1. Ти негираше дека е можна еволуција од едноклеточен во повеќеклеточен организам. Експериментот е доказ дека си погрешил. Ништо повеќе!
2. Еднклеточниот квасец има 6.607 гени. Бројот на гени во новиот повеќеклеточен организам не е испитуван. Кога ќе го одредат, ветувам дека ти ќе бидеш првиот што ќе го известам. Пред да почнеш со она „ама додека не се види дека се разликуваат гените, не може да се тврди со 100% точност дека тоа е нов вид“, да знаеш дека и пред да биде измислена генетиката постоеле јасни показатели што е тоа нов вид.
3. Ти до пред некој ден не прифаќаше дека е можна еволуција од едноклеточен во повеќеклеточен организам, ама сакал-нејќел и тоа го прифати. Сега само треба да ти се разјасни како од повеќеклеточен квасец се добива гуштер.
Добро е, има напредок, има шанси да биде нешто од тебе. Ќе работам на случајов...
4. Не мораш да замислуваш бранче - оди до првата бара и види си со свои очи, без замислување.
Во лабораторија не мора да се симулираат сите каузални односи, туку само оние што се потребни за експериментот да успее. Во конкретниот случај: квасец, вода, шеќер, ветар (за бранчиња), температура во широк распон од 18 до 50 степени. И да погрешиш нешто малку во рецептот, пак исто ќе излезе. Не ми веруваш? Прашај ја баба ти (мајка ти). Мерките (колку брашно, вода, квасец,...) никогаш не и' се егзактно исти, ама сигурен сум питата секогаш добро и' испаѓа.
1. Јас не негирав. Не е мој стил да тврдам апсолутни работи. Јас велам дека е речиси неверојатно, поради еден куп причини. Експериментот НЕ Е ДОКАЗ ДЕКА ЈАС СУМ ПОГРЕШИЛ, туку ДОКОЛКУ ГО ПРИФАТАМ ЗА ТОЧЕН само ќе ја намали минорно мојата сомичавост околу еден минорен дел од ТЕ. НИШТО ПОВЕЌЕ.
2. Па не знам дали не ебитно. Реков јас не сум генетичар по професија, ниту биолог. Се обидувам со здраворазумски факти и логички следства да дојдам до некој теоретизиран заклучок. Ако дискутираш со мене и се обидуваш д ами укажеш на точноста на експериментот тогаш истиот тој би требало да ги задоволи и овие мои прашања, освен ако немаш друг начин да го покажеш тоа.
Ќе видиме колку гени има новиот организам, ќе го видиме неговиот геном, ќе ги видиме разликите итн.....
Ќе видиме колку тој нов организам понатака е успешен во правењето следни генерации надвор од лабораторијата итн..
Но и на крај да заклучиме дека експериментот навистина создал НОВ ВИД по пат на еволуција, што со тој заклучок понатаму?
Воопшто не беше целта да се покаже колку и како е точен, туку неговот користење во твојата генерализација.
Ево не се труди повеќе да ми укажуваш дека навистина имало НОВ ВИД за 60 дена. Батали (бидејќи ќе има непотребна дискусија за нешто што можеби нема да ме убеди), ќе го земеме како точен факт.
Искористи го овој заклучок во некој апокорисна смисла во корист на еволуцијата. Можеш ли?
Аман у секој пост истово се обидувам по 100 пути.
3. Какво црно добро
Јас не гледам ништо добро.
4. Потруди се барем да имаш логички метафори кои држат вода.
Дали тоа што е наведено во експериментот се случува и дефакто во природата?
Дали ако ја следиш баричката у твојот двор за 60 дена ќе го добиеш истото тоа со пивскиот квасец?
п.с Изведениот теоретски заклучок од овој експеримент лесно и тоа со користење на едноставни итерации ФРАКТАЛИ ќе може да биде симулиран на некоја повисока форма.
Јас не знам сеуште дека го можат тоа, токму поради неможноста да извадиш добар материјал од ваквите експерименти.