бојата е бела и не е металик.Има ли тоа нешто врска и дали ќе биде добро ако јас ја фатам.Инаку не е работата колку пари ќе чини туку ако можам да избегнам да ја носам на мајстор.За бојата не ми е проблем.Ќе платам ако треба и поскапа.
 
направи како што ти рече Струмикс... земи сам стругни го местото и земи бела боја, со чепкалка за уши капни го, намачкај го местото и си го решол проблемот. ако сакаш да не двои многу, иди кај овие што прават боја за коли, по палета нека ти направи оригинална боја во нај мала количина што може. мислам дека тоа се 100 грама или така нешто. бојата посекако ке ти се најде за дупчиња од камчиња по хауба или браници...
 
Фала ви многу.Ќе пробам деновиве па ќе видам што сум сторил.
 
Или застругај го и земи со маркер за коли оној има од сонакс итн, само го покриваш делот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom