Некој збор за М. Гушев?
Ќе ми предава Архитектури на компјутери семестаров.
Типот е ѕвер. Опуштен, смирен, разбран, знае кога да се нашали, не сум го видел нерасположен на предавања...
Доста влијателен човек во Македонија во неговата област. Директор на Сиско за земјава, за Мајкрософт академијата исто мислам. Пола предмети на ИИ на ПМФ ги држеше он.
А за предметов, ако е истиот од ПМФ преземен, имаш клик тестови,т.е. етест, нешо као теоретски дел, и логички кола као некој си практичен дел од колоквиумот како шо се секавам од пред две години.
Теоријата, т.е. прашањата се учат од книга, во која има милион прашања... незнам точно, али стварно многу беа, некои си 500-600-700 сигурно... И си има некои си 100-200 прашања за секоја тема, ги учиш сите и немаш гајле.
Конструирањето на логичките кола беше најзаебано, најчесто паѓаа луѓе на тој дел и на тоа треба да си обрнеш најмногу внимание.
А да, и практикум треба(ше) да се купи, и на крај на семестар го носиш пополнет цел за потпис.