Палеонтологијата покажува дека земјата претрпела 5 глобални катастрофи. Секоја од нив оставила фосили кои се недвосмислен доказ за редиверзификацијата (повторното разгранување на дрвото на животот) на Земјата.
Недвосмислен доказ за редиверзификација? Фосилите, во недостиг на преодни форми, се недвосмислен доказ дека животните не преоѓале од вид во вид, туку од секогаш си постоеле во рамките на својот вид. Доказот дека фосилите не пратат една континуирана низа од преодни форми не доаѓа само од истражувањата на креационистите, туку и од еволуционистите. Имено, првиот што го забележа тоа беше основоположникот на еволуцијата - Дарвин. По него сите чесни и искрени еволуционисти го признаваа тоа кога беа соочени со фактографијата на фосилите. Секако, нивните креативни и уметнички мозоци не дозволија да се поткопа догмата на еволуционистите (дека животот едноставно би морало така да настане, бидејќи нема шанси Бог да го создал), па затоа измислија нови уметнички режии како да ги толкуваат фосилите за да ги прерипаат непремостливите провалии меѓу фосилите.
Еден од тие докази го дава и еволуционистот што нема никогаш да престанам да го цитирам. Човекот кој согледувајќи ги овие провалии меѓу фосилите беше приморан да измисли нова режија за тоа како животните видови рипале од еден во друг вид, хипотезата позната како „прекината рамнотежа“.
Stephen Jay Gould (1967-2002), професор по геологија на Хравард (воедно и повремен професор по биологија во New York University), претседател на палеонтолошкото друштво (1985–1986) и друштвото за проучување на еволуцијата (1990–1991), член на националната академија на науките, значи еден од најголемите авторитети во областа на еволуцијата го напишал следново:
"The
absence of fossil evidence for intermediary stages between major transitions in the organic design, indeed our inability,
even in our imagination, to construct functional intermediates in many cases,
has been a persistent and nagging problem for gradualistic accounts of evolution."
(Stephen Gould, "Is a New and General Theory of Evolution Emerging?", Paleobiology, Vol. 6, No. 1 [January 1980], p. 127.)
"The
extreme rarity of transitional forms in the fossil record persists as the trade secret of paleontology. The evolutionary trees that adorn our textbooks have data
only at the tips and nodes of their branches: the rest is inference, however reasonable,
not the evidence of the fossils."
(Stephen Gould, "Evolution's Erratic Pace", Natural History, Vol. 86, No. 5 [May 1977], pp. 13-14.)
Со други зборови Гоулд кажува дека конструирањето на денешното филогенетско дрво е еквивалентно на конструирањето на созѕвездијата на вечерното небо. На некој тоа му личи на голема и мала мечка, на некој кој од друг агол ги гледа тие ѕвезди му личи на голема и мала кола или приколка
Како и да е, ексклузивноста на интерпретацијата не е својствена за научниот метод. Фосилите сами по себе, без присуство на уметници со бујна фантазија, сведочат дека биле создадени секој во рамките на својот вид и дека немало преоѓање од еден во друг вид. Тоа се досегашните факти во науката. Се друго е догма, фантазија, режија, уметност, парада на мајмуни, измами и фалсификати, ноторно повторување на разобличени лаги итн.
Мислам дека нема да може 9-ка без да го прифатиш создавањето на нови видови. То ти је
Кога врбата ќе роди грозје (значи кога ќе создаде нов вид), тогаш и јас ќе се пишам не 9ка, туку 10ка. Се додека создавањето на новите видови е во рамките на научната фантастика, реалната оценка е чиста 0 (нула) .