Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Зошто кога веќе се прави ова онлајн се трча по потписи и за во индекс? :tapp: Дај нека се решат за едно, не е само во образованието ова што го прават и со папири и онлајн, претерано глупо е.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Зошто кога веќе се прави ова онлајн се трча по потписи и за во индекс? :tapp: Дај нека се решат за едно, не е само во образованието ова што го прават и со папири и онлајн, претерано глупо е.
дива лига е...срамота
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Ќе презапише предмет, поради тоа што не може да полага без потпис, а од следната година ќе треба да плаќа по илјада денари од потпис, доколку и' фалат. Ова веќе важеше на ФЕИТ, ама на ФИНКИ само оваа година божем пуштаат без да дадеш илјадарка, да завериш семестар.

За да го им поедностават животот на тие што работат во студентски. Звучи глупо? Епа глупо е. Ни јас не можам да заверам семестар, пошто два потписи ми фалат според е-досието, а во индекс ги имам потписите. Иста ситуација.
А ако во апликацијата ми е све ок а ги немам у индекс што станува тогаш?
Пошто сеа проверив по два предмети немам земено уште потпис а во апликацијата се штиклирани.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Томче Делев за асистент ми се падна визуелно. Слушам многу народ се жали од него, многу тешки задачи давал на колоквиум. Вистина или муабети?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Колеги, да не знае некој дали може да се запишат изборни предмети од Феит што не се на Ики?
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Томче Делев за асистент ми се падна визуелно. Слушам многу народ се жали од него, многу тешки задачи давал на колоквиум. Вистина или муабети?
Не се тешки задачите како задачи, ама малку чудно ги поставува, па на крај никој не знае што треба да се прави во задачата. Ама затоа ќе му досадувате, ќе го прашувате да ви објасни што се бара од вас да направите и тоа е тоа - кој учи поминува. :)
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
296
Поени од реакции
253
Томче Делев за асистент ми се падна визуелно. Слушам многу народ се жали од него, многу тешки задачи давал на колоквиум. Вистина или муабети?
Добар е Томче. (y) Сепак не е Таличен Том ако мислите дека лесно ќе ве пушта да положите.:pos: Во принцип не дава многу тешки задачи, туку задачи со кои ќе ве провери дали сте го совладале материјалот. Само учи ги задачите од аудиториските вежби и изработувај ги лабораториските вежби и ќе немаш гајле. ;) Втор колоквиум е тешко ср*ње според мене, затоа што се работи графика, т.е. се програмира графика. :) Ќе цртате линии, триаголници, кругови и сл. и све тоа преку програмки код. Ах, отсекогаш сум мразел тоа. Ваљда и затоа не положив со повисока оценка, ама не ме гајле битно положен ми е. ;) Поздрав и среќно визуелно програмирање. :D
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Некој збор за М. Гушев?
Ќе ми предава Архитектури на компјутери семестаров.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Некој збор за М. Гушев?
Ќе ми предава Архитектури на компјутери семестаров.
Типот е ѕвер. Опуштен, смирен, разбран, знае кога да се нашали, не сум го видел нерасположен на предавања...
Доста влијателен човек во Македонија во неговата област. Директор на Сиско за земјава, за Мајкрософт академијата исто мислам. Пола предмети на ИИ на ПМФ ги држеше он.

А за предметов, ако е истиот од ПМФ преземен, имаш клик тестови,т.е. етест, нешо као теоретски дел, и логички кола као некој си практичен дел од колоквиумот како шо се секавам од пред две години.
Теоријата, т.е. прашањата се учат од книга, во која има милион прашања... незнам точно, али стварно многу беа, некои си 500-600-700 сигурно... И си има некои си 100-200 прашања за секоја тема, ги учиш сите и немаш гајле.
Конструирањето на логичките кола беше најзаебано, најчесто паѓаа луѓе на тој дел и на тоа треба да си обрнеш најмногу внимание.
А да, и практикум треба(ше) да се купи, и на крај на семестар го носиш пополнет цел за потпис.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Некој збор за М. Гушев?
Ќе ми предава Архитектури на компјутери семестаров.
Гушев за мене е најдобриот(во квалитет на предавање ) професор на ПМФ, како што кажаа претходно смирен човек, кој знае ептен добро да објасни со секојдневни примери.
И за мене НАЈвлијателниот во неговата област.
Колку има допринесено во ИТ развојот на општеството во Македонија, доколку другите на негова возраст и помлади 20% од тоа што тој има допринесено да допринесат ќе бидеме ептен ИТ земја :icon_lol:
Од него не очекувај да ти попушти за оцена или потпис затоа што не се замара со тоа, асистентите за тоа одлучуваат тој ги потпишува. Практикум ако накрај семестар неможеш да најдеш пополнет пиши ќе се најдеме некако на технолошки ќе ти го позајмам мојот сеуште го чувам да препишеш. Мора да го купиш како што знам, 900 денари е.
Прашања се околу 1 000, 4 клик тест, 2 колоквиума, 1 писмен колоквиум цртање на логички кола, не е тежок доколку го чистиш на колоквиуми зашто потоа даваат се потешки и потешки логички кола за цртање.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Фала ви за исцрпните одговори, колеги. :)
Ќе се потрудам да се отарасам од предметот преку колоквиуми.
@Провинцијалец, ќе те имам на ум ако ми притреба такво нешто, фала ти. :)
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Што направија овие од ФИНКИ со онлајн библиотеката што толку ја ветуваа лани? И они ко политичките партии да не се, јаки на зборови само!?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Што направија овие од ФИНКИ со онлајн библиотеката што толку ја ветуваа лани? И они ко политичките партии да не се, јаки на зборови само!?
Онлајн библиотека? Кога го спомнале тоа?
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Онлајн библиотека? Кога го спомнале тоа?
My bad. Сепак била компјутеризирана библиотека, ама ништо и од тоа. Уште ја користат истата што беше на МФС/ФЕИТ, a од таму кога и да побарам книга не ми ја даваат на повеќе од 3-4 дена бидејќи книгата наводно била наменета за студенти од машински, не смееле да ја даваат на ФИНКИ-јаши.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom