Кајгана собиранче, 11.02.2012 (сабота), кафе „Мистик“, 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
^ Ти брат ак не ме спомниш ќе си умрам анонимен. :icon_lol:

Шала на страна, мило ми беше шо се видов и помуабетив со кајганџии шо ги знам. Се запознав со неколку нови, мило ми е и за то. Другата собиранка ќе сум покомуникативен и помалце пијан. Писаут.
 
Их што ми е криво што не дојдов.
Ако сум нова, баш сакав да дојдам..:pipi:
 
Ако е црвената Ана Меркури (а е) тогаш која беше згодната плавуша до шанкот со другарка што стоеше :)?
Што не отиде да ја прашаш и да се запознаеш? :)

Многу срамежливи бе, барем 10 прашања добив на собиранката „Еј брат, која е оваа?“ и после ги гледаш само си стојат у место. Се исплашивте од никовите или? Само Стеф се запозна со сите девојчиња, на другите сТрам да им е.
 
Го запознав Правникот (тој убајот со брадата), по се изгледа и Таруно (ми се претстави ко претставник од државен инспекторат, па можи и зато седеше од другата сттрана на шанкот) и уште еден шо појма немам кој е ама беше смешен.

Комплиментите се убава ствар ако ги мисли човек, лошо е од лицемерие да се даваат, а јас за тебе сум целосно во право, ја молам машката популација на форумов да потврди :) Ме изненади твоето присуство, најпозитивно и гледај од сега да идеш почесто на собиранки...ако ти треба ПР тука сум. Патем и од кај ќе знаеше дека најубото дете на форумов се вика Правниче ако не вака :)
(правниче префрлај пари на сметка додека пишувам :icon_lol:)
 
А Таруно да ти бил од келнер до газда од шанкер до обезбедување во кафичот, Tarunoception,

(y)

Таруно (ми се претстави ко претставник од државен инспекторат, па можи и зато седеше од другата сттрана на шанкот)

Се начукав ептен, па затоа го држев шанкот да не падне. :)
 
Еј да, со Џиш и со Џимеј сакав не стигнав да си направма асален муабет ама за нареден пат ке го средиме и тоа:)
Со оние на Џ двата, треба богами... :) Еве, имате отворена покана, да ја посетите Битола. Кабадајското кафе, од мене е :)
 
Со оние на Џ двата, треба богами... :) Еве, имате отворена покана, да ја посетите Битола. Кабадајското кафе, од мене е :)

И јас идам, ако го пиеме во Данте...

;)
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 10:25 ---
Комплиментите се убава ствар ако ги мисли човек, лошо е од лицемерие да се даваат, а јас за тебе сум целосно во право, ја молам машката популација на форумов да потврди :)

Велат дека една слика вреди колку илјада зборови...

So?
 
Велат дека една слика вреди колку илјада зборови...

So?

Не би било фер да ставам слика од девојчето, а од тебе како главно жири за оценка на убавина на темава да нема слика, нели. И, да очекуваме?
 
Не би било фер да ставам слика од девојчето, а од тебе како главно жири за оценка на убавина на темава да нема слика, нели. И, да очекуваме?

Па кај се видело жирито да биде оценувано???

:)

Плус, ти си една деценија на форумот, џомба, и сеуште мрчиш ако некој се обиде да стави твоја слика, јас сум гуштер овде, ниту една година немам стаж...

;)
 
Не видов ни една плавуша кај шанкот а веќе двајца пишаа?
Това од форум некоја, или сте се збуниле со шанкерката?
 
Со оние на Џ двата, треба богами... :) Еве, имате отворена покана, да ја посетите Битола. Кабадајското кафе, од мене е :)
криво ми е што не дојдов, ама ако случајно се берите битола, башка муфте каве, е тоа е веќе злосторство против човештвото ако не дојдам.
сам си се поканив , ако ???
 
...
Мали недостатоци, да се идентификуе Крусер пошо не го упознав.

Како не, јас бев тој типот со којшто се поздрави на минување покрај средишната маса (кајшто имаше гужва од двете страни). Муабетот беше:
Јас: „Здраво, јас сум Крусер. Ти кој си?“
Ти: „Саладин.“
Јас: „А, да, така ти рече“
и потоа ти си замина со пијачката во рака :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom