Преспивање кај девојката

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување

И вие така?


  • Вкупно гласачи
    60
Има разлика.. алергичен сум на родители. :icon_lol:
Престанав да одам кај комшии кога започнав врска со ќерка им еднаш, не пак кај некои кои тек треба да ги упознавам.

Инаку во долга врска сум, па на рака се бројат колку пати сум бил на гости.. никогаш не би јас, преспал that is.
 
кај девојката имам преспано еднаш или 2 пати у теков на овие 4 години врска. знам еднаш требаше да одиме рабо посабајле некаде дали на одмор дали незнам шо беше и муабетот беше да не одам до дома за 2 3 саата па да доаѓам па преспав кај неа. вториот пат нешо слична дешавка беше а инаку срам ми е да спиам кај неа дефинитивно. а да ја натерам да спие кај мене - боже сачувај нема теоретски шанси! светот нека се преврти несака да спие кај мене па шо сака нека биде а неможам да и се вдам надвор ладно вака така зашо сме на растојание од 2 километра :)
 
Тамам работа... мора да се има стил. Единствено може околу 4 да им влеташ в соба и да побараш цигара.... ова твоево е чиста некултура, кај си им пошол дома, уште и мангуп ќе се праиш :)
И знајш она запознавање вечерта кафе муабет, татко и те понудува со ракија, вино, пиво ти: не фала не пијам (а и стварно не ти се пиет во моментот, а во спротивно кога си се запознал со ќеркаму си бил дамла пијан и секое излегување со неа си мортус, а пред да одиш кај нејзините си фрлил 2-3 ракии да ја разбиеш тремата), цигаре те нуди и како ај демек ке запалам едно уз кафево ( демек ретко пушам само ради друштво, а уствари 2 кути во денот пепел ги правиш), те прашуват учиш, работиш...? Одговор: Па да работам, а завршив факултет(фалење) и сега почнуваш( сите твои идеи некогаш што ти дошле на памет му ги кажуваш како демек просперитетен дечко амбициозен а знаеш подсвесно дека никогаш 80% од тие нема да ги реализираш- керќати со мене зима не гледа), а тој од таму си мисли - брее овај фалење уште малце ке помислам дека ваково дете не постои. На секоја понуда одговараш ( не благодарам, да ќе ве молам благодарам, многу убаво кафето делиш комлименти за кафето на мајка и како прв пат да си пиел толку убаво кафе) секако дека ова не го правиш толку претерано во ниедна друга ситуација освен оваа.
Користиш интернационализми, филозофски фрази во секоја реченица( демек јас сум интелегентен и начитан дечко кој има голем вокабулар) а со керќаму дрти речник во секој разговор, вулгаризми, селски комични фрази. Ти кажува виц татко и да те опушти малку, ти колку и да е смешен или не смешен вицот се засмејуваш природно и прибрано ( ако е глупав или го знаеш ради чиста култура се смееш, а ако е ептен смешен, одвај чекаш сите да се изнасмејат за да им се придружиш, во спротивно се воздржуваш и уз сецкање се подсмејуваш и си викаш- приберисе страмота е). Во секоја тема на муабет политичка, спорска и слично го подржуваш неговиот став (да да секако во право сте се сложувам, потпослно ве разбирам, секоја чест за вашето мислење), а да би праел со другарите ваков муабет би се контрал и инаетел и никој не смее да ти го докаже спротивното, ако треба факти и аргументи од познаникот што работи во архива ќе бараш само да докажеш дека е по твое со што ке го исполни твојот карактер.
Значи целта е дојдов јас сега да се претставам во најубаво светло пред вас, немам никакви пороци не сум се коцкал од игри само шах, табла (а тексас холдем метиш со другарите, хант на бројче чак пат рулет во казино) , не пијам- многу ретко (само чекаш повод за пиење), пушам само по малку (да си пиев кафе дома до сега 3тото ќе го имав изгаснато а овде ни едно немам запалено), дрога не благодарам (си пушиш трева со другарите, а за посебни журки би зел амфетамин, екстази, бело), што и да ме прашате ќе ви го одговорам најкомпетентниот одговор што сакате да го слушнете без разлика колку е лажно, а јас ништо нема да ве прашувам, само ќе си седам и ќе одговарам на секое ваше прашање.
 
Аха одма можи во Шкотска живееме и Кејт Винслет малолетна е во Trainspotting, а ти стануваш рано насабајле на поручек со нејзините :icon_lol:, тешки филмови тешки :icon_lol:.


Толеранција...:)
 
многу детали, друже... изгледа како да знаеш навистина за што зборуваш овде :)
 
Имам врска 3 години и обожавам да си поспијам со неа. Секако, условите дозволуваат спиење до 5:30, за да не и мрсат нејзините.:rolleyes:

Иако 90% од спиењата беа кај мене, може да се каже дека едно 10 пати сум преспал кај неа, али не подоцна од 5:30.
 
Имам врска 3 години и обожавам да си поспијам со неа. Секако, условите дозволуваат спиење до 5:30, за да не и мрсат нејзините.:rolleyes:

Иако 90% од спиењата беа кај мене, може да се каже дека едно 10 пати сум преспал кај неа, али не подоцна од 5:30.

Тврда ти душа ... :)
Живот тежок младалачки :icon_lol:
 
Па добро, не се ни надевам на повеќе.:)

Али, секако има скок на адреналин сабајле кога излегувам од кај неа.:D
 
Зашто бре некој би спиел кај девојка му, па да се врти, да кашла, да грчи, да прди кој е будала да се замара со такви работи, абе златен кревет дома сам на раат да си отспиеш. :LOL:
 
Не дека има нешто лошо во преспивањето, напротив, убаво е кога ќе се разбудиш покрај личноста која ја сакаш, но тоа преспивање не треба да зачести.Ако двајцата толку не можат еден без друг, нека си купат стан па нека спијат заедно.
Е сеа, доколку не се во можност за таа варијанта, ондак не треба да кукаат туку да го користат секој можен момент за да се заедно, што не мора под дифолт да биде спиење т.е.преспивање кај девојката или дечкото.Истото можат да го направат и преку ден(секако кога родителите не се дома).
Барем за мене, доволно било и саат-два попладне да поспиеме заедно и потоа да си продолжиме со обврските.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom