Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Луѓето овде во Македонија почнаа да се мразат заради овие два клуба, па не сакам да замислам како е во Шпанија. Пред некоја недела за Ел Класикото што беше на Ноу Камп, каде што бев излезен имаше тепачка околу утакмицата :tapp:. Ова треба да е спорт луѓе, треба да се дружиме преку него, а не да се тепаме. Овде навивачите на Реал пишуваат, од Барса фановите се вакви, такви, овие другиве им враќаат со иста мера, провокации фрчат на сите страни, некои другари се однесуваат поинаку спрема мене заради ова глупо ривалство. Многу лошо е ова, па вие што сакате кажете. Изгубивме и сега што? Не ни зависи животот од ова, гледајте си го факултетот, училиштето, вработете се, најдете некоја добра девојка, ова е само нешто што треба да го гледаме за забава.
Come out of the closet bro.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.649
Поени од реакции
22.722
Оштетени, не оштетени, мизерни, одлични, какви и да биле, јас уште пред некое време се помирив со Ла Лига. Ај до крај нека ја изиграат ради реда Барса, Реал и без овој кикс на Барса ќе беше шампион, така да воопшто не ми значеше поразот.
--- надополнето: 11 февруари 2012 во 23:05 ---
Меси не е оној истиот без Чави и Иниеста зад него и тоа уште еднаш се докажа!
:pos: Да, да. 100% е тоа причината. Прво изгледај повеќе натпревари па после кажувај. Меси во последните натпревари, и со Чави и Иниеста зад него, пред него, до него, над него, не е истиот Меси кој сите го знаеме. Која е точната причина за овие негови слаби партии не знаеме, ама со сигурност тоа не е затоа што ги немал Чави и Иниеста зад него. :pos:
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Незнам, изброј колку има Барса па кажи ми. Незнам што е финтата сега, имаме повеќе официјални трофеи од вас. Какви се такви, повеќе се.
Финтаа? Ке го прашаш Ел Нињо ке ти објасни, он беше по финтите.:icon_lol:



А иначе што се секирате бе, еве ке се повторам: А шо, Реал да не ке тепа све до крај ?:eek:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Факт е дека Барса ја освојуваше примера 4 пати по ред (мислам) и 2 пати ЛШ во последниве години,
Мислам дека играчите се презаситени, ја нема таа желба, Пеп исто е заситен, бара нови предизвици, затоа и оваа сезона постојано прави некои експеримети со тимот, Реал и Мурињо се многу погладни за титули и тоа се гледа.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
@Betmen

Да не те цитирам у целост само да ти кажам дека човековото око никогаш нема да е заситено, како за нас така и за сите играчи, кој нормално и тие се од крв и месо. Верувам добро си запознаен со таа реченица, така да примени ја баш како реплика на твојот пост.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Знам што е причината за Меси, дрогите што ги користеше му ги украл Џереми Лин...
истото сакав да го пишам :)
Факт е дека Барса ја освојуваше примера 4 пати по ред (мислам) и 2 пати ЛШ во последниве години,
Мислам дека играчите се презаситени, ја нема таа желба, Пеп исто е заситен, бара нови предизвици, затоа и оваа сезона постојано прави некои експеримети со тимот, Реал и Мурињо се многу погладни за титули и тоа се гледа.
Друже 3 пати по ред Барса ја освојуваше, не 4.

И да не речете нешто, Мадриѓани честито Ла Лига, последна да ви биде <3
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Во ред е тоа, во право си за ненаситноста на човекот, но мое мислење е дека желбата на Реал е за титула во Примера е многу поголема, и тоа е логично, клуб со статусот на Реал чека предолго за таа титула, особено со човек како Мурињо во клубот.

Iceboy ме поправи, три пати биле, не четири.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom